fbpx

Трајановски: Цената на автобускиот билет ќе остане иста

-

Цената на билетот купен во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје нема да се зголеми на 60 денари туку ќе остане 35 денари. Ова го предвидува предлог-одлуката за која Советот на Град Скопје треба да расправа на седница во вторник, вели градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

– Цената останува иста. Првичната предлог-одлука за цена од 60 денари за билет беше за да се намали чекањето при вадење билет кај возачот бидејќи ако има поголем број патници, во тој случај се зголемува времето на чекање на автобусот на автобуската станица додека возачот ги издаде билетите – изјави денеска градоначалникот Трајановски.

Спорeд Трајановски и директорот на ЈСП, Игор Јанушев, нема да има зголемување, туку ќе има намалување на цените со новиот електронски систем за наплата со електронски билети во автобусите на ЈСП, почнувајќи од следниот месец.

– Категорично тврдам дека буквално секоја цена што ја имаме моментално на билетите кои се во употреба се намалува. Исто така, воведуваме нови билети за да овозможиме полесно да се користи јавниот транспорт – рече Јанушев.

Тој додаде дека откако целосно ќе се имплементира електронскиот систем за наплата, ќе нема билети во хартиена форма. Овој систем ќе важи и за автобусите на приватните превозници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...