Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од утре ќе почне со бесплатен превоз на волонтери за помош во поплавените подрачја од невремето што го погоди Скопје и околината, соопштија денеска од ЈСП.

Автобусите на ЈСП кон погодените подрачја ќе тргнуваат во три термини, 9, 12 и 15 часот од следните локации:

  •  Ѓорче Петров – пред црквата „Св. Петар и Павле“, кон Карпош, спроти „Сити мол“, потоа продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел „Континентал“ (спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка
  • Кисела Вода – пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром на булевар Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка
  • Бутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква „Св. Јован“ и продолжува кон крајната (Пункт кон Стајковци)

Последното враќање назад е во 19 часот.