fbpx
Таг: фондација Метаморфозис

таг: фондација Метаморфозис

Законските измени за матична евиденција се „сопнаа“ на родовиот идентитет

Главните промени на измените и дополнувањата на Законот за матична евиденција, кои во Собранието беа доставени минатата пролет, но Владата ги повлече од собраниска процедура во март оваа година, се однесуваат на родовиот идентитет. Со овие законски измени требаше да се направат промени во дефинирање на родовата политика во матичната евиденција, на тој начин што и оние лица кои...

Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад

Во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема, детално беа презентирани клучните проблеми и главните прашања кои ги засегаат медиумите и медиумските работници. Извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски и претседетлката на УО на СЕММ, Катерина Синадиновска, се согласуваат дека отсуствуваат системски реформи...

Мора да се гради култура за заштита на личните податоци и инклузивен дигитален екосистем

Не е доволен само модерен закон, туку и ние како граѓани треба да се заштитиме себеси и својата приватност и да не објавуваме сè, истакна Елвис Али од Делегацијата на Европската Унија, отворајќи го почетниот настан на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, кој од денеска со финансиска поддршка на ЕУ во...

Дискусија за заштитата на личните податоци на граѓани во организација на Фондацијата „Метаморфозис“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ утре организира панел-дискусија за претставници на институциите, граѓанските организации, медиумите на тема „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“. Настанот ќе започне во 10 часот во хотелот „Квинс“ во Капиштец, а може да присуствуваат и граѓани што се заинтересирани за заштитата на приватноста. Присутните на дискусијата ќе имаат можност да...

Блажевски на POINT за миграцијата на младите: Немаме проблем со креирање стратегии, заостануваме во имплементацијата

Треба да направиме повеќе во Северна Македонија ако сакаме да го намалиме бројот на млади кои бегаат од државата, мислам дека немаме проблем со креирање стратегии за решавање на овој проблем, но заостануваме во нивното спроведување. Ова го истакна заменикот-главен уредник на новинската агенција „Мета.мк“ - Бојан Блажевски, говорејќи на тема „Економска миграција и одлив на мозоци (brain drain)“...

Петрески: Западен Балкан мета на странски кампањи за дезинформации, работиме на нивно разоткривање (ВИДЕО)

Малигните влијанија при што дезинформациите се користат за нивно ширење, на Западниот Балкан имаат регионална компонента, така што една дезинформација преминува од една во друга земја, а истото кога ќе се врати од каде што дошла, се враќа во најискривена форма, што може да предизвика уште поголема штета. Ова го изјави главниот уредник на „Вистиномер“,  Владимир Петрески, говорејќи на...

Започна регионалната конференција POINT во Сараево, во ко-организација на Фондацијата Метаморфозис

Денеска започна десеттото издание на регионалната конференција POINT (Political Accountability and New Technologies - Политичка отчетност и нови технологии) во Сараево, во ко-организација на Фондацијата Метаморфозис. Конференцијата ја организираат членовите на мрежата ACTION SEE, од која дел е и Фондацијата Метаморфозис, а денеска и утре на панелите ќе говорат претставници од медиумите на Метаморфозис - Порталб, Мета и Вистиномер,...

Дезинформациите се безбедносен проблем, мора да работиме заедно за да ги спречиме последиците

Дезинформациите се проблем за безбедноста на државата и сите општествени чинители мора да работат заедно за да ги спречат последиците. Ова, меѓу другото, беше речено на сесијата што ја модерираше главната и одговорна уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари, „Решенија и следни чекори – препораки за заедничко дејствување“, во рамки на конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, во...

Граѓаните се свесни за дезинформациите, но справувањето со ова зло мора да биде многу посилно

Главни чинители во намалување на ефектите од дезинформациите треба да бидат институциите задолжени за креирање на медиумските политики, но исто така и самите медиуми, односно новинарите. Но, потребен е систематски пристап, од повеќе фактори, порача истражувачот Ѓорѓи Митревски на сесијата „Состојби и предизвици поврзани со влијанието на дезинформациите во Северна Македонија“, во рамките на конференцијата „Справување со дезинформации во...

Косовски новинари одржаа состанок со претставници на ЗНМ, беа и во посета на Фондацијата Метаморфозис

Претставници на Здружението на новинари на Косово (АГК) и новинари од неколку косовски медиуми во петокот (27 мај) одржаа состанок со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и остварија посета на Фондацијата Метаморфозис. Како што информираат од ЗНМ, на работниот состанок се разговарало за состојбата на новинарите и медиумите во двете земји. Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ пред дваесетина колешки...

