fbpx
Таг: Доналд Трамп

таг: Доналд Трамп

Трамп доби доволно делегати за номинација за претседател на САД

Милијардерот Доналд Трамп го достигнал потребниот број на делегати потребни за да биде избран за кандидат за претседател на САД од Републиканската партија, јавуваат светските агенции. Трамп, според информациите, има 1.238 делегати, еден повеќе од што е потребно за да ја добие кандидатурата на партиската конвенција која треба да се одржи во јули во Охајо. Според правилата, потребно е мнозинство од...

Клинтон: Трамп би можел да ја банкротира Америка

Претендентката за номинација за кандидат на Демократската партија на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон изјави дека економската политика на Доналд Трамп ќе придонесе за намалување на платите, работните места и за зголемување на долгот. Клинтон, обраќајќи се на конвенцијата на синдикатите во Детроит, рече дека Трамп би можел да ја доведе до банкрот Америка, како што тоа го направил...

Трамп: Ако станам претседател, нема да имам добри односи со британскиот премиер

Кандидатот за претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп, изјави дека доколку победи, најверојатно нема да има добри односи со премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, бидејќи тој ја отфрлил неговата идеја за забрана за влез на муслимани во САД, нарекувајќи ја „глупа и погрешна“. Камерон го критикуваше Трамп во британскиот парламент поради неговиот став за муслиманите и порача дека Велика...

Сандерс ја победи Клинтон во Западна Вирџинија

Демократскиот кандидат на внатрепартиските избори за претседателска номинација, Берни Сандерс, ја порази ривалката Хилари Клинтон во Западна Вирџинија, иако таа ја однесе победата во Небраска. Во таборот на републиканците, пак, Доналд Трамп ја продолжи победничката низа. Сандерс на собирот во Орегон рече дека ќе се бори докрај за секој глас и оти ќе учествува на конвенцијата на демократите во Филаделфија...

Кејсик се откажа, Трамп останува републикански кандидат за претседател

Милијардерот Доналд Трамп обезбеди републиканска номинација за претседателски кандидат, јавуваат американските медиуми. Сенаторот од Охајо, Џон Кејсик, одлучи да се повлече од трката, што значи дека Трамп повеќе нема партиски противкандидати, пишува „Би-би-си“. Во редовите на републиканците, по објавата на веста настана општ хаос, па многумина на социјалните мрежи порачаа дека ќе се откажат од републиканското членство, палејќи ги партиските книшки. Други,...

Тед Круз се повлече од трката за номинација за републикански кандидат за претседател

Сенаторот од Тексас, Тед Круз, кој се бореше за номинација на републиканците за кандидатура за претседател на САД, објави дека се повлекува од трката за Белата куќа по победата на милијардерот Доналд Трамп на внатрепартиските избори во државата Индијана. – Со огромно жалење соопштувам дека ја прекинувам кампањата - изјави Круз пред своите приврзаници во Индијанаполис. Претседателот на националниот комитет на...

Трамп со убедлива победа на прелиминарните гласања за претседателски кандидат

Кандидатот на Републиканската партија за претседателска ниминација во САД, Доналд Трамп, победи на прелиминарните гласања во сите пет сојузни држави што се одржаа вчера, додека кандидадката на демократите, Хилари Клинтон, ја однесе победата во четири од пет држави, јавуваат светските медиуми. Трамп, кој победи во Конектикат, Делавер, Мериленд, Пенсилванија и во Роуд Ајленд, беше наречен „најизвесниот кандидат“ за претседател од републиканскиот...

Трамп: Акцијата на Круз и на Кејсик е безнадежна

Кандидатот за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп, ја оцени одлуката на своите противкандидати, Тед Круз и Џон Кејсик, како „безнадежна“. „Леле, штотуку е соопштено дека Тед лажгото и Кејсик се обединиле во обид да ме спречат да ја добијам кандидатурата“, напиша Трамп на „Твитер“. Штабовите на кандидатите за републиканската номинација, Круз и Кејсик, синоќа објавија дека почнуваат заедничка стратегија. Круз ќе ги...

Круз и Кејсик заедно против Трамп

Штабовите на Тед Круз и на Џон Кејсик, кандидати за републиканска претседателска номинација, соопштија дека почнуваат заедничка стратегија за да оневозможат Доналд Трамп да добие номинација. Штабовите на Круз и на Кејсик издале соопштенија во кои се наведува дека Круз ќе ги фокусира ресурсите за победа во Индијана, додека Кејсик ќе се фокусира на западните држави, меѓу Орегон и Њу Мексико. Трамп...

Клинтон и Трамп со убедлива победа на предизборите во Њујорк

Хилари Клинтон добила доверба од 60 отсто од демократите, додека њујоршкиот милијардер оствари голема победа во својата матична држава, со што доби силен ветер во едрата, освојувајќи 1.237 гласови од партискиот електорат, кои му се потребни за номинација. Клинтон веќе еднаш ја претставуваше оваа држава како сенаторка во американскиот Конгрес. Таа со победата си ги зголеми своите шанси за партиска...

