fbpx

ЈСП нема да враќа пари за „пропаднатите“ возења

-

Од денеска, поради одлуката на градоначалникот на Скопје за бесплатен превоз во автобусите, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) сè до следното соопштение патниците ќе ги превезува бесплатно, ќе работат само четири билетарници, а неискористените возења од купените билети нема да се рефундираат, односно ЈСП нема да враќа пари.

Во соопштението на веб-страницата на ЈСП е наведено дека додека трае мерката за бесплатен превоз ќе работат само четири билетарници, во периодот од 6 до 17 часот. Тоа се билетарниците кај Зелен Пазар, во Ѓорче Петров, кај пазарот Бутел и кај Транспортен центар.

Исто така, доколку на одредени билети, како што се тие за 10 возења, дневен и неделен билет, има неискористени возења и билетите истечат додека трае мерката за бесплатен превоз, ЈСП нема да враќа пари ниту, пак, ќе им ја продолжи важноста. Образложението е дека нема технички можности за тоа.

„Напоменуваме дека од системски, т.е. технички причини, ЈСП „Скопје“ нема да може да изврши рефундирање на средствата на веќе набавените привремени билети, ниту пак пролонгирање на нивната важност“, се вели во известувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...