fbpx
Таг: Кина

таг: Кина

Дваесет и двајца загинати при уривање на четири згради во Кина

Најмалку 22 лица загинаа откако четири петкатници вчера се урнаа во Венжу, Источна Кина. Полицијата соопшти дека шест лица се извлечени живи од под урнатините, меѓу кои е едно 12-годишно девојче. - Детето преживеало само благодарение на тоа што нејзиниот татко со своето тело ѝ создал простор за живот - изјавил еден од спасувачите. Како што јавуваат кинеските медиуми, објектите, кои биле изградени од...

Триесет и две лица загинаа во свлечиште во Кина

Најмалку 32 лица загинаа во свлечиште кое зафати неколку села на југоистокот на Кина, по тајфунот Меги. Спасувачки операции се во тек во селото Сучун во провинцијата Жиѓијанг, јужно од Шангај, откако еден цел рид, ослабен од поројните дождови, се урна над куќи, јавува новинската агенција „Ксинхуа“, додавајќи дека во селото настрадале 26 лица. Уште шест лица настрадале во селото Баофенг, во истата...

ОН најавија нови санкции кон Пјонгјанг по нуклеарната проба

Советот за безбедност на Обединетите нации се согласи да изрече нови санкции кон Северна Кореја, откако Пјонгјанг вчера ја изведе петтата и најсилна досега нуклеарна проба, јавуваат светските медиуми. Одлуката е донесена на вонредниот состанок на 15-члениот совет, јавува „Би-би-си“. Јужнокорејската претседателка, Парк Гуен Хје, вчера жестоко ја осуди нуклеарната проба и изјави дека „провокациите на Северна Кореја го забрзуваат нејзиното...

Кина жестоко се противи на американскиот антиракетен штит во Јужна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг на својата колешка, претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун Хје, ѝ соопштил дека Кина е против распоредувањето на американски противракетен штит во нејзината земја, јавуваат светските агенции. Си Џинпинг, за време на билатералниот состанок, на маргините на Самитот на Г20, кој се одржува во Хангџоу, Кина, ја предупредил дека неадекватното третирање на ова прашање не е добро...

САД и Русија засега без договор за конфликтот во Сирија на Самитот на Г20

Соединетите Американски Држави (САД) и Русија не успеаја да постигнат договор за конфликтот во Сирија на преговорите на маргините на Самитот на Г20, кој се одржува во Хангџоу, Кина. Причината, како што јавуваат светските агенции, повикивајќи се на американски извори, се големите разлики во ставовите на двете земји околу ова прашање. Шефовите на дипломатиите на САД и на Русија, Џон...

Јапонија развива нова ракета копно-море поради спорните острови со Кина

Јапонија ќе развие нова ракета копно-море во рамки на планот за зајакнување на одбрана на своите оддалечени јужни острови, поради кои има спор со Кина, јавуваат денеска јапонски медиуми. Токио планира да распореди нови ракети, кои наводно ќе имаат дострел од 300 километри, на островите како Мијака во префектурата Окинава. Весникот додаде дека дострелот на ракетите ќе ја опфати спорната група...

Кина: Најмалку 21 загинат во експлозија во електрана

Најмалку 21 лице загинале, а петмина биле повредени во експлозија во електрана во централната кинеска провинција Хабеј, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од официјални службени лица. Според кинеските медиуми, во централата во градот Данјанг експлодирала цевка за пареа под висок притисок. Спасувачки екипи веднаш пристигнале на местото, а полицијата ги истражува причините за експлозијата. Инаку, ваквите несреќи во Кина...

Кина: Повеќе од 20 загинати во експлозија во фабрика за хемикалии

Најмалку 21 лица денеска загина во експлозија во фабрика за хемикалии во централна Кина, соопшти државната телевизија „Си-си-ти-ви“. Според засега достапните податоци, пет лица се повредени во инцидентот во Дангијанг, во централната провинција Хубеи. Кинеските хемиски фабрики имаат ниска стапка на заштита од незгоди, поради што има чести несреќи. Хемиската експлозија во пристанишниот град Тијанин минатата година во август усмрти 165...

Во поплавите во Кина загинаа 161 лице

Бројот на жртвите на поројните дождови во Кина достигна 161 лице, а други 123 се сметаат за исчезнати. Поради лошите временски услови, повредени се 14,36 милиони луѓе во вкупно 58 града. Властите беа принудени да евакуираат 504.000 лица од погодените области. Стихијата уништила 105.000 згради, а други 84.000 се оштетени. Економските загуби достигнуваат до 25, 41 милијарди јуани. Повеќето од регистрираните жртви се...

Во поплавите во Кина загинаа и исчезнаа 75 лица

Седумдесет и пет лица загинаа или се водат како исчезнати во поплавите што го зафатија северниот дел на Кина, соопштија денеска кинеските власти. Поради поројните дождови, кои траат од понеделникот и кои поплавија неколку региони, вклучувајќи го и Пекинг, евакуирани се десетици илјади лица. Кинеските власти ја проценуваат штетата од поплавите на стотици милиони долари, а поради невремето мобилизирана е и војската.

