fbpx

Блокадата на италијанско-австриската граница ќе биде катастрофа за Европа

-

Австриската блокада на границата со Италија за да се спречи приливот на мигранти би била политичка катастрофа за Европа, предупреди денеска претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Австрија се закани дека ќе ги прошири мерките за гранична контрола на преминот Бренер, доколку Италија сама не ја зајакне контролата на приливот на бегалци што влегуваат на нејзина територија, а потоа низ тунел ја напуштаат земјата.

Преминот Бренер е важна раскрсница за европскиот сообраќај и врска меѓу северот и југот на Европа.

– Блокадата на граничниот премин Бренер нема да има само економски, туку и политички последици – рече Јункер, додавајќи дека Австрија не е единствената земја која на овој начин ги заплашува луѓето.

Јункер изрази жалење поради ставот на Австрија кон мигрантската криза и нејзиното упорно настојување да ги затвори границите, а тоа го припиша на влијанието на екстремната десница.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...