Kонференцијата за справување со дезинформациите во земјава на 31 мај ќе ја отвори претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски ќе ја отвори конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, која што Фондацијата Метаморфозис ја организира во хотелот „Панорамика“ на 31 мај, со почеток од 12 часот. Настанот има за цел градење на мулти-секторски пристап за решавање на овој важен проблем преку заеднички ангажман на државните институции, независните медиуми, граѓанските организации, академската заедница и приватниот...

„Отворените податоци бараат отворени умови“, завршна дискусија на Конференцијата за отворени податоци

„Со развивање на сајтови за отворени податоци ги поттикнуваме граѓаните да бидат повклучени и поактивни, а само со активни граѓани можеме да градиме подобро општество. Бидејќи не се работи за тоа дали институцијата прави нешто за институцијата туку се работи за граѓаните, како да го направиме градот подобар, дали градот ќе е доволно зелен или многу топол, што се...

Конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“ ќе се одржи на 31 мај

Фондацијата „Метаморфозис“ на 31 мај 2022 година во Скопје, со почеток од 12 часот, ќе ја одржи конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, посветена на градење мулти-секторски пристап за решавање на овој важен проблем преку заеднички ангажман на државните институции, независните медиуми, граѓанските организации, академската заедница и приватниот сектор. Настанот ќе се случи во хотелот „Панорамика“ и ќе биде...

Open Data Conference: Јавниот интерес тежи на страната на правото за информирање, наспроти правото на приватност

Јавниот интерес ја воспоставува рамнотежата помеѓу основните човекови права и слободата на изразување/информирање и приватност. Доколку јавниот интерес преовладува над приватниот интерес, податоци и информации може да се обелоденат, без разлика дали тие претставуваат повреда на правата на приватност на одреден поединец или група. Ова, меѓу другото, беше речено на панелот „Етика и анонимизација на податоците“, на вториот ден...

Започна Меѓународната конференција за отворени податоци на Фондацијата Метаморфозис

Меѓународната конференција за отворени податоци на тема „Податоците и културата на отвореност“ на Фондацијата Метаморфозис денеска беше отворена во хотелот „Холидеј Ин“ и беа одржани две сесии од тридневната програма на Конференцијата, која што се одржува во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Директорот за развој на Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски на отворањето на Конференцијата, во својот говор...

Зилбеари: Според едно истражување, 90% од населението изјавиле дека политичарите се најголемите дистрибутери на дезинформации

Според едно истражување и анкета спроведена од „Метаморфозис“, за перцепцијата околу дезинформациите, 90 отсто од испитаниците се изјасниле дека најголеми дистрибутери на дезинформации се политичарите, потоа медиумите и новинарите, а потоа социјалните мрежи. Ова се само дел од податоците што ги откри главната уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 каде се зборуваше за лажните вести,...

Утре почнува Меѓународната конференција за отворени податоци на тема „Податоците и културата на отвореност“

Во среда, на 18 мај 2022 година, со почеток во 12:00 часот во Скопје, Фондацијата Метаморфозис организира тридневна Меѓународна конференција за отворени податоци на темата „Податоците и културата на отвореност“ во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Конференцијата ќе придонесе во дефинирање на моменталната состојба на отворените податоци во Западен Балкан со акцент на Северна Македонија; истакнување на...

Реформите во администрацијата недоволни: Потребни се квалитетен кадар и дигитални услуги

„Администрирањето“ на реформите на јавната администрација е главниот проблем, бидејќи реформите се спроведуваат, но не се на посакуваното ниво. Има стратегии, акциони планови, но техничките прашања и волјата се мали. Имаме кадар, но поважно е да имаме квалитет, кој недостасува, особено во областа на информатичката технологија, што секако би помогнало да се унапреди дигитализацијата на услугите, кои граѓаните на...

Стојановски: 83 отсто од граѓаните сметаат дека дезинформациите се општествен проблем

Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21 вчеравечер зборуваше за кревањето на свеста во јавноста за негативните ефекти од дезинформациите. Тој посочи дека според новите сондажи на јавното мислење, огромен дел од граѓаните сметаат дека дезинформациите се сериозен проблем на општеството, и бараат мерки од страна на државата за справување со него, односно...

Бавно се менуваат законите за јавна администрација

Законите што ја регулираат работата на јавната администрацијата постојат и биле предмет, но и сè уште се, на делумни измени, дополнувања или целосни промени. Сепак, овие унапредувања на законските решенија одат побавно од очекуваното, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, во кој се...

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...