fbpx
Таг: Еуромакс Рисорсис

таг: Еуромакс Рисорсис

Поранешниот концесионер „Еуромакс Рисорсис“ апелира неизградениот рудник во Иловица да не се користи во кампањата

Поранешниот концесионер на неизградениот рудник во Иловица, „Еуромакс Рисорсис“ апелира темата да не се користи и злоупотребува во каква било изборна конотација. Канадската компанија, на која Владата на ДУИ и СДСМ ѝ ја одзеде концесијата за експлоатација на рудникот Иловица, за што во моментов се води спор пред Управниот суд, упати апел до политичарите во текот на изборната кампања да...

„Ова е лудост“, порачуваат борците против рудниците на југоистокот по предизборните ветувања за нови концесии

Загриженоста кај активистите против рудниците на југоистокот на државата се зголеми откако предизборната кампања ги исфрли на површина ставовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ за развој на рударски капацитети во земјата, содржани во нивната предизборна програма. Во програмата се наведува како приоритетно отворањето на пет рудници: Лојане-Липково, Кадиица-Пехчево, Плавица, Тајмиште и Стогово. Во Изборната програма на партијата меѓу другото стои дека: „Само...

„Здрава Котлина“ утре ќе организира протест против одлуката на Управниот суд за Иловица

Граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на рудникот Иловица во струмичкиот регион најавуваат протести, откако Управниот суд преку одлука за време на вонредна состојба ја врати можноста „Еуромакс Ресорсис“ сепак да го гради рудникот во близина на струмичките села Иловица и Штука. Во сабота, 20 јуни, со почеток во 11 часот ќе го организираат првиот протестен собир против...

Владата сè уште не ја добила пресудата на Управниот суд за рудникот во Иловица

Владата сè уште не ја добила пресудата на Управниот суд со која се уважува тужбата на поранешниот концесионер на рудниците во Иловица и Штука иако таа е донесена на крајот на март. „До Владата на Република Северна Македонија не е пристигнат никаков официјален документ за донесена пресуда од Управниот суд во полза на поранешниот концесионер Еуромакс Рисоурсес - Скопје“, се...

Тужбата од Еуромакс била од итен карактер па Управниот суд одлучувал за време на вонредна состојба

Управниот суд во Скопје смета дека тужбата на поранешниот концесионер за рудниците за злато и бакар во Иловица и Штука, „Еуромакс Рисоурсес“ била „од итен карактер“ па затоа по тој предмет требало да се решава за време на вондредна состојба. Иако судот вели дека ваквата одлука е уредно доставена до сите странки, од Министерството за економија велат дека сè...

Управниот Суд пресуди во полза на Еуромакс за Иловица, Здрава Котлина најавува бунт

Управниот суд во Скопје донесе одлука во полза на концесионерот за рудниците во Иловица, „Еуромакс Рисоурсес“ чие барање за дозвола за експлоатација на минерални суровини лани беше одбиено од страна на Министерството за економија. Со ова решение, Управниот суд ја поништува одлуката на Второстепената владина комисија која минатата година во октомври ја одби жалбата на Еуромакс на одлуката за...

„Еуромакс Рисорсис“ најавува меѓународна арбитража за Иловица

По повод одлуката на Владата еднострано да го раскине договорот за концесија за Иловица, од „Еуромакс Рисорсис“ сметаат дека ова е политичка одлука што е во спротивност со официјални изјави на Владата, дадени во јавноста неодамна како и во последните неколку денови, дека тие чекаат Управниот суд да донесе одлука за ова прашање. „Одлуката ова прашање да се реши од...

Рудник во Иловица ќе нема, Владата го раскина договорот со „Еуромакс“

Владата го раскина договорот за рудникот Иловица, соопшти денес владината прес служба. Во соопштението се вели дека на вчерашната седница што се одржа во Куманово беше донесена одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот  Иловица во општина Босилово. Владата информира дека Договорот за концесија за експлоатација...

В сабота мирен протест „за потсетување и охрабрување“ на владата за Иловица

Активистите на „Здрава котлина“ од Струмица денес ги повикаа жителите на струмичкиот крај, како и скопјани да им се придружат на протест пред Владата в сабота, 23 ноември, во 12 часот поради тоа што „сè уште се одложува конечното решение на проблемот со рудникот за бакар и злато Иловица“. Во јули 2019, Министерството за економија го одби барањето за дозвола...