Демонстрантите во Њујорк го споредија Трамп со Хитлер

Неколку стотици лица демонстрираа во Њујорк против претендентот за номинација за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, споредувајќи го со Адолф Хитлер. Протестите се одржаа синоќа пред еден хотел на Менхетан, каде Трамп со ривалските кандидати се наоѓа на подготовки. Учесниците на протестот носеле постери, споредувајќи го Трамп со Хитлер, обвинувајќи го дека е расист и оти...

Тепачка на синоќешниот митинг на Трамп

На синоќешниот митингот на кандидатот за претседателска номинација на републиканците, Доналд Трамп, во Питсбург, избил судир меѓу неговите приврзаници и противници, кои истовремено се собрале во центарот на градот, соопшти полицијата. Додека приврзаниците на Трамп, по завршувањето на митингот, си заминувале, скандирајќи „Изградете го ѕидот“ (против имигрантите) и „Америка, Америка“, неколку стотици противници извикувале погрдни зборови и пцости. Двете страни...

Македонци од Велес со пропагандни портали работат во корист на Доналд Трамп

Најмалку шест веб-страници што пренесуваат пропагандистички вести во корист на потенцијалниот кандидат на Републиканската парија за претседател на САД, Доналд Трамп, се регистрирани од Македонци што живеат во Велес! Според сопствениците на овие веб-страници, Велес е преплавен со вакви и со слични „портали“ во потрага по повеќе кликнувања и по заработка. Петтемина млади велешани, со кои „Мета“ контактираше, посочуваат дека финансискиот надомест им е...

Тепачка на митингот на Трамп во Њујорк

На митингот на претендентот за републиканска кандидатура за претседател на САД, Доналд Трамп, во Њујорк, забележани се неколку инциденти, а неговите приврзаници и противници се степале, соопшти полицијата. Полицискиот комесар на округот Насау, Томас Крамптер, рече дека на собирот се уапсени две лица што се степале. Исто така, шест лица се хоспитализирани, а седум добиле помош на местото на настанот поради несвестица...

Фаворитите Трамп и Клинтон доживеаја пораз во Висконсин

Републиканскиот претседателски кандидат Тед Круз на предизборите во сојузната американска држава Висконсин однесе голема победа над конкурентите Доналд Трамп и Џон Кејсик. Со тоа се комплицира понатамошната трка за републиканска претседателска номинација. Истовремено, демократскиот кандидат Берни Сандерс остври значајна предност над фаворизираната поранешна прв дама и државна секретарка, Хилари Клинтон. Трамп и понатаму е во водство, но имајќи предвид дека во...

Уапсен менаџерот на кампањата на Трамп

Полицијата во Флорида денеска го упаси Кори Левандовски, менаџер на кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Како што се наведува во полициското соопштение, Левандовски е обвинет дека за време на предизборниот митинг на Трамп, одржан на 8 март, намерно и ја зграбил раката на поранешната новинарка на конзервативната медиумска куќа „Брајбарт“, Мишел Филдс, нанесувајќи и модринка. Трамп изјави дека Левандовски...

Клинтон и Трамп победија во Аризона

Водечките кандидати на Републиканската и на Демократската партија за претседателските избори во САД, Доналд Трамп и Хилари Клинтон, остварија победа на партиските гласања во Аризона. Британскиот јавен сервис „Би-би-си“ јавува дека главно прашање во предизборната кампања била имиграцијата. Резултатите од анкетата покажуваат дека антиимигрантската порака на Трамп е добро прифатена кај конзервативните гласачи во Аризона, каде најголем дел од населението се...

Заканувачки писма за синот и за сестрата на Доналд Трамп

Сестрата на Доналд Трамп, која е судијка во апелацискиот суд во Филаделфија, Маријан Трамп, добила заканувачко писмо слично на писмото што го добил и еден од синовите на републиканскиот кандидат за номинација за претседателските избори во САД. Полицијата во Филаделфија соопшти дека ФБИ и тајната служба го истражуваат овој случај, но не соопшти повеќе детали. Ерик Трамп, синот на Доналд Трамп, во заканувачкото...

„Економист интелиџенс јунит“: Трамп е закана за светската економија и безбедност

Угледната британска истражувачка организација „Економист интелиџенс јунит“ (ЕИУ) предупреди дека ако Доналд Трамп стане претседател на Америка, тоа може да ја загрози светската економија, да ја зголеми заканата од исламистички терористички напади и да ја разгори трговската војна на САД со Мексико и со Кина. ЕИУ заканата што ја претставува Трамп ја оцени со 12 на скалата до 25, односно со иста оцена...

Клинтон го „истурка“ Сандерс, а републиканецот Рубио се повлече од трката

Сенаторот од Флорида, Марко Рубио, синоќа се повлече од трката за номинација за претседателски кандидат на Републиканската партија за престојните избори во ноември, откако беше поразен на предизборите што се одржаа во десетина сојузни американски држави. Во трката на републиканците остануваат Доналд Трамп, Тед Круз и Џон Кејсик. Одлуката за повлекувањето, Рубио ја соопшти откако Доналд Трамп го порази и во...