fbpx

Грција ја засили контролата на границата со Турција

-

Грчките власти ја засилија воената контрола долж целата морска граница со Турција по информациите дека турската војска трага по пучисти кои, наводно, се упатиле кон Грција.

Грчкото министерство за одбрана испрати дополнителни воени хеликоптери, бродови и војници да ја следат ситуацијата на границата, во страв да не се повтори сценариото од саботата и Грција да се соочи со нови барања за азил од турски војници.

Турските власти вчера ја известиле Атина дека трагаат по турски војници околу Мармарис, во близина на грчкиот остров Сими. Турската страна предупредила дека два гумени чамци со 40 војници пучисти се движат кон Грција.

Засега грчките власти демантираат дека имало обид за влез на нејзина територија од турски војници кои се претпоставува дека бегаат од Турција поради учество во воениот удар.

Ситуацијата е мирна, а грчките и турските војници само ја набљудуваат состојбата на границата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...