fbpx

Хаг пресуди: Кина без право на островите во Јужно Кинеско Море

-

Кина нема правна основа за полагање на историското право на островите во Јужно Кинеско Море, заклучи арбитражниот суд во Хаг.

Тоа е наведено во пресудата за спорот помеѓу Филипини и Кина во врска со територијалните права во Јужното Кинеско Море.

„Трибуналот заклучи дека не постои правна основа дека Кина има историски права на морската област во округот на таканаречената „линија на девет црти“, соопшти судот.

Пресудата е донесена во случајот кој го поведе Филипини, оспорувајќи ја позицијата на Кина која своите барања ги заснова на нејасно дефинирана „линија на девет црти“, најдени на кинеската мапа во 1940 година.

Кинеската агенција „Синхуа“ јавува дека по објавувањето на пресудата, Кина не ја прифаќа и не ја признава одлуката на судот во Хаг.

Филипини ја поздравија одлуката на судот и повикаа на воздржаност во реагирањето на пресудата.

За време на повеќемесечниот судски процес, Пекинг се обиде да го дискредитира судот кој ја ужива поддршката на Обединетите нации. Тие тврдеа дека нема јурисдикција во спорот во кој се вклучени неколку земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...