fbpx
Таг: граница

таг: граница

Бегалци од Иран и од Авганистан блокирани на албанско-грчката граница

Албанија е привремена дестинација за десетици бегалци чија намера е да пристигнат во Западна Европа. Група бегалци кои доаѓаат од Авганистан и од Иран беа блокирани на албанско-грчката граница. Граничната полиција на Гирокастро соопшти дека блокирани се 14 бегалци од Авганистан и од Иран. Тие биле запрени од албанската полиција во близина на границата Какавија. Бегалците потоа, според меѓународниот договор помеѓу двете земји,...

Србија сè уште не одлучила, но подготвена е да ги затвори границите пред мигрантите

Србија сè уште нема донесено конечна одлука како понатаму ќе се однесува во соочувањето со мигрантската криза, но подготвена е и на затворање на границите за да ги заштити своите интереси, повторија денеска српските власти. Како што јавува дописникот на „Мета“ од Белград, министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за РТС рекол дека Србија подготвува мерки што ќе придонесат за заштита на...

Турските власти спречиле 137 илегални мигранти да влезат во Грција

Турските власти денеска спречиле 137 илегални мигранти од Турција да преминат на грчките острови на Егејско Море, јавува турската агенција „Анадолија“. Како што изјавија од турската полиција, се работи за два одделни случаи. Во првиот случај 95 мигранти по потекло од Сирија, Авганистан и од Ирак се обиделе со три чамци да заминат од турскиот брег кон островите Лезбос и...

Србија размислува за ограда на границата со Македонија и со Бугарија за заштита од мигранти

Српскиот министер за труд, Александар Вулин, вчера изјави дека е време да му предложи на премиерот Александар Вучиќ, по неговото враќање од Париз, подрастични мерки за заштита на границата со Македонија и со Бугарија од прилив на нови мигранти. Тој нагласил дека едно од можните решенија е поставување „бариери или одредени препреки“, а причината што ја наведува е структурата на...

Нема промена на грчката политика за непризнавање на македонските пасоши

Во Грција настана мешаница по наводната информација на грчкиот портал „Њупост“ (Newpost.gr) дека грчката влада го менува ставот кон Македонија и ќе ги признае македонските пасоши. Веста на порталот доаѓа од погрешно толкување на документ од министерството за внатрешни работи, кој се однесува на пасоши од трети земји, а не на Македонија. Документот што го објави порталот е од 22 август...

Се зголемува бројот на бегалци кои се обидуваат нелегално да преминат во Македонија

Затворањето на најголемиот бегалски камп кај Идомени, според грчкиот весник „Катимерини“, не стави крај на бегалските обиди за нелегално преминување кон Македонија. Грчкиот весник пренесува дека три месеци по затворањето на кампот, ситуацијата околу македонско-грчката граница повторно почнува да зоврива, со нови протести на бегалците и обиди за тајно преминување на македонска страна, со желба да се стигне до...

Пакистан ја затвори границата со Авганистан

Пакистанските власти денеска соопштија дека граничниот премин со Авганистан е четврти ден по ред затворен затоа што авганистанските демонстранти на тоа место запалиле знаме на Пакистан. Неименуван пакистански претставник денеска изјави дека одлуката за повторно отворање на границата ќе биде донесена кога ќе се решат „одредени дипломатски прашања“ меѓу двете земји. Локалните власти соопштија дека гувернерот на покраината Кандахар во петокот...

Грција ја засили контролата на границата со Турција

Грчките власти ја засилија воената контрола долж целата морска граница со Турција по информациите дека турската војска трага по пучисти кои, наводно, се упатиле кон Грција. Грчкото министерство за одбрана испрати дополнителни воени хеликоптери, бродови и војници да ја следат ситуацијата на границата, во страв да не се повтори сценариото од саботата и Грција да се соочи со нови барања...

Италија и Шпанија ја зголемуваат контролата на границите со Франција

Италија и Шпанија ќе ја зајакнат контролата на границите со Франција по вчерашниот напад во Ница, во кој 84 лица загинаа, а неколку десетици се повредени, откако возач на камион, полн со оружје и со гранати, влета на шеталиште. Италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано, соопшти дека Италија ќе ги зголеми контролите на трите гранични премини кон Франција и...

Турски државјанин уапсен на преминот Богородица за фалсификуван пасош

На граничниот премин Богородица, полицијата вчера уапсила турски државјанин кој го сомничи дека фалсификувал лични документи. Турскиот државјанин Б.Р.A. (1963) од Истанбул за време на граничната проверка на полицијата ѝ покажал хрватска патна исправа, која гласи на негово име, за која полициските службеници се посомневале дека е фалсификувана. При претресот кај лицето се пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка...

