Дискусија за заштитата на личните податоци на граѓани во организација на Фондацијата „Метаморфозис“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ утре организира панел-дискусија за претставници на институциите, граѓанските организации, медиумите на тема „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“.

Настанот ќе започне во 10 часот во хотелот „Квинс“ во Капиштец, а може да присуствуваат и граѓани што се заинтересирани за заштитата на приватноста.

Присутните на дискусијата ќе имаат можност да дознаат нешто повеќе за системот за заштита на лични податоци во ЕУ и во земјата; да се запознаат со планираните активности во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“ и можностите за вклучување во проектот. Покрај тоа, учесниците ќе имаат прилика и да ги споделат своите ставови и искуства поврзани со заштитата на приватноста и на личните податоци.

Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк. Сите што сакаат да присуствуваат, треба да го пополнат овој формулар.