fbpx

Владата денеска без одлука за Иловица, блокадите против рудникот продолжуваат

-

Владата денеска нема да одлучува за судбината на рудникот Иловица. Редовната седница ќе се одржи во четврток, информираат од Владината прес-служба.

На претходната владина седница, пред една недела, Владата го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на „Еуромакс рисорсис“, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

Министерството за економија имаше рок од една недела да ја изготви информацијата и да ја достави на Владата, но сè уште нема информации дали оваа информација задутре ќе се најде на дневен ред на Влада. Од прес-службата информираат дека е можно таа точка да биде и дополнително вметната во дневниот ред.

Во меѓувреме, локалното население на селата Иловица и Штука веќе 16-ти ден протестираат против отворање на рудникот. Протестот, кој започна како блокада на влезот во концесискиот простор на рудникот за археолозите на струмичкиот Археолошки музеј и на работниците на Еуромакс со цел да ги спречат да извршат археолошки ископувања на тој терен, локалното население го претвори во своевиден бунт против рудникот.

„Еуфоријата поради исчекување на одлуката на Владата за рудникот во текот на денот се претвори во големо разочарување и гнев кога дознавме дека Владата ја одложила седницата за во четврток, со самото тоа и прашањето за рудникот. Остануваме и утре на блокадите“, вели Милена Зафирова, активист од Младите на Штука и Иловица против рудникот.

Иљо Малинов, од Штука, еден од гласните поборници за забрана на отворање на рудникот Иловица вели дека нема веќе место за одолговлекување, оти сè е слушнато и кажано и дека очекува премиерот да каже „нема да има рудник“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...