Полицијата спречила шверц на 1.500 штеки цигари без бандероли

Полициски екипи од Регионалниот центар за гранични работи Исток, во петокот оваа недела спречиле обид за шверц на поголемо количество цигари без бандероли на границата меѓу Македонија и Бугарија. Како што соопшти денеска МВР, во петокот, околу 5 часот, во близина на местото Чемериков преслап, во близина на Пехчево, полициски екипи забележале џип без регистарски таблички, кој се движел по...

ЕУ подготвува замена за Фронтекс

Советот на Европската Унија денеска го одобри предлогот на Европската комисија за создавање нова гранична служба, која ќе биде замена за Фронтекс. Сепак, одлуката на Советот треба да биде изгласана во Европскиот парламент и да мине низ уште една процедура на гласање од министрите на ЕУ, пред да стапи на сила. Во согласност со предлогот, новата служба, која ќе биде составена од 1.500...

Австриската полиција приведе 17 мигранти

Австриската полиција пронашла 17 мигранти во комби кое влегло во земјата од Унгарија. Во возилото се наоѓале 11 мажи и шест жени, седум мигранти биле од Ирак, седум од Авганистан, двајца биле од Сирија и еден од Пакистан. Полицијата ги уапсила мигрантите и ги одвела во најблиската полициска станица. За криумчарење луѓе уапсен е и возачот на комбито, триесетгодишен државјанин на...

Во Грција е забрането внесување месо и млеко, торта и бисквити – може

Дали грчките цариници ќе го отворат багажникот на вашиот автомобил е прашање на среќа и на дневниот распоред на царината, но забраната за тоа што смее, а што не смее да се внесува во Грција е прашање на европски регулативи и одредби од 2009 година за да се заштитат членките на Европската Унија од ширење на сериозни болести и на...

Бугарија изгради 35 километарска ограда кон Турција

Бугарија изгради уште 35 километри ограда на границата со Турција во регионот Јамбола за да ги спречи илегалните преминувања на мигрантите. Во истата област веќе постои ограда со должина од 30 километри. Регионалниот гувернер Димитер Иванов рече дека е изграден и пристапен пат и додаде дека поради тешкиот и непристапен терен како и поради непостојаната сообраќајна инфраструктура градењето било комплицирано. Бугарија гради...

Јужнокорејската морнарица пукала на севернокорејски брод

Јужнокорејската морнарица испукала предупредувачки истрели откако севернокорејски патролен брод и рибарски чамец ја минале спорната граница на Жолтото Mоре кај западниот брег на Корејскиот полуостров, изјавија претставници во Сеул. Двата пловни објекта, кои ја минале северната линија на раздвојување, во близина на јужнокорејскиот остров Јеонпиеонг, ја смениле насоката осум минути откако Сеул испукал предупредувачки истрели и се вратиле во севернокорејските...

Продолжува акцијата за релокација на бегалците од Идомени

Грчките власти втор ден продолжуваат со акцијата за релокација на бегалците од Идомени. Како што соопшти грчката полиција вчера од кампот во бегалски центри биле пренесени 2.031 лице и тоа 662 бегалци од Сирија, 1.273 Курди и 96 Језиди. Вкупно 42 автобуси ги пренесоа бегалците од Идомени во седум различни бегалски центри во Солун, Кавала и Пиерија. При вчерашната акција...

Приведени 80 мигранти кои нелегално влегле во Македонија

Изминатите 24 часа, македонските безбедносни сили привеле 80 мигранти кои нелегално влегле во Македонија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија. Мигрантите се сместени во претприемниот шатор на Прифатно-транзитниот центар Гевгелија (ПТЦ). Откако од Министерството за внатрешни работи ќе завршат со проверките, мигрантите ќе бидат вратени на грчка територија. Во ПТЦ Гевгелија сè уште престојуваат стотина мигранти кои останаа...

Нови инциденти на Идомени

Идомени денеска повторно се задуши во насилство и во солзавец. Во бегалскиот камп на македонско-грчката граница имаше нови инциденти откако изби тепачка меѓу група од 200 до 250 бегалци. Сè почнало со расправија меѓу две групи бегалци од различни националности. Кавгата брзо ескалирала во насилна физичка пресметка. Двете групи почнале меѓусебно да се напаѓаат со камења и со други предмети. За да се смири ситуацијата, интервенирала...

Македонците од Голо Брдо бараат регионализација на преминот Џепчиште – Требениште

Македонците во областа Голо Брдо во Република Албанија барат граничниот премин Џепиште – Требиште да добие статус на регионален премин од втора категорија, а не, како досега, од трета категорија. „Бараме од министерствата за внатрешни работи на Албанија и на Македонија и од царините на двете земји, граничниот премин Џепиште - Требиште во Голо Брдо, кој беше отворен во мај...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...