fbpx
Таг: Ирак

таг: Ирак

Ирачката војска целосно ја ослободи Фалуџа од ИД

По повеќенеделни операции, градот Фалуџа е целосно ослободен од милитантите на Исламска држава (ИД), соопшти денеска командантот на антитерористичките сили на ирачката војска, Абдул Вахаб ал-Сади. Тој, како што јавуваат светските агенции, прецизирал дека ирачките сили влегле во северозападниот дел на Фалуџа, кој беше последното упориште на ИД во градот. „Операцијата која почна кон крајот на мај е завршена и градот...

Можен е поголем ангажман на НАТО во борбата против ИД во Ирак

НАТО ја разгледува можноста за поголем ангажман во борбата против милитантите на Исламска држава во Ирак, а одлуката ќе биде донесена на самитот во Полска, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Алијансата, исто така, ќе разговара и за испраќање директна помош на меѓународната коалиција против милитантите, која ќе ја сочинуваат надзорните авиони „авакс“. Американскиот министер за одбрана Еш Картер...

Најмалку 25 загинати во два бомбашки напади во Багдад

Најмалку 25 лица загинале, а околу 70 се ранети во два одвоени бомбашки напади што утрово се случиле во Багдад, соопшти ирачката полиција. Цел на нападите биле воен пункт и деловниот кварт во Багдад. Нападите се случуваат во време кога ирачките сили се обидуваат да ги истиснат милитантите на Исламска држава од Фалуџа, град кој се наоѓа на околу 50 километри...

УНИЦЕФ бара да се заштитат децата заробени во борбите во Фалуџа

Агенцијата за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) ги повика ирачката војска и милитантите на Исламска држава (ИД) да ги поштедат децата во Фалуџа, кои се најранливи меѓу десетиците илјади цивили заробени во екот на борбите во градот, кој се наоѓа на околу 50 километри од Багдад. УНИЦЕФ изразува загриженост за безбедноста на околу 20.000 деца во Фалуџа, од каде само...

Најмалку 20 загинати во напади на трговски центри во Багдад

Најмалку 20 луѓе се убиени во напади на екстремистите извршени денеска во неколку трговски центри во Багдад и околината, соопштија ирачките власти. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека зад него стојат припадници на Исламска држава (ИД). Ирачката војска утрово соопшти дека нивните елитни единици влегле во градот Фалуџа, кој се наоѓа на околу 50 километри...

Ирачките сили влегоа во Фалуџа, во офанзивата против ИД

Елитните сили на ирачката војска утрово почнале да влегуваат во градот Фалуџа, каде почнале операција за истиснување на милитантите на Исламска држава (ИД) од ова нивно упориште, кое се наоѓа на околу 50 километри од Багдад, соопшти командата на операцијата. „Ирачките сили влегоа во Фалуџа со поддршка од воздух на меѓународната коалиција, како и на ирачкото воздухопловство, артилеријата и тенкови“,...

Oфанзива за ослободување на Фалуџа од ИД

Ирак покрена воена операција за освојување на Фалуџа, упориште на Исламска држава (ИД) кое се наоѓа на 65 километри западно од Багдад. - Дојде крајно време за освојување на Фалуџа. Се приближи моментот на големата победа и Исламска држава нема друг избор, освен да бега - најави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади. Новата операција следи откако ирачките копнени сили успеаја...

Во експлозии во Багдад, најмалку 54 лица убиени

Најмалку 54 лица се убиени во ирачкиот главен град Багдад, во серија експлозии. Полицијата и медицинските лица велат дека во нападите се повредени најмалку 100 луѓе. Првата експлозија се случила на отворен пазар во доминантно шиитска населба при што загинале најмалку 28 лица и повеќе од 60 биле повредени, а во меѓувреме во две нови експлозии загинале над 20 лица и...

Напад на пазар во Багдад – 50 мртви

Најмалку 50 лица се убиени во експлозија на бомба на пазар во багдадскиот кварт Садр. Ирачки полициски претставници изјавија дека околу 60 лица се повредени во нападот, додавајќи дека неколку ранети се во критична состојба. Бомбата уништила повеќе автомобили, а оштетила и неколку околни згради, потврди полицијата. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, но се претпоставува дека е дело...

Ирачките демонстранти го напуштија парламентот

Демонстрантите кои вчера упаднаа во парламентот во Багдад го напуштија законодавниот дом по шест часа откако влегоа во силно обезебедуваната „зелена зона“, каде што се наоѓаат најважните владини институции и странски амбасади. Припадници на групата Сараја ал Саламџ, која е формирана од шиитскиот свештеник Муктада ал Садр, побараа од демонстрантите да го напуштат парламентот, по што тие излегле од зградата,...

