Најмалку 22 лица загинаа откако четири петкатници вчера се урнаа во Венжу, Источна Кина.
Полицијата соопшти дека шест лица се извлечени живи од под урнатините, меѓу кои е едно 12-годишно девојче.
– Детето преживеало само благодарение на тоа што нејзиниот татко со своето тело ѝ создал простор за живот – изјавил еден од спасувачите.
Како што јавуваат кинеските медиуми, објектите, кои биле изградени од камен и тоа уште во седумдесеттите години на минатиот век, биле во многу лоша состојба.
Повеќето од жртвите се странски работници и членови на нивните семејства, кои изнајмувале соби во овие згради.