fbpx
Таг: Кина

таг: Кина

Груевски се сретна со премиерот на Кина, Кечијанг Ли

Премиерот Никола Груевски денеска во Пекинг се сретна со премиерот на Народна Република Кина, Кечијанг Ли. На средбата соговорниците го поздравија позитивниот развој на односите меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, кои се одликуваат со пријателство, заемно разбирање и со меѓусебна поддршка. Соговорниците ги истакнаа и економските односи, кои бележат нагорен тренд и позитивен развој. Груевски посочи дека Македонија ја...

Македонска бизнис-делегација на Економскo-трговски форум во Кина

Делегација на бизнисмени, предводени од претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, учествуваат на 5. Економскo-трговски форум на Кина и на земјите од Централна и од Источна Европа (ЦИЕ), кој се одржува во Суџоу, Кина. Повеќе од 1.000 претставници на компании од Кина и од 16 земји од ЦИЕ, премиери, државни владини претставници, делегации на највисоко ниво,...

Премиерот Груевски во посета на Кина

Премиерот Никола Груевски заедно со владина делегација, во чиј состав се вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и заменик-министерот за економија, Христијан Делев, се во неколкудневна посета на Народна Република Кина. Претседателот на македонската влада ќе учествува на 4. Самит на шефови на влади на земјите на Централно-источна Европа и НР Кина (16+1)...

Кина купи 24 руски борбени авиони „су-35“

Кина потпиша договор со Русија за купување 24 борбени авиони, ловци од типот „сухој су-35“, соопшти директорот на руската државна команија за извоз на оружје „Ростек“, Сергеј Чемезов. - Со договорот, Кина стана прв странски купувач на воениот авион „су-35“- изјави Чемезов за весникот „Комерсант“. Досега Русија беше единствената земја што го имала овој тип повеќенаменски борбен авион.

Новиот електромоторен воз тргна за Велес

Премиерот Никола Груевски денеска свечено го пушти во употреба првиот нов електромоторен воз на „Македонски железници“, набавен од Кина. По промоцијата на скопската Железничка станица, возот се упати кон Велес, а во него се возеа премиерот Груевски, владини министри и медиумски екипи. - Денеска е историски ден за македонскиот железнички транспорт. Помината е цела една историја во која никој не се погрижил...

САД го поздравија состанокот на лидерите на Кина и на Тајван

САД го поздравија историскиот состанок на претседателите на Тајван и на Кина, Ма Јинг-џеу и Кси Џинпинг, и ги повикаа двете страни и понатаму да работат на смирување на тензиите и на промовирање стабилност во регионот. - САД го поздравуваат состанокот на двајцата лидери и подобрувањето на односите помеѓу Кина и Тајван – изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, кој...

Историска средба на претседателите на Кина и на Тајван

Тајванскиот и кинескиот претседател, Ма Јинг-џеу и Кси Џинпинг, во Сингапур остварија историска средба по 65 години протести и обиди на демонстрантите да влезат во тајванскиот парламент. Разговорите на претседателите ќе бидат фокусирани на односите помеѓу двете земји, кои се многу затегнати. Кина тврди дека има суверенитет над Тајван од 1949 година, кога националистичката влада избегала на островот по поразот од...

Кина побара членство во ЕБРД

Кина поднесе апликација за членство во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), изјави денеска главниот економист на ЕБРД, Ханс Петер Ланкес, јавуваат светските агенции. Според Ланкес, се очекува до средината на декември да биде донесена одлука по барањето на Кина. Тој посочува дека ЕБРД е многу активна во Централна Азија, Југоисточна Европа, Кавказот, односно подрачја во кои во последните неколку...

Кина го промовираше првиот патнички авион

Вчера во Шангај беше претставен првиот голем кинески патнички авион, „C919“, кој може да превезува 168 патници. На големото претставување, пред околу 4.000 официјални и високи државни претставници, пред јавноста беше презентиран првиот кинески патнички авион. Кинескиот „С919“ е замислен како вистински конкурент на „ербас А320“ и на „боинг 737“, кој може да превезува 168 патници на  лет долг 5.555 километри. Овој...

Кина: Засега останува политиката за едно дете

Кина мора да продолжи да ја спроведува политиката на едно дете додека да стапат на сила новите правила што им дозволуваат на двојките да имаат две деца, порача кинеската државна комисија за национално здравје и за семејно планирање. Владејачката Комунистичка партија минатата недела порача дека Пекинг ќе ја ублажи својата неколкудецениска политика на едно дете. Планот за промената мора да го одобри...

