Aд хок телото не успеа да го избере петтиот член пред лидерската средба

-

Четворицата членови на ад хок телото за регулација на медиумите и денеска не успеаја да постигнат договор за петтиот член, кој треба да биде Албанец.

Еден од двајцата членови предложени од СДСМ, Љубомир Костовски, вели дека иако ситуацијата била речиси решена, некој изборот на петтиот член сака да го држи како проблем.

– Немаме договор иако ситуацијата беше речиси решена. Се видовме денеска во 12 часот. Немаше предложено ново име или нешто друго ново. Членовите предложени од ВМРО-ДПМНЕ немаа насоки, па затоа состанокот е прекинат, ама ако има потреба, пак ќе се собереме. Ситуацијата е јасна, но некој сака ова да го држи како проблем – вели Костовски.

Цветин Чилиманов, членот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека на денешната средба не постигнале договор затоа што некои членови премногу инсистирале за одреден кандидат.

– Завршивме засега. Не постигнавме консензус. Јас му предложив на Костовски ако толку сака нивниот кандидат да влезе, тој да се повлече, да влезе нивниот кандидат на негово место и потоа ние четворица да седнеме и да се договориме – рече Чилиманов, кој додаде дека членовите ќе бидат во постојана комуникација.

Рокот за изборот на петтиот член на ад хок телото истече пред една недела, а четворицата членови не успеаја да го изберат петтиот член ниту денеска, пред одржување на лидерската средба на која лидерите на политичките партии треба да одлучат дали има услови за избори.

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат...

Јавното обвинителство отвори истражна постапка за 27 лица и три компании во врска со пожарот во Кочани

Јавното обивинителство отвори истражна постапка против 27 лица и три компании за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќта на 16 март загинаа 59 а повредени се над 190...

Аеродромот Хитроу е затворен поради пожар кој избувна во трафостаница што предизвика прекин на струјата

Британскиот аеродром Хитроу од утрово е целосно затворен откако пожар предизвика прекин на струјата, нарушувајќи летови за илјадници патници на најфреквентниот европски транспортен центар, пренесува Асошиејтед Прес. Според сервисот за следење летови...

Пожарот во Кочани не е злодело на прозападната власт со цел уништување на Македонците

Пожари со многу жртви имало и во Русија (во ноќниот клуб Хромаја лошад во Перм во 2009 г., трговскиот центар Зимњаја вишња во Кемерово во 2018 г. или кафулето Полигон во...

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички...