fbpx
Таг: ЈСП

таг: ЈСП

Автобусите на ЈСП со нов возен ред кон Водно

Поради големиот интерес на граѓаните, автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час, информираат од ЈСП. Пробната линија со број 25А сообраќа на релација од Стара железничка станица до Средно Водно, а пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата...

Од утре, секој викенд на Водно без автомобили

Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе викендов, соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Според планот, забраната ќе биде од 9 до 16 часот, а ќе важи од клучката за Сопиште и од манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Ќе биде на сила за време на викендите и на државните празници, а се однесува на сите...

Од викендот следната седмица, Водно ќе биде без автомобили

Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од наредниот викенд, односно 25 и 26 ноември 2017 година, извести Град Скопје. Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркиралиштето кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Ќе биде на сила во викендите и на државните...

Каменувани автобус на ЈСП и меѓународен воз

Два инциденти со каменување се случиле околу полноќ, при што настрадале автобус на ЈСП и меѓународен воз. Во првиот случај, станува збор за каменуван автобус кој сообраќал на линијата број 50. Како што биле пријавено во полиција, околу 40 минути по полноќ, каменувањето го сториле десетина непознати лица, при што било оштетено едно стакло на автобусот. Немало повреди кај патниците...

Давчевски: Град Скопје се спрема да даде уште 3,5 милиони евра за Панорамското тркало

Со ребалансот на буџетот на Град Скопје се планираат уште 3,5 милиони евра како субвенции за ЈСП како наводна помош поради потешкотиите во работењето, но тие пари ќе завршат за Панорамското тркало, порача денеска Драги Давчевски, координатор на советничка група на СДСМ и коалицијата во Совет на Град Скопје. Тој нагласи дека советничката група што ја претставува остро се спротивставува...

Насилствата во Скопје продолжуваат – тинејџери тепани од групи насилници

Насилствата од претходните денови, кога во Скопје групи насилници напаѓаа и тепаа граѓани, продолжиле и вчера, се дознава од најновиот полициски билтен. Вчера во Скопје имало два такви напади. Првиот се случил во автобус на ЈСП, кој сообраќал на линијата 50. На автобуската постојка кај АСУЦ, околу 13 часот, 16-годишник бил физички нападат од неколку засега непознати насилници. Потоа тие...

Град Скопје од утре го прекинува бесплатниот превоз

Од утре се укинува мерката бесплатен превоз за сите граѓани затоа што загадувањето е под нормалната граница, соопштија денеска од Град Скопје. „Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на честичките ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината....

ЈСП нема да враќа пари за „пропаднатите“ возења

Од денеска, поради одлуката на градоначалникот на Скопје за бесплатен превоз во автобусите, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) сè до следното соопштение патниците ќе ги превезува бесплатно, ќе работат само четири билетарници, а неискористените возења од купените билети нема да се рефундираат, односно ЈСП нема да враќа пари. Во соопштението на веб-страницата на ЈСП е наведено дека додека трае мерката за...

СДСМ: ЈСП да го среди проблемот со градскиот превоз што им го создаде на граѓаните

„Веднаш да престанат кражбата и малтретирањето на граѓаните преку јавниот градски превоз во Скопје. Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) веднаш да го средат проблемот со градскиот превоз што им го создадоа на скопјани“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека „додека Никола Груевски се вози со „мерцедес“ од 600.000 евра, а неговите соработници дивеат...

Од следната недела возење во ЈСП само со електронска картичка

Eлектронската наплата во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и приватните превозници ќе почне задолжително да се применува од следната недела. Првичната цена на електронска картичка ќе изнесува 150 денари. Покрај во возилата, картичките ќе може да се купат и во сите 26 билетарници на ЈСП, во инфо-центрите, како и во продавниците кои имаат склучено договор со ЈСП, информираат од...

