fbpx

Ирачката војска целосно ја ослободи Фалуџа од ИД

-

По повеќенеделни операции, градот Фалуџа е целосно ослободен од милитантите на Исламска држава (ИД), соопшти денеска командантот на антитерористичките сили на ирачката војска, Абдул Вахаб ал-Сади.

Тој, како што јавуваат светските агенции, прецизирал дека ирачките сили влегле во северозападниот дел на Фалуџа, кој беше последното упориште на ИД во градот.

„Операцијата која почна кон крајот на мај е завршена и градот е целосно ослободен“, изјавил Ал-Сиди.

Фалуџа, кој се наоѓа на околу 50 километри од Багдад, беше под контрола на ИД од јануари 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...