fbpx
Таг: избор

таг: избор

Косовската опозиција пред Уставен суд ќе го оспорува изборот на Тачи за претседател

Обединетата косовска опозиција ќе бара мислење од Уставниот суд за кворумот со кој Хашим Тачи е избран за нов претседател на Косово, пишуваат косовските медиуми. Висар Имери, лидерот на опозициското радикално движење Самоопределување, изјавил дека во тек се консултации со уште две опозициски партии и со правници, по што ќе се излезе со конкретен став. Опозициските пратеници се обидоа да го...

Хашим Тачи избран за претседател на Косово

Косовскиот парламент го избра Хашим Тачи за претседател на Косово. Во последниот трет круг на гласањето, Тачи освои 71 глас. Седницата на косовскиот парламент, на која се избираше претседателот, почна со еден час задоцнување, но набргу беше прекината бидејќи опозицијата активира солзавец. Истовремена, на плоштадот во Приштина дошло до судир меѓу полицијата и демонстрантите кои последните три дена кампуваат таму, барајќи...

Љиљана Ивановска-Шопова, нов претседател на Апелацискиот суд Скопје

Судскиот совет на Република Македонија на денешната 208. седница, за претседател на Апелацискиот суд Скопје ја избра Љиљана Ивановска-Шопова, соопштија од Судскиот совет. На денешната седница, исто така, се избрани и нови претседатели на Основните судови во Радовиш и во Берово, а на функциите се назначени судиите Костадин Петров, односно Емилија Буриќ. Од Судскиот совет соопштуваат дека за претседатели на судовите...

Советот на обвинители закажа итна седница за тимот на Јанева

Советот на јавни обвинители за денеска, во 16 часот, закажа седница на која точка на дневен ред ќе биде тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, дознава „Мета“. Според наши извори, обвинителите на Јанева ќе бидат единствена точка на дневен ред на седницата. Дали членовите на Советот ќе расправаат за избор на другите седум обвинители од тимот на Јанева или, пак, ќе...

Специјалното обвинителство во маѓепсан политички круг

Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева, иако беа инаугурирани од Собранието пред повеќе од четириесетина дена, сè уште не можат да почнат со работа поради спорот околу бројот на обвинители, а нема официјални информации ниту дали Јанева ги добила бараните финансии за работа од Владата. Во моментов спорот меѓу Советот на обвинители и Катица Јанева е статус кво. Решението, ако...

Партиите се договорија за тимот на Јанева, преговорите на работните групи продолжуваат

Денеска, точно напладне, продолжуваат преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за изборните закони, откако утринава тие се договорија да го деблокираат спорот за специјалното обвинителство. Имено, како што дознава „Мета“, во 1 часот по полноќ, четирите политички партии потпишаа писмо кое треба да го испратат до министерот за правда, Аднан Јашари, кој треба да...

Совет на обвинители: Јанева треба да работи по закон, а не да води политика

Јавните обвинители и обвинителката Катица Јанева се избрани да ја вршат надлежноста во согласност со законот, а не да водат политика, реагираат од Советот на јавни обвинители на денешното соопштение на Јанева, во кое таа ги повикува обвинителите избрани во нејзниот тим да не дадат свечена изјава. Ваквата постапка на специјалната обвинителка од Советот ја оценуваат како „повторен непринципиелен...

Советот на јавни обвинители денеска ќе одлучува за предлозите на Јанева

Советот на јавни обвинители денеска, 14 октомври, на седница чиј почеток е закажан за 11 часот, ќе решава за изборот на тимот што ќе ѝ помага на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување. На дневен ред на седницата ќе бидат две точки, односно членовите на Советот ќе го разгледуваат општиот работен, персонален и финансиски...

Советот на јавни обвинители утре ќе решава за предлозите на Јанева

Советот на јавни обвинители за утре, 14 октомври, ја закажа седницата на која неговите членови ќе решаваат околу изборот на тимот што ќе ѝ помага на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување. На дневен ред на седницата ќе бидат две точки, односно членовите на Советот ќе го разгледуваат општиот работен, персонален и финансиски план...

Советот на јавни обвинители денеска „ќе реши кога ќе решава“ за предлозите на Јанева

Членовите на Советот на јавни обвинители денеска ќе имаат состанок на кој ќе го прецизираат датумот на одржување на седницата за расправа и за избор на предлог-тимот што ќе ѝ помага на специјалата јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување, изјави за „Мета“ претседателот на Советот, Петар Аневски. Според Аневски, седницата „сигурно ќе се одржи оваа...

