fbpx
Таг: ЈСП Скопје

таг: ЈСП Скопје

До крајот на мај продолжен тендерот за набавка на новите автобуси на ЈСП

Фото: Небојша Гелевски
Големиот интерес на производителите на автобуси го продолжи рокот за доставување на понудите за набавка на 30 до 40 единечни и зглобни автобуси за ЈСП - Скопје. Наместо до утре, компаниите ќе можат до 24 мај да ги достават понудите со техничките карактеристики на еколошките автобуси на компримиран гас. Продолжувањето на рокот за доставување на понудите нема да ја одолговлечи...

Без субвенции, билетот во градски автобус во Скопје би бил поскап (инфографик)

Субвенциите за покривање на загубите што ги продуцира скопскиот јавен превоз со години наназад се еден од главните причинители за одлевањето пари од градскиот буџет. Градот Скопје во годинешниов буџет има предвидено да издвои субвенции од 400 милиони денари за јавниот превоз, и тоа за потешкотии во работењето (250 милиони денари), за бесплатни билети (100 милиони денари), за систем...

Со тендер од 2,4 милиони евра ЈСП ќе влезе во дигиталното доба

Фото: Борче Поповски
Нова апликација за паметни телефони, повеќе читачи на картичките „Скопска“ во автобусите, електронски билет за едно возење, обезбедување на комуникациска инфраструктура и E-Cloud платформа се новините што ЈСП-Скопје планира да ги воведе во претстојниов период за корисниците на јавниот превоз во Скопје. Тендерот вреден околу 2,4 милиони евра за овие новини во градскиот транспорт веќе е објавен на Електронскиот...

„Скопска“, освен за билети на ЈСП, да се користи и за други плаќања

По повеќе од две години од нејзиното воведување, електронската картичка „Скопска“ сè уште се користи единствено за патување со јавниот автобуски превоз во Скопје. Експертите посочуваат дека скопските јавни претпријатија треба да се обидат на оваа картичка да го вклучат и плаќањето паркинг за возилата, изнајмувањето велосипед, па дури и некои нетранспортни услуги од типот на посета на музеј...

Приватниците со 209, ЈСП со 275 автобуси во јавниот превоз во Скопје (инфографик)

Јавниот превоз во Скопје лани функционира со 105 линии. За овие линии, Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје (ЈСП - Скопје) пушта во сообраќај дневно, во просек 275 возила. Јавен превоз во Скопје вршат и приватните претпријатија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, кои заедно имаат 209 возила, пренесува „Порталб.мк“. Од Секторот за сообраќај на Град Скопје објаснуваат дека сегашното право за вршење...

Наместо наеднаш, ЈСП постепено ќе купува нови единечни и зглобни автобуси

Скопското јавно сообраќајно претпријатие во иднина нема да ја повтори грешката со набавката на кинеските и на украинските автобуси, кога наеднаш се купија 80 единечни и  217 двокатни возила. Со најновиот тендер за обнова на возниот парк, тие се одлучиле да се вратат на стариот модел за постепена обнова на автобусите. Од ЈСП - Скопје за „Мета“ велат дека негативното...

Расте бројот на инциденти во автобусите на ЈСП – Скопје (инфографик)

Вандалското однесување на дел од патниците довело до зголемување на бројот на инциденти во автобусите на ЈСП - Скопје во 2018 година. Според Годишниот извештај за работењето на ЈСП - Скопје, лани биле регистрирани вкупно 189 инциденти. Оштетувањето на возниот парк бележи најголем раст, па така, биле регистрирани дури 141 вакви случаи. На тој начин, предизвикувањето штети на автобусите...

За 5 години, бројот на патници на ЈСП опаднал за 8 милиони (инфографик)

Опаѓа интересот за користење на јавниот градски превоз во Скопје. ЈСП - Скопје во изминативе 5 години изгубило околу 8 милиони патници годишно. Услугите на ова претпријатие лани ги користеле 44.726.781 патници, додека во 2014 година со автобусите на ЈСП - Скопје биле превезени 52.990.214 патници, се наведува во годишните финансиски извештаи за работењето на јавното сообраќајно претпријатие. Ваквата ситуација...

Распишан тендерот за набавка на новите автобуси за ЈСП – Скопје

ЈСП - Скопје ќе го поднови својот возен парк со 30 до 40 единечни и зглобни автобуси за подобрување на услугите во јавниот градски превоз. На веб - страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавен меѓународниот тендер за набавка на нископодни CNG автобуси. Како што информираат од ЈСП - Скопје, постапката и процедурата ќе се...

Полицијата вчера исклучила 14 приватни градски автобуси во Скопје

Во вчерашната акција за контрола на автобусите и другите возила од јавниот превоз во Скопје, полицијата исклучила од сообраќај 14 aвтобуси, соопшти МВР. Од ЈСП Скопје за „Мета“ објаснија дека во таа бројка нема нивни автобуси. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) контролата ја спровело од 8 до 13 часот, при што биле исконтролирани...

Град Скопје: Дадовме 3,4 милиони евра на ЈСП, но не за Панорамското тркало

Град Скопје денеска соопшти дека на последната седница на Советот донел одлука за субвенционирање на работата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ со 3,4 милони евра, но тврдат дека оваа сума не е за финансирање на изградата на Панорамското тркало, туку за покривање на загубите на ЈСП и помагање на други проекти. Од Град Скопје велат дека неточни се информациите што...

Скопје утре ќе ги пречека ракометарите на Вардар – новиот европски ракометен шампион

Градот Скопје утре на плоштадот Македонија ќе организира пречек на новите европски ракометни шампиони - ракометарите на Вардар. Ракометарите на Вардар, како што соопштија денеска од Град Скопје, се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ утре во 11.15 часот, од каде ќе се упатат кон плоштадот Македонија, преку булеварите Александар Македонски, Гоце Делчев, Крсте Мисирков и Кочо Рацин. Во 13...

Денеска градските автобуси во Скопје по изменети траси

Поради одржувањето на „Скопски маратон 2017“, денеска, во периодот од 7 до 14 часот, градските автобуси во Скопје, односно тие на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници, ќе сообраќаат по посебни траси, кои ќе отстапуваат од вообичаените линии. Toчниот распоред може да се види на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.

Петиција на 7.882 граѓани за запирање на изградбата на панорамското тркало

Петиција на која 7.882 граѓани се потпишале против изградбата на панорамското тркало во Скопје е поднесена до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Петицијата, со која се бара запирање на изградбата на панорамското тркало, денеска се појави на социјалните мрежи, и ако што може да се види од документот, таа е поднесена и архивирана од службите на Град Скопје на...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...