fbpx
Таг: ДИК

таг: ДИК

Рилкоски: Не сум оптимист дека бројни слабости ќе бидат отстранети до изборите

Во сите претходни изборни циклуси се детектирани бројни слабости, но не сум оптимист дека тие во целост ќе бидат отстранети за претстојните парламентарни избори, кои ќе се одржат наредната година, вели претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски. - Ненавремениот увид во избирачките списоци, влијанието и притисоците од политичките партии врз гласачите и членовите на избирачките одбори, притисоците и манипулациите...

Собранието ќе распише оглас за избор на членови на ДИК

Пратениците денеска на пленарна седница ќе треба да ја одобрат одлуката за Собранието да распише оглас за избор на членови на Државната изборна комисија. Во составот на Државната изборна комисија, според новиот Изборен законик, треба да има тројца членови од власта, тројца од опозицијата и тројца експерти. Сите заинтересирани кандидати пријавата за учество и лична биографија, како и потребните документи, оригинал...

На избирачкиот список ќе има и фотографии од гласачите?

На избирачкиот список ќе има фотографии од гласачите, а со тоа ќе се спречи еден гласач да гласа двапати. Ова е едно од прашањата за кои се согласиле партиите на вчерашните средби на работните групи, информираат од СДСМ. Од партијата велат и дека во предлогот за изборниот законик пишувало дека ќе има неограничена теренска проверка на избирачкиот список, секаде каде...

Груби: Во ДИК ќе мора да се гласа со консензус

Постигнат е договор за дијаспората, за одлучувањето во ДИК и за избирачкиот список, рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби, по завршувањето на денешната средба на работните групи. - Ги добивме сите битки, за сите одлуки што ќе ги носи ДИК, ќе мора да се гласа консензуално. Тоа е еден вид Бадентер во кој Македонците ќе мора да ја имаат поддршката и...

СДСМ: Нека дојде Груевски да ги води преговорите за изборната регулатива

Речиси целиот вчерашен ден преговарачите во работните групи го поминале на паузи и во билатерални средби со меѓународните преставници, дознава „Мета“ од извори од СДСМ. Тие велат дека на почетокот на средбата, меѓународните преставници дале предлог-закон во кој биле содржани претходни преговарачки предлози и препораки од ОБСЕ-ОДИХР со кои сите партии биле запознаени. Од СДСМ не се големи оптимисти дека и денеска ќе се...

Коцијанчич: Напредок за изборната регулатива и за ДИК мора да се постигне итно

„Комесарот одблизу ја следи имплементацијата на политичкиот договор во Скопје. Тој е запознаен со пролонгирањето на одлуката што треба да се донесе, а регулира важни прашања“, вели Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот Јоханес Хан. - Комесарот е загрижен дека некои од роковите што ги договорија политичките лидери не се испочитувани. Напредок за изборната регулатива и за ДИК мора да се постигне итно...

Денеска нова средба на работните групи за изборната регулатива

По три дена пауза, денеска во 13.30 часот повторно е закажана средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, дознава „Мета“. Oлеснувачот Питер ван Хојте на средбата треба да достави нацрт-предлог на изборниот закон, кој ќе го презентира пред претставниците на политчките партии. „Мета“ дознава дека договорен е само изборот и начинот на одлучување на државната изборна комисија,...

Денеска нов обид за усогласување на ставовите за изборното законодавство

По еден ден пауза, денеска, во Клубот на пратеници, се очекува да продолжат разговорите за изборното законодавство и за избирачкиот список. Како што најавија вчера членови на опозицијата, денеска се очекува странците да достават готова верзија на изборниот законик, а партиите да се изјаснат. Иако од партиите информираат дека поголемиот дел прашања се затворени, тие сè уште не можат да постигнат...

Денеска истекува рокот за договор за изборна регулатива

Денеска е последниот ден од рокот за работните групи да постигнат договор за изборната регулатива, како што е предвидено со Договорот од Пржино. Како што информираат од партиите учеснички во преговорите, работните групи последната средба ја имале во неделата, но не бил постигнат никаков договор. Единствено нешто за што досега партиите се согласиле е членството на Државната изборна комисија (ДИК) да има...

Општина Карпош: СДСМ се најголемите лажговци на политичката сцена

„Најголемите лажговци на политичката сцена во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз предводен од Бранко Црвенковски и од Зоран Заев, не престанаа да се занимаваат со кражби. Овојпат, измислија кражба на зеленилото во Карпош. Наводно, Општината ќе им ги украла зеленилото и дрвјата на граѓаните и тоа, ни помалку ни повеќе, преку урбанистички план“, реагираат од Општина Карпош на прес-конференцијата на советничката...