Јанева утре ќе ги достави документите што ѝ ги побара Советот на обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, најдоцна утре ќе ги достави сите документи, односно работен, персонален и финансиски план, што ѝ ги побара Советот на јавни обвинители за да донесе одлучка по предлогот на Јанева за нејзиниот тим од 14 помошници, соопштија денеска од канцеларијата на специјалната обвинителка. Седницата на Советот на јавни обвинители на која треба да се изберат обвинителите што...

Советот на обвинители ќе го избира тимот на Јанева наредната недела

Седницата на Советот на јавни обвинители, за избор на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, и покрај неофицијалните најави дека ќе се одржи утре или в среда, сепак е одложена за наредната седмица. Ова за весникот „Утрински“, го потврдил претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, кој ги навел и причините за одлагањето на седницата. „Побаравме од специјалната обвинителка да...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ задоволни од изборот на специјалната обвинителка

Двете најголеми политички партии се задоволни од договорот постигнат вчера и од изборот на специјалниот јавен обвинител, велат извори од партиите. Од СДСМ информираат дека се особено задоволни затоа што барале обвинител, а добиле обвинителство, но очекуваат опструкции во дејствувањето и во процедурите. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека се задовлни што конечно ова ќе влезе во формална рамка и ќе се прекинат сите...

Ципрас ветува промена во договорот со кредиторите

Грчкиот премиер во заминување, Алексис Ципрас, изјави дека тој е во најдобра позиција да ги подобри условите од последниот пакет мерки што ги договори со кредиторите, пренесуваат светските агенции. Ципрас ги повика граѓаните на претстојните избори, повторно да му дадат доверба ако не сакаат да се врати мрачниот период на корупција која преовладувала во Грција во изминатите години. Лидерот на СИРИЗЗА рекол...

Пратениците на СДСМ сè уште чекаат да влезат во комисиите

Седници на четири собраниски комисии се закажани за денеска, а пратениците на СДСМ нема да бидат дел од ниту една. Како што објаснува Горан Сугаревски, координатор на пратеничката група на СДСМ, „новите“ пратеници сè уште не се членови на комисиите. Сугаревски вели дека не му е јасно зошто сè уште не се изгласани новите членови на комисиите затоа што, како што вели,...

ЗНМ: МАНУ и Омбудсманот да го предлагаат програмскиот совет на МРТВ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) предлага раководството на јавниот сервис МРТВ да се избира со двотретинско мнозинство, а на предлог на независни и на кредибилни институции, како Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Народниот правобранител, за конечно департизирање и деполитизирање на националниот сервис, објавува „24 Вести“. „Клучно барање ни е изборот на членовите на програмискиот сервис и начинот...

Горан Коевски е новиот декан на Правниот факултет

Горан Коевски е новиот декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Коевски доаѓа на местото на Борче Давитковски кој пред неколку месеци си поднесе оставка со образложение дека „му бил вршен протисок“. На денешното тајно гласање, Коевски доби 44 од вкупно 66 гласа. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје е вработен од 1989 година, а во 2010 година е избран за редовен...

Именуван нов скопски муфтија, разрешените членови најавија протести

Исламската верска заедница за нов скопски муфтија го именуваше Реџеп Јусуфи. Разрешените членови на скопското муфтиство, пак, го обвинуваат поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, дека незаконски го сторил тоа. - Не е избран, тој е именуван од Сулејман Реџепи, без негова волја. Во комуникација со Реџеп Јусуфи, сам ми кажа дека е принуден да го прифати тоа - изјави разрешениот...

Финална евровизиска вечер

Финалето на избор на песна за „Евровизија“ ќе се случи вечерва во Виена, а за првото место ќе се натпреваруваат претставници од 27 земји. Слоганот на годинашното издание на евровизискиот избор за најдобра песна е „Градиме мостови“. За победникот ќе одлучуваат публиката и жирито, во однос 50:50. Оваа година поради 60 години јубилеј на оваа манифестација, со свој претставник настапува и Австралија. Македонија...

Денеска прва седница на Владата по оставките на Јанкулоска, Јанакиески и на Мијалков

Денеска ќе се одржи седница на Владата, прва по седницата пред десет дена (12 мај, вторник), кога беа верификувани оставките на министрите за внатрешни работи и за транспрот и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Информацијата за „Мета“ ја потврди портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Според наши информации, на денешната...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...