fbpx

Во Грција е забрането внесување месо и млеко, торта и бисквити – може

-

Дали грчките цариници ќе го отворат багажникот на вашиот автомобил е прашање на среќа и на дневниот распоред на царината, но забраната за тоа што смее, а што не смее да се внесува во Грција е прашање на европски регулативи и одредби од 2009 година за да се заштитат членките на Европската Унија од ширење на сериозни болести и на инфекции.

Не се работи за нов грчки закон, туку за стандардна практика, објаснуваат од грчката царина. За оваа цел на царините се поставени постери на кои се објаснува какви прехранбени производи, особено од животинско потекло, не е дозволено да се внесуваат во земјата.

Од царината на грчкиот граничен премин Евзони објаснуваат дека проверката на храна на туристите е стандардна строга европска практика, која постои со години. Според одредбата, не е дозволено да се внесуваат млеко, млечни и месни производи. Доколку се откријат вакви производи, треба да бидат проверени од ветеринарот на границата, кој ќе одлучи дали смеат да се внесат во Грција или не. Доколку се утврди дека се забранета категорија, грчките царински власти имаат право да ги уништат.

Според информациите, грчката царина имала повеќе случаи на заплена на прехранбени призводи во текот на зимата, отколку сега, во пролетниот и во летниот период.

Според регулативата на Европската комисија од 2009 година, патници кои доаѓаат од земја која не е членка на ЕУ не смеат да внесуваат месо, млеко и месни и млечни производи. Исклучок од ова правило има само за млекото во прав за бебиња, храната за бебиња, специјална храна или храна за миленичиња, но не повеќе од два килограми. Доколку сакате да пренесете поголемо количество месо, потребен ви е соодветен ветеринарен сертификат. Дозволено е внесување до два килограми мед, бисквити, леб, торта, чоколадо, риба, супа и зачини.

Во Грција и општо во ЕУ смее да се внесе еден литар алхохол и до четири литри вино.

Според информациите во Грција, цариниците би можеле да дозволат да се пренесат мали количества спакувани сувомесни производи кои имаат печат дека се здрави, до два килограми, со предупредување до патниците, меѓутоа, според регулативите, тоа не е дозволено за да се избегне пренесување на болести.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...