Кина ја укинува политиката едно дете по семејство

Кинеската комунистичка партија објави дека ја напушта политиката едно дете по семејство. Властите сега ќе ги убедуваат двојките дека може да имаат две деца. Кина во 1978 година воведе политиката на едно дете, а жените што ќе се оглушеа на законот беа стерилизирани. Кина е најголемата земја во светот по број на жители, со 1,37 милијарда жители.

Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо во најскапата реклама за казино

Холивудските легенди Мартин Скорсезе, Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо во вторникот вечерта беа најславните личности што присуствуваа на отворање на казино во Макао, каде што презентираа 15-минутен краток филм што медиумите го нарекоа најскапата реклама во историјата, пренесе „Денар.мк“. Во филмот „Аудиција“, што го режираше Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо се натпреваруваат за иста улога, а во...

Комунистичката партија на Кина на членовите им забрани членство во голф-клубови

Кинеската комунистичка партија на своите членови им забрани да членуваат во голф-клубови, како дел од последните измени на партиските правила за дисциплина. На членовите на Комунистичката партија на Кина, чиј број изнесува околу 88 милиони лица, исто така формално им се забрануваат луксузни јадења и пијалаци и злоупореба на моќта, пренесува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на новинската агенција „Ксинхуа“. Инаку, Кина спроведува...

Кина: Девет исчезнати во експлозија во фабрика

Девет лица денеска исчезнаа, а две се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви на истокот на Кина, јавуваат државните медиуми. Детонацијата се случила во фабрика на хемиската корпорација „Шандонг Тијанбао“ во провинцијата Шандонг, во округот Пинги, наведува агенцијата „Ксинхуа“. Фабриката произведувала експлозивни материјали за цивилна употреба. Агенцијата наведува дека истрагата за причината за експлозијата е во тек. Во серија детонации во...

Кинескиот претседател во историска посета на Велика Британија

Кинескиот претседател Кси Ѓинпинг денеска стигна во Бакингемската палата во кралски стил – во златна кочија која ја влечеле бели коњи. Додека со кочијата минувал низ улиците на Лондон, заедно со кралицата Елизабета Втора, имало лица кои предупредувале на состојбата на луѓето во Кина. Сепак, имало повеќе кои биле собрани да му посакаат добредојде со извици „Кина„, Кина“, надгласувајќи ги противниците. https://www.youtube.com/watch?v=JcDYJZsIthk

Кина: 17 загинати во експлозија во ресторан

Седумнаесет лица загинаа во експлозија на гас во ресторан во источниот кинески град Вуху, јавија локалните власти. Експлозијата, која одекнала денеска, предизвикала пожар во малиот ресторан во квартот Џинџу. Вуху се наоѓа во источната кинеска провинција Анхуи.

Кина: 19 загинати и 223 повредени во тајфунот Муџигеј

Деветнаесет лица загинаа, а 223 се повредени во тајфунот Муџигеј, кој во текот на викендов го погоди јужниот дел на Кина, јави државната новинска агенција „Синхуа“. Тајфунот Муџигеј ги погоди југоисточната кинеска покраина Гуангдунг и соседната автономна област Гауангси, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со електрична енергија, прекин на железничкиот сообраќај и откажување на бројни летови. Неколку десетини илјади лица се евакуирани, а...

Нова експлозија во Кина

Кинеските власти покренаа истрага за најновата експлозија во провинцијата Гуанси, еден ден откако во серија експлозии на поштенски пакети загинаа седум лица. Експлозија утринава одекна и во станбена зграда во градот Лијужум, јавија државните медиуми. Причината за експлозијата не е позната и засега нема информации за жртви. Полицијата уапсила осомничен за 17 експлозии, за кој се сомнева дека ги испратил поштенските пакети. Не...

Кина: Серија напади со поштенски пратки

Најмалку три лица загинаа денеска во серија експлозии на бомби во поштенски пакети во југозападниот кинески град Лијузу, јави државната кинеска телевизија. На видеоснимките се прикажани разрушени згради, облаци од чад и улици полни со урнатини. Полицијата не соопшти кој е осомничен за нападите во провинцијата Гуангси, во кои се повредени 13 лица. Бомбите пристигнале во пакети на 13 локации, од болници,...

Кина се приклучува во војната против ИД

Кина исто така се приклучи во борбата против Исламска држава, и тоа со праќање свои воени советници, јавува „Раша тудеј“. - Кинезите ќе пристигнат во следните недели – рече сирискиот воен претставник за либанскиот портал „Ал Масдар ал-Араби“. Истите извори тврдат дека на пат кон Сирија е и кинески воен брод со десетици воени советници, кои, наводно, ќе бидат придружени и...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...