ЈСП од утре со бесплатен превоз за волонтерите кон и од поплавените подрачја

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од утре ќе почне со бесплатен превоз на волонтери за помош во поплавените подрачја од невремето што го погоди Скопје и околината, соопштија денеска од ЈСП. Автобусите на ЈСП кон погодените подрачја ќе тргнуваат во три термини, 9, 12 и 15 часот од следните локации:  Ѓорче Петров - пред црквата „Св. Петар и Павле“, кон Карпош, спроти...

Од 1 септември со картичка „скопска“ во сите автобуси

Од 1 септември целосно се укинуваат хартиените билети. Сите граѓани што се возат со јавниот превоз, задолжително ќе мора да користат персонализирана или непресонализирана картичка „скопска“, која ќе важи и за државните и за приватните автобуси. На тој начин ќе се забрза автобускиот превоз, а граѓаните ќе заштедат време, нерви и пари. - Почнувајќи од 1 септември 2016 година, сите лица...

Двајца загинати при судир на автомобил и автобус во Кисела Вода

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи меѓу автобус на ЈСП и патничко возило „рено 19“ со скопски регистарски таблици, управувано од 30-годишниот Никола С. Во незгодата, на самото место починале возачот и сопатникот Љупчо С.(30) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле пет патници од автобусот, кои биле пренесени во градската општа болница „Св.Наум...

ЈСП поставува нови автобуски постојки

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие ги заменуваат старите автобуски постојки со нови. Нови автобуски постојки се поставуваат по должината на булеварите Јане Сандански, Партизански одреди и Кузман Јосифовски-Питу. Во текот на 2016 година ќе бидат поставени вкупно 52 нови автобуски постојки, кои во најголем дел ќе бидат лоцирани на трасите на булеварите Јане Сандански и Партизански одреди. Проектот чини 11 милиони...

Трајановски: Цената на автобускиот билет ќе остане иста

Цената на билетот купен во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје нема да се зголеми на 60 денари туку ќе остане 35 денари. Ова го предвидува предлог-одлуката за која Советот на Град Скопје треба да расправа на седница во вторник, вели градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски. - Цената останува иста. Првичната предлог-одлука за цена од 60 денари за...

За билет купен од возачот, ЈПС ќе наплаќа 60 денари

Oд 1 јануари следната година, доколку сакате да купите билет директно од возачот на автобусот на ЈСП Скопје, ќе мора да платите 60 денари, предвидува новиот ценовник на Град Скопје и на Јавното сообраќајно претпријатие. Предлогот треба да го гласаат градските советници на седницата што ќе се одржи во вторник. Ќе може да се плаќа со електронска картичка и со мобилен...

Груевски најави „Средношколска среда“ и бесплатен автобуски превоз за студентите

Од први јануари следната година ќе се воведе бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај за сите редовни студенти на сите државни универзитети во земјата. Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски во своето обраќање на Свечената академија по повод државниот празник Св. Климент Охридски. - Почнувајќи од први јануари 2016 година, а заради грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни...

Десетина повредени при судир на градски автобуси во Аеродром

Десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи во населбата Аеродром, при судир на автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и приватен градски автобус, кој сообраќа на линијата со број 23. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека кај нив во 8 часот била пријавена сообраќајната несреќа на булеварот Јане Сандански, спроти трговскиот центар „Три бисери“. Засега не...

Почна издавањето електронски картички за користење на јавниот превоз во Скопје

Од денеска и официјално почна процесот на издавање електронски картичи за користење на јавниот превоз во Скопје. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Игор Јанушев, денеска ги посетија просториите на ЈСП „Турс“ во која е сместена една од осумте канцеларии каде се издаваат електронските картички. - Паралелно со издавањето на овие картички, од денес...

Електронска картичка за автобусите во ЈСП, на пробна употреба од 1 август

Во автобусите на ЈСП - Скопје, од 1 август годинава пробно ќе почне да се користи единствена картичка, а од 1 јануари 2016 година таа ќе биде во употреба и кај приватните превозници. Проектите за автоматска локација на автобусите и за електронската наплата во јавниот превоз, беа промовирани денеска. Како што информираше градоначалникот Коце Трајановски, картичката за јавен превоз ќе биде од...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...