fbpx

Од викендот следната седмица, Водно ќе биде без автомобили

-

Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од наредниот викенд, односно 25 и 26 ноември 2017 година, извести Град Скопје.

Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркиралиштето кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Ќе биде на сила во викендите и на државните празници, а се однесува на сите возила освен на тие на ЈСП, полицијата, пожарникарите, брза помош и на штабовите за итни интервенции.

Истовремено со воведувањето на забраната, Град Скопје воведува две нови пробни автобуски линии со броебите 25а и 25б. Тие ќе сообраќаат од своето поаѓалиште без застанување сè до Средно Водно. Едната автобуска линија ќе тргнува пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората ќе тргнува од паркиралиштето кај Цветниот пазар.

Покрај новите линии, граѓаните може да ги користат и двете постојни, со броевите 25 и 28.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...