fbpx

Кери: Создавањето кинеска воздушна одбрана во Јужното Кинеско Море е провокација

-

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска во Улан Батор изјави дека евентуалното создавање на кинеска зона на воздушна одбрана во Јужното Кинеско Море, САД ќе го сметаат за провокативен и дестабилизирачки чин.

– Воведувањето на таква зона над делови од Јужното Кинеско Море ќе го сметаме за провокативен и дестабилизирачки чин, кој автоматски ќе ги зголеми тензиите и ќе ја доведе во прашање определбата на Кина за решавање на територијалните спорови по дипломатски пат – изјави Кери, кој престојува во посета на Монголија.

Тој воедно ја повика Кина да „не презема еднострани акции на провокативен начин“.

Говорејќи за неговата земја домаќин, Кери нагласи дека Монголија денес претставува „оаза на демократијата“ во деликатно опкружување со проблематични соседи, како Русија и Кина, што аналитичарите го оценија како обид на САД да обезбедат свој партнер во Улан Батор во услови на сè поагресивните политики на Москва и на Пекинг.

Кери доптаува во Улан Батор на пат од Париз за Пекинг, каде ќе се одржи осмиот годишен стратешки дијалог меѓу САД и Кина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...