Хојте се врати од викенд, продолжуваат средбите на работните групи

Денеска, во 13 часот, во Клубот на пратеници ќе продолжат средбите на работните групи за изборното законодавство. Како што информираат претставници на политичките партии, кои се учесници во работните групи, деновиве не се очекува да се постигне договор. Крајниот рок за постигнување договор за изборното законодавство е 6 октомври, а договор се очекува да се постигне исто како и за...

Британски експерт ќе ни ги решава проблемите со медиумите

„Интересна средба“, беше кусиот коментар на олеснувачот на преговорите на партиите потписнички на Договорот од Пржино, Питер ван Хојте, за денешните разговори за состојбата во медиумите. Како што дознаваме, двајцата претставници на владејачката структура во работните групи, Билјана Бришковска од Министерството за правда и Артан Груби од ДУИ, предвреме го напуштиле состанокот. Инаку, на почетокот на средбата, своја презентација за...

Повторно протест пред Собрание, граѓаните бараат измена на Законот за амнестија

Граѓанската иницијатива за донесување закон за амнестија на осудениците и денеска протестира пред Собранието. Како што велат граѓаните што протестираат, Владата има време до утре да испрати известување до Државната изборна комисија дека треба да дозволи да се соберат 10.000 потписи за да се поднесе амандман до Собранието за измена на Законот за амнестија. Една од измените што оваа граѓанска иницијатива ќе...

Бадентер влегува во ДИК?

Денеска се очекува да се постигне целосен договор околу составот и изборот на ДИК. Според нашите информации од политичките партии, прифатлив е предлогот на ДУИ, со Бадентерово мнозинство да се носат одлуките во новоизбраната Државна изборна комисија. Веќе е познато дека најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ, според кој тие ќе...

Ван Хојте: Многу сме блиску до договор

Денеска разговаравме за изборните закони и морам да кажам дека има сериозен напредок, изјави белгискиот експерт Питер ван Хојте, по завршувањето на средбата на работните групи на која се разговараше за Изборниот законик. Како што вели тој, разговорите изминативе неколку дена биле многу продуктивни и конструктивни како и преговарачите кои давале огромен напор за да се постигне резултат. Ван Хојте...

Работните групи ќе се договараат за избирачкиот список

Работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, денеска, повторно во Клубот на пратеници ќе се обидат да најдат решение за спорните точки поврзани со предвремените парламентарни избори закажани за април 2016 година. Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ според кој тие ќе се...

Работните групи се договорија за изборот на членови на ДИК

Работните групи на политичките партии потписници на Договорот од Пржино денеска постигнаа договор за избор на членови на ДИК. Тие го прифатиле предлогот на СДСМ, составот на ДИК да биде оформен по формулата 3+3+3, односно тројца членови предложени од опозицијата, тројца од власта и тројца експерти избрани со двотретинско мнозинство од парламентот, дознава „Мета“ од извори од работните групи. Како што...

Активната регистрација договорена, на маса Македонија како една изборна единица

Почна денешната средба на претставниците на работните групи во Клубот на пратениците на која се очекува да се дојде до некое решени околу регистрацијата на избирачите во Избирачкиот список. Најверојатно ќе се прифати решението за активна регистрација на гласачите, а СДСМ исто така денеска ќе предложи Македонија да биде една изборна единица. Претставници од СДСМ во работните групи денеска ќе бидат...

Изборен законик, ДИК, дијаспора: Што бараа, а што ќе договорат партиите?

По завршувањето на последната средба на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино во делот за  околу изборното законодавство, ДИК, избирачкиот список, гласањето на дијаспората, неофицијални извори од преговарачки тимови брифираа дека е постигнат „некаков напредок“ за избирачкиот список и дека денеска би можело и да се очекува официјална изјава од преговарачките тимови. Во меѓувреме во медиумите се појавија низа...

Денеска нова средба на работните групи и надеж за договор

Договор меѓу политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, според најавите од учесниците во работните групи, би требало да има денеска, на средбата која ќе почне во 15 часот, во Клубот на пратениците во Скопје. Прашањето за избирачкиот список, како што дознава „Мета“ е речиси договорено, а се уште има мали несогласувања околу начинот на гласањето на дијаспората. Граѓанската организација МОСТ вчера беше повикана...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...