„Еуромакс Рисорсис“ ја тужи државата за рудникот Иловица

„Еуромакс Рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд, откако Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен ја потврди одлуката на Министерството за економија да му се одбие барањето за дозвола за експлоатација на „Еуромакс Рисорсис“, информираат од компанијата која досега беше концесионер на рудникот за бакар и злато Иловица во струмичко. „Ние сме...

Договорот за концесија за Иловица пред раскинување, државата има аргументи и за меѓународен суд

Министерот за економија Крешник Бектеши ја потпишал предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со „Еуромакс“, соопшти на денешната прес конференција. Сега сме пред конечната одлука, рече Бектеши. Тој најави дека она што следи е низ владина процедура да се донесе соодветна одлука. „Секако дека ниту ние како влада нема да седиме со скрстени раце. Токму поради тоа внимателно ги запазивме сите...

„Еуромакс“ ќе се жали, најавува и меѓународна арбитража за рудникот Иловица

Компанијата „Еуромакс Рисорсис“ ќе се жали на суд на одлуката на владината комисија, откако Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен ја потврди одлуката на Министерството за економија да го одбие барањето на ЕЕуримакс“ за дозвола за експлоатација. Ова преку веб-страницата на компанијата беше соопштено денес на јавноста лично од страна на...

Во Иловица веќе се слави, а владата го има последниот збор за рудникот

„Со голема радост и возбуда ве известуваме дека Рудник на смртта во Иловица и Штука – нема да има, ова е голема победа за екологијата во Македонија“, објавија денес еколошките здруженија од Струмица и струмичките села Штука и Иловица откако во медиумите осамна веста дека второстепената Комисија за одлучување во управна постапка донесла одлука со која се одбива жалбата...

И по законскиот рок Владата без решение за Иловица

Вчера измина законскиот рок во која Владата требаше да се изјасни по жалбата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ по укинувањето на концесијата за рудникот Иловица. Компанијата, како концесионер на струмичкиот рудник за бакар и злато, на 25 јули упатил жалба на решението за одбивање на дозволата за Иловица  кое Владата го донесе на 4 јули  годинава откако било утврдено дека...

Случајот Иловица сè уште без целосен епилог – рокот за жалба на „Еуромакс“ истекува утре

Прашањето на иднината на рудникот Иловица сè уште официјално не е затворено иако изминаа повеќе од две недели откако владата донесе решение за одбивање на барањето на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ да им биде дадена дозвола за експлоатација на бакар и злато од рудникот Иловица. Официјално, рокот за жалба на концесионерот истекува утре, 15 дена по приемот на решението на...

„Еуромакс“ ќе се жали на одлуката за Иловица, активистите слават „победа на граѓаните и медиумите“

Информирани сме за владината одлука, се вели во писмениот одговор од „Еуромакс Рисорсис“, компанија - концесионер на рудникот за бакар Иловица, чиешто барање за издавање на дозвола за експлоатација на рудното богатство беше одбиено на денешната седница од страна на македонската Влада. Претходно Министерството за економија утврди дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот...

Владата денеска без одлука за Иловица, блокадите против рудникот продолжуваат

Владата денеска нема да одлучува за судбината на рудникот Иловица. Редовната седница ќе се одржи во четврток, информираат од Владината прес-служба. На претходната владина седница, пред една недела, Владата го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина - бакар и злато, на „Еуромакс рисорсис“, на локалитетот „Иловица“, Општина...

Од „Еуромакс“ внимателни, а жителите и екологистите скептични за судбината на рудникот Иловица

Жителите на струмичките села Штука и Иловица веќе десетти ден го блокираат влезот во концесискиот простор на рудникот за бакар и злато Иловица, иако Владата одлучи да го задолжи Министерството за економија да утврди дали има правен основ за укинување на концесијата за рудникот, а извори од Илинденска бр.2 велат дека практично одлуката е донесена. Жителите и екологистите сè...

Концесијата за Иловица ќе биде одземена, мора да се запазат законските процедури

Одлуката за одземање на концесијата за рудникот Иловица е практично донесена, бидејќи се стекнати формално-правно условите за раскинување на договорот со концесионерот „Еуромакс Рисорсис“, брифираат извори од владата. Ова практично значи дека, по истекот на седумте дена, дадени на денешната владина седница на Министерството за економија за „да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на...

Владата не пресече за рудникот Иловица, месното население најавува интензивирање на протестите

Владата на денешната 141. седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија „да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина - бакар и злато“, на „“Еуромакс Рисорсис“ на локалитетот „Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село, и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот. Ова е епилогот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...