fbpx
Таг: граница

таг: граница

Блокадата на италијанско-австриската граница ќе биде катастрофа за Европа

Австриската блокада на границата со Италија за да се спречи приливот на мигранти би била политичка катастрофа за Европа, предупреди денеска претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Австрија се закани дека ќе ги прошири мерките за гранична контрола на преминот Бренер, доколку Италија сама не ја зајакне контролата на приливот на бегалци што влегуваат на нејзина територија, а потоа низ тунел...

Брисел: Граничните контроли би чинеле 18 милијарди евра

Европската комисија денеска процени дека повторното воведување на гранични контроли во регионот на Европа во кој се патува без пасош, годишно би ја чинело Унијата околу 18 милијарди евра. Некои членки на Унијата, вклучувајќи ја и Германија, привремено ги зајакнаа граничните контроли поради бранот бегалци. Брисел денеска објави дека директниот трошок за трајна контрола на границите би чинел меѓу 5 милијарди и...

Данска ќе испрати војска на границата со Германија

Данскиот министер за правда, Сорен Пинд, денеска соопшти дека во јуни на границата на Германија ќе биде испратена војска. Војската, како што рече Пинд, ќе ја замени полицијата, која досега го контролираше бранот мигранти од Блискиот Исток и од Африка. Официјален Копенхаген на 12 јануари воведе привремена контрола на границата со Германија. И двете земји се членки на Шенгенскиот договор. Според планот...

АФП: Мигранти илегално ја минале македонско-грчката граница

Неколку десетици мигранти успеале во обидот илегално да ја преминат границата од Грција во Македонија, која е затворена во февруари, известува агенцијата „Франс прес“. Фоторепортер на агенцијата видел група мигранти во Гевгелија кои дошле од Идомени. Тој видел едно лице како излегува од грмушките, а потоа видел уште две или три лица, а по нив уште 50. За да стигнат до...

Попоски: Тензиите кај Идомени да не влијаат на дијалогот за градење доверба со Грција

Шефовите на дипломатиите на Македонија, Грција, Албанија и на Бугарија денеска во Солун разговараат за зајакнување на меѓуграничната соработка за бегалската криза. На средбата учествува македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, и делегација од македонското Министерство за внатрешни работи, кои ќе дискутираат за надминување на предизвиците од бегалското прашање, спречување на нелегалниот шверц на бегалци и на мигранти,...

Тензијата на границата кај Гевгелија ги одврати тројцата претседатели од котата 59

На Идомени повторно се развива нова тензија меѓу бегалците и македонската полиција. Пред малку, група бегалци повторно почнаа да ја тегнат оградата на македонско-грчката граница за да се направи дупка и да преминат во Македонија. Македонската полиција за да ги одвлече од намерата, фрли шок-бомби кон бегалците. Интервенираат и специјалните сили на грчката полиција, кои формираа и блок пред бегалците и одат покрај...

ЕУ и даде две недели на Грција да ја подобри контролата на границите

Европската Унија денеска ја повика Грција во рок од две недели да го подобри планот за зајакнување на границата со цел да се намали преливот на мигранти. Брисел побарал од Атина да изготви план откако стотина мигранти влегле во Грција, а Германија, Австрија, Данска и Шведска ја зајакнаа контролата на своите граници. Европската комисија во своето соопштение навела дека е неопходно...

Тоскас за Иванов: Добро би било да се внимава што се зборува

Македонските политичари треба да внимаваат што зборуваат, порача грчкиот министер за цивилна заштита, Никос Тоскас, во реакција на интервјуто на претседателот Ѓорѓе Иванов за грчката телевизија „Мега“. Во интервју за националниот сервис ЕРТ, на обвинувањата на Иванов дека Грција не се координира со Македонија и дозволила вакви инциденти, Тоскас порачува дека сите македонски реакции се само обид за полесно...

Китаровиќ и Пахор во дводневна посета на Македонија

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, и претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска и утре ќе престојуваат во Македонија. За денеска е најавена трилатерална средба со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Средбата ќе се одржи во кабинетот на претседателот, а по состанокот тие ќе се сретнат и со претседателите на политичките партии во Македонија. Утре тројцата претседатели ќе го посетат транзитниот центар „Винојуг“ во...

Иванов: Наместо демарш, Грција требаше да ни испрати информации за бегалците

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, возврати на критиките на грчката влада. Во интервју за грчката телевизија „Мега“, Иванов ја обвини Грција дека не соработува околу бегалската криза, не се координира, ниту ги информира македонските власти. Според него, доколку грчките власти ја известеле Македонија околу сомнежите дека активисти подготвуваат протест и насилен влез на македонска територија, двете страни ќе можело...

