fbpx

Груби: Во ДИК ќе мора да се гласа со консензус

-

Постигнат е договор за дијаспората, за одлучувањето во ДИК и за избирачкиот список, рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби, по завршувањето на денешната средба на работните групи.

– Ги добивме сите битки, за сите одлуки што ќе ги носи ДИК, ќе мора да се гласа консