fbpx

Откриени две масовни гробници во Рамади

-

Две масовни гробници се откриени во западниот ирачки град Рамади, соопшти ирачката полиција, додавајќи дека во нив има околу 40 тела на жртви на Исламска држава (ИД).

Како што соопшти претставник на ирачката полиција, гробниците се наоѓаат на фудбалски стадион во Рамади, кој е административен центар на провинцијата Анбар. Лицата, меѓу кои има жени и деца, се убиени во периодот кога ИД имала контрола врз градот.

ИД во мај минатата година ја презеде контролата над Рамади, кој остана во рацете на исламистите сè до декември минатата година, кога ирачките власти го ослободија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...