Европската Унија во судски спор против Кина поради извозните ограничувања

Европската Унија поведе нов судиски спор против Кина пред Светската трговска организација (СТО) поради царината и квотите што ги применува на извозот на 11 клучни метали и суровини. Со оваа тужба ЕУ им се придружи и на САД, кои го тужеа Пекинг за неоправдано фаворизирање на кинеската индустрија. Претставници на ЕУ соопштиле дека официјален Пекинг ги крши прописите на СТО со воведување...

Хаг пресуди: Кина без право на островите во Јужно Кинеско Море

Кина нема правна основа за полагање на историското право на островите во Јужно Кинеско Море, заклучи арбитражниот суд во Хаг. Тоа е наведено во пресудата за спорот помеѓу Филипини и Кина во врска со територијалните права во Јужното Кинеско Море. „Трибуналот заклучи дека не постои правна основа дека Кина има историски права на морската област во округот на таканаречената „линија на...

Во тропска бура во Кина, шест лица загинаа, осум се исчезнати

При ударот на тајфунот Непартак, кој прерасна во тропска бура откако во саботата ја погоди континентална Кина, шест лица загинаа, а најмалку осум се водат како исчезнати. Предизвиканата економска штета е проценета на 860 милиони јуани, односно 116 милиони евра, јавуваат кинеските медиуми. За доаѓањето на Непартак, кој го зафати и Тајван, Кина се подготви евакуирајќи околу 230.000 луѓе, соопштија властите на...

Ципрас во трка за кинески инвестиции

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во трка за нови кинески инвестиции, денеска почнува со официјалните средби со кинескиот државен врв и со голем број кинески бизнисмени. Тој денска ќе се сретне со премиерот Ли Кечијанг, ќе има средби на двете владини делегации и потпишување на билатерални договори, ќе учествува на кинеско-грчки бизнис-форум, а утре ќе има средба со претседателот Си Џипинг. В среда Ципрас...

Поплави во Кина, загинаа 22 лица

Дваесет и две лица загинаа, а 197.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради поплавите предизвикани од силните летни дождови во централниот дел на Кина. Дваесетина луѓе сè уште се водат како исчезнати. Директната економска штета од поплавите достигна речиси 410 милиони долари, соопшти министерството за цивилни прашања. Осум луѓе се заглавени во поплавен рудник на јаглен во Југозападна Кина. Според прогнозите, поројните врнежи од дожд...

Кери: Создавањето кинеска воздушна одбрана во Јужното Кинеско Море е провокација

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска во Улан Батор изјави дека евентуалното создавање на кинеска зона на воздушна одбрана во Јужното Кинеско Море, САД ќе го сметаат за провокативен и дестабилизирачки чин. - Воведувањето на таква зона над делови од Јужното Кинеско Море ќе го сметаме за провокативен и дестабилизирачки чин, кој автоматски ќе ги зголеми тензиите и ќе ја доведе...

Картер: Кина ризикува да западне во самоизолација

Американскиот секретар за одбрана, Ештон Картер, денеска ја предупреди Кина дека ризикува да западне во самоизолација и го повика Пекинг да се приклучи кон „една принципелна безбедносна мрежа во Азија“. - Активностите на Кина во Јужното Кинеско Море може да доведат до нејзина самоизолација, во услови кога целиот регион тежнее кон зближување и кон соработка. За жал, доколку продолжи со...

Македонски компании се претставуваат на саем во Истанбул

Бизнис-делегација од 35 компании, членки на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, престојува во Истанбул каде што делегатите ги претставуваат своите бизниси во рамките на третиот Саем за кинески производи (China Homelife), кој е посветен на компании заинтересирани за проширување на својот бизнис во други земји. На овој саем се претставуваат повеќе од 700 изложувачи и 25.000 ексклузивни брендови со висок квалитет од...

Уапсени 135 лица во Кина поради шверц на вакцини

Кинеските власти уапсиле 135 лица во 22 провинции поради илегална трговија со вакцини, јавуваат светските агенции. Државното обвинителство на Кина вчера објавило соопштение во кое било наведено дека е издаден налог за апсење на 125 лица, кои без дозвола тргувале со вакцини. Поради несовесно извршување на должноста биле уапсени уште 10 здравствени работници. Во соопштението на обвинителство било наведено дека обвинетите...

АИ: Кинезите се најдобри кон бегалците, а Русите најлоши

Кинезите се народ кој најдобро ги дочекуваат бегалците, соопшти меѓународната организација за човекови права Амнести интернешнл (АИ), додавајќи дека веднаш зад нив се Германците и Британците. Русија, Индонезија и Тајланд се на дното на листата на извештајот за однесувањето на земјите кон бегалците, која е направена врз основа на анкета од околу 27.000 лица од 27 земји. Најмалку 32 отсто...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...