Нови тензии на Идомени, бегалците туркаа стар вагон кон оклопните возила на полицијата

Ситуацијата на Идомени останува тензична по вчерашните судири. Денеска група бегалци повторно се собра на оградата и бараа од македонската полиција да ја отвори границата. Денешната комуникација, сепак, сè уште е мирна. Бегалците бараа македонската полиција да ги пушти, коментирајќи дека тие не се терористи. Одговорот од македонска страна беше дека границата не може да се отвори и бегалците беа...

Нема застој на албански камиони на македонско-албанската граница

Во врска со шпекулациите на одредени медиуми за застој на албански камиони со свежи зеленчук и овошје на македонската граница со Албанија и наводното прекршување на одредбите од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Министерството за економија информира дека трговската размена меѓу двете земји се одвива во согласност со договорот, односно, според информациите добиени од Државниот инспекторат за земјоделство,...

Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Авганистан. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 210 километри и на 39 километри од градот Ишкашим. Потресите се почувствувани и во Индија, Пакистан и во Таџикистан. Сведоците раскажуваат дека земјотресот бил почувствуван во главните градови на Авганистан и на Пакистан, а неколку згради биле евакуирани и во Њу Делхи.

Солзавец и протести на македонско-грчката граница

Македонската полиција фрли солзавец за да ја расчисти групата бегалци што протестираа на оградата кај Идомени. Грчките медиуми јавуваат дека дел од бегалците се онесвестени и имаат проблеми со дишење поради инцидентите. Бегалците од изутринава повторно протестираат на оградата со барање да се отвори границата. Во кампот вчера се проширил леток на арапски јазик, преку кој бегалците се повикуваат на собир и на протест во...

Албански државјанин со украдено возило се обидел да прегази македонски полицајци

Албанскиот држајанин А.П. (24) од местото Прењас, илегално ја преминал границата со Македонија и од струшкото село Велешта, од автосервисот „Пети“, одзел патничко моторно возело „фиат мареја“, со кое се вратил кон граничниот премин Ќафасан каде го оставил возилото и преминал на албанска страна. Потоа, уште еднаш, заедно со уште три други лица, албански државјани, илегално ја преминал границата и со...

Ердоган: Ние не враќаме бегалци, Европа го прави тоа

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја критикуваше Европска Унија поради враќањето на бегалците, откако првата група бегалци беше вратена од Грција, како резултат на договорот на ЕУ и на Турција. Ердоган ја обвини Европа за подигнување жичени огради и затоа што не им дозволи на бегалците да влезат во европските земји. - Дали ние вративме Сиријци? Не, не сме вратиле ниту...

Бегалците од Идомени повторно го блокираа автопатот Солун – Евзони

Бегалците од Идомени започнаа нов протест и блокада на автопатот Солун - Евзони кон македонско-грчката граница, јавува грчката телевизија „Мега“. Според телевизијата неколку стотици бегалци се распоредени на двете страни на автопатот и покрај сите мали патчиња кои водат кон автопатот со цел да не дозволат пристап на возилата. Утринава на автопатот немало проблеми и македонските граѓани кои патуваат...

Нови тензии на Идомени по лажна информација за отворање на границата

На Идомени владее тензија и вознемиреност поради шпекулациите дека денес ќе се отвори грчко-македонската граница. Иако од петокот кампот почна полека да се празни, од изутринава повторно доаѓаат нови луѓе. Илјадници бегалци од бегалските центри околу Солун тргнаа пеш кон Идомени со лажна информација дека границите ќе бидат отворени и вознемирени дека информацијата не е точна, накиснати од дожд...

Грција подготвува нови 30.000 места за бегалците

Грчката влада планира да подготви уште 30.000 нови места за сместување на бегалците во следните 20 дена. Одлуката беше донесена на првиот состанок на владиниот Совет за бегалска и мигрантска политика за да се зголемат сместувачките капацитети и бројот на прифатни центри, за да се одговори соодветно на големиот бран бегалци во државата и полека да почнат да се празнат дивите...

Бегалците се повлекоа од автопатот Солун – Евзони

Автопатот Евзони - Солун е слободен за протек на возила. Стотината бегалци што изутринава го блокираа патот со барање да се отворат границите за да продолжат кон Европа, се повлекоа од блокадата. Набргу потоа полицијата го отвори патот за возила и сега слободно може да се патува и кон Солун и во насоката од Солун кон Евзони. Бегалци кои се сместени и на...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...