Џо Бајден во ненајавена посета на Ирак

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, денеска пристигна во ненајавена посета на Ирак, каде се сретна со ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади, разговарајќи за политичките и за безбедносните прашања. Ова е првпат Бајден, како клучна личност од Белата куќа за односите со Ирак, да ја посети оваа земја од повлекувањето на американските сили во 2011 година, но ова е трета посета овој...

Шест загинати и 25 повредени во самоубиствен напад во Багдад

Најмалку шест лица денеска загинаа, а 25 се повредени во самоубиствениот напад на една шиитска џамија на југоистокот на Багдад, соопштија ирачките власти. Нападот се случил по молитвата, а за него никој засега не презема одговорност. Се претпоставува дека тој е дело на џихадистите од сунитската екстремичка група Исламска држава. ИД редовно изведува терористички напади врз ирачките шиити, кои ги смета...

Откриени две масовни гробници во Рамади

Две масовни гробници се откриени во западниот ирачки град Рамади, соопшти ирачката полиција, додавајќи дека во нив има околу 40 тела на жртви на Исламска држава (ИД). Како што соопшти претставник на ирачката полиција, гробниците се наоѓаат на фудбалски стадион во Рамади, кој е административен центар на провинцијата Анбар. Лицата, меѓу кои има жени и деца, се убиени во периодот кога...

Во серија експлозии во Ирак, 20 лица загинаа

Повеќе од 20 лица денеска загинаа во серијата самоубиствени бомбашки напади врз припадниците на шиитската милиција и вооружените сили, соопштија претставници на безбедносните служби на Ирак. Милитантната организација Исламска држава, која контролира територии на северот и на западот на Ирак, ја презеде одговорноста за нападите во соопштение кое го пренесе агенцијата „Амак“. Во нападите се ранети повеќе од 60 лица.

Бомбашки напад на фудбалски натпревар во Ирак

Најмалку 41 лице загинаа, а 105 се повредени откако бомбаш-самоубиец синоќа се разнесе за време на фудбалски натпревар во ирачкиот град Искандарија, во близина на главниот град Багдад. Како што јавуваат странските медиуми, бомбашот-самоубиец бил меѓу публиката. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката организација Исламска држава. Европското првенство во Фудбал годинава се одржува во Франција, која минатата година беше мета...

Ирачките сили и меѓународната коалиција почнаа офанзива на Мосул

Ирачката војска со поддршка од авијацијата на меѓународната коалиција ја почнала долго очекуваната офанзива за преземање на градот Мосул, кој го држат џихадистите на Исламска држава. Ирачките сили утринава зазеле неколку села во околината на градот Махмур, источно од Мосул, соопшти портпаролот на здружените сили, Јахја Расул. Тој рече дека меѓународната коалиција предводена од САД ѝ дава воздушна поддршка на ирачката...

Уапсен припадник на ИД со американски пасош

Припадник на Исламска држава од САД е приведен на северот на Ирак откако дошол од територија која е под контрола на оваа милитантна група во Сирија, јави „Си-Ен-Ен“. Борецот, кој наводно поседувал американски пасош е уапсен во близина на Синџар и е предаден на курдските власти во регионот. Во меѓувреме, САД и нивните сојузници соопштија дека вчера во Ирак и Сирија...

Турција бомбардираше позиции на Курдите во Ирак

Турски воени авиони утринава бомбардирале кампови на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) на северот на Ирак, соопшти турската војска. Во 11 воздушни напади се уништени сите 18 неодамна идентификувани мети, меѓу кои се и складиштата за муниција и засолништата, тврди војската. Турските власти, исто така, прогласија полициски час во југоисточниот дел на Сирнак, кој е претежно населен со Курди,...

Џихадисти убиле дете со хемиско оружје

Ирачките власти тврдат дека Исламска држава извела два напади со хемиско оружје, во кои животот го загубило тригодишно девојче, а околу 600 лица се повредени. Претставниците на безбедносните агенции и вработените во болниците велат дека најновиот напад се случил во градот Таза, кој и пред три дена бил изложен на удари на ракети полнети со хемиско оружје. Ранетите имаат повреди на...

Мекејн: Бегалската криза е последица на американските неуспеси

Бегалската криза, меѓу другото, е резултат на неуспехот на САД во Ирак и во Сирија, оцени американскиот сенатор Џон Мекејн во интервју за „Гласот на Америка“. - Кризата, која е резултат на судирите и на неуспехот на САД во Сирија и во Ирак, имаше значајно влијание на причината за приливот на бегалците. Доколку САД го отстранеа Башар ал Асад од...