fbpx
Таг: избор

таг: избор

Околу 2.600 студенти гласале на референдумот, резултати ќе има вечерва

Околу 2.600 студенти го искористиле правото да гласаат на првиот студентски референдум што го организира „Студентски пленум“, велат од пленумот половина час пред затварањето на гласачките места. На референдумот студентите се изјаснуваат за тоа какво студентско организирање сакаат. Од пленумот велат дека се задоволни и изненадени од излезноста на студентите, а официјални резултати од референдумот најавуваат вечерва по броењето на гласачките...

Петар Аневски повторно избран за претседател на Советот на јавни обвинители

Досегашниот претседател на Советот на јавни обвинители на Република Македонија денеска повторно беше избран за вршител на таа функција. Седницата на која бил избран Аневски се одржала денеска, гласањето било тајно и тој добил најмногу гласови. На предлог на Аневски, за заменик-претседател е избран Арбер Исаку.

ЕУ и САД не ги признаваат руските избори на Крим

Европската Унија не ги признава избраните пратеници во државната Дума од Крим затоа што ги смета за нелегитимни изборите на полуостровот, јавува руската агенција „Новости“. Како што објавува медиумот, ова го изјавил висок претставник на Европска Унија. Претходно портпаролот на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, изјави дека ЕУ не го признава спроведувањето на изборите на полуостровот, затоа што го...

Талески од куќен притвор распишал конкурс за директор на ЈКП „Нискоградба“

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, од куќен притвор распишал конкурс за избор на директор на Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ од Битола. На интернет-огласникот „Најди работа“ на 3 септември е објавен оглас под број 670323, во кој стои дека градоначалникот на Општина Битола распишува јавен конкурс за избор на директор на ЈКП „Нискоградба“, Битола. Огласот трае до утре - 9 септември. Директорската...

За шест дена седум предизборни потези – власта забрзано се утврдува за 11 декември

На 31 август лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино го утврдија 11 декември за датум кога треба да се одржат предвремените парламентарни избори. Веќе следниот ден владејачката партија почна со кадровски рокади во Министерството за внатрешни работи, вработувања во министерството и со серија потези во пресрет на предвремените избори. Дел од експертската јавност и опозициските партии ваквите...

Судскиот совет денеска избра нови 25 судии

Судскиот совет на Република Македонија денеска избра 25 судии во повеќе судови во земјава. Дел од судиите кои се избрани за основните судови, како што пренесува „Академик.мк“, се кандидати кои ја поминале обуката во Академијата за судии и јавни обвинители и првпат ќе седнат во судиските столчиња. За повисоките судови, кандидатите се избрани според бодовите и стажот како судии. Претседателот на...

Aд хок телото не успеа да го избере петтиот член пред лидерската средба

Четворицата членови на ад хок телото за регулација на медиумите и денеска не успеаја да постигнат договор за петтиот член, кој треба да биде Албанец. Еден од двајцата членови предложени од СДСМ, Љубомир Костовски, вели дека иако ситуацијата била речиси решена, некој изборот на петтиот член сака да го држи како проблем. - Немаме договор иако ситуацијата беше речиси решена. Се...

Ќе има ли лидерска в среда: Роковите делумно пробиени, неизвесноста целосно присутна

Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино не ги исполнија сите рокови предвидени со договорот што го постигнаа на 20 јули, пред одржувањето на лидерската средба на која треба да се одреди датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. Договорот заглави кај формирањето на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, чие комплетирање требаше да заврши пред три дена, односно...

Бан Ки-мун сака следниот генерален секретар на ОН да биде жена

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки-мун изјавил дека тој лично би сакал, кога ќе му истече мандатот, на негово место да дојде жена, што би било првпат од основањето на светската организација пред повеќе од 70 години, јавуваат светските агенции. Бан, чиј втор мандат од пет години како генерален секретар на ОН му истекува на 31 декември, изјавил...

Ципрас ќе предложи нови измени на грчкиот устав

По промените на изборниот закон, грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва ќе ја отвори дебатата за уставни промени во Грција. Преку говор во грчкиот парламент, Ципрас ќе најави неколку измени на Уставот на кои ќе работи неговиот кабинет во следниот период, со надеж дека ќе ја добие поддршката и од парламентот и од народот. Според првичните информации, Ципрас ќе предложи почести...

Тереза Меј и Андреа Лидсам, единствени кандидатки за премиер на Велика Британија

Велика Британија повторно ќе има жена премиер, првпат по Маргарет Тачер, откако во трката за нов лидер на Конзервативната партија останаа две жени, министерката за внатрешни работи, Тереза Меј, и министерката за енергетика, Андреа Лидсам, јавуваат британските медиуми. На денешното гласање, Меј добила 199, а Лидсам 84 гласови, додека од трката, со 46 освоени гласови, излегол министерот за правда, Мајкл...

Почна вонредната седница на Ректорската управа на УКИМ

Во тек е вонредната седница на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на која студентите од „Студентски пленум“ и од Студентски парламент ги раскажуваат настаните поврзани со изборот за претседател на СПУКМ. Деканите на факултетите при УКИМ даваат свои предлози како да се реши ситуацијата поврзана со изборот на новиот претседател, а „Студентски пленум“ бара изборите да се...

„Студентски пленум“ уште еднаш побара поништување на изборите на СПУКМ

Студентите од „Студентски пленум“ на вечерашниот протест пред платото на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ (УКИМ) ги повторија барањата за поништување на изборите за претседател на Студентски парламент при УКИМ (СПУКМ). Поддржани од група професори, побараа изјаснување на Универзитетскиот сенат, Ректорската управа, Ректорот и на проректорите, од кои очекуваат остро да ги осудат вчерашните случувања и да не ги признаат...

„Студентски пленум“: На суд ќе кажете кој издаде наредба за прекумерна употреба на сила

Студентите од „Студентски пленум“ побараа одговор кој издал наредба за употреба на сила без правна основа за припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и оклопни возила синоќа да се распоредат пред седиштето на СПУКМ, каде што членовите на Студентскиот парламент ги заклучија кутиите од гласањето за избор на претседател. На денешниот протест пред зградата на СПУКМ, членовите на „Студентски...

По тензичната вечер, СПУКМ соопшти дека сепак избрале претседател

Нов претседател на Студентскиот парламент при УКИМ со освоени 3.851 глас е Давор Поповски, објавија утрово од СПУКМ. Оттаму велат дека вкупно гласале 5.264 студенти. Од СПУКМ соопштуваат дека изборниот процес се одвивал фер и демократски, освен, како што велат, скандализирањето на политички мотивираниот „Студентски пленум“, кое најостро го осудија. Припадници на Единицата за брзо распоредување и оклопни возила, пак, синоќа беа...

СДСМ: Власта сака да го уништи УКИМ

Целта на власта е ако може, да го уништи најстариот, најдобриот универзитет во земјата, „Св. Кирил и Методиј“, обвини денеска на прес-конференција Петар Атанасов, претседател на комисијата за образование на СДСМ. - Начинот и процедурата за избор на нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ покажа дека власта сака да се меша во работите на најстариот универзитет во земјата....

Германскиот претседател нема да се кандидира за втор мандат

Германскиот претседател, Јоахим Гаук, нема да се кандидира за втор претседателски мандат поради својата возраст, но и поради здравствени причини, објави денеска германскиот весник „Билд“. Според истиот извор, ваквата своја одлука 76-годишниот Гаук в понеделник ќе ѝ ја соопшти и на германската канцеларка Ангела Меркел. Актуелниот петгодишен мандат на Гаук истекува следната година и во согласност со уставот на Германија, тој...

Студентски пленум: Нелегитимните студентски претставници се вечна болка на УКИМ

Членовите на Студентскиот пленум, денеска на својата страница на „Фејсбук“ обвинија дека нелегитимни претставници ќе гласаат за избор на нов ректор на УКИМ. „Дознаваме дека се именувани 10 нови претставници, без студентите да знаат кои се тие и на кој начин се избрани. Ректорската управа е закажана за 15 јуни додека изборот ќе се спроведе на 27 јуни и планирано е да гласаат новоименуваните...

Бинали Јилдирим денеска ќе биде избран за нов премиер на Турција

Турската владејачка партија на правдата и развојот (АКП) денеска на специјален конгрес за нов партиски лидер и премиер на државата ќе го избере Бинали Јулдирим, по оставката на Ахмед Давутоглу. Јилдирим, кој досега ја извршуваше функцијата Министер за транспрот, е близок соработник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој е единствениот кандидат за лидер на денешниот конгрес на АКП. Аналитичарите...

Изборот на претседател на Судскиот совет одложен за утре

Ниту еден од предложените кандидати за нов претседател на Судскиот совет не го доби потребното мнозинство од членовите на Советот на денешното гласање, поради што седницата за избор на претседател е одложена за утре во 10.30 часот. Како што пренесува „Академик“, двајцата предложени кандидати, Зоран Караџоски и Лидија Каначковиќ, добиле идентичен број гласови, по шест, а едно ливче било неважечко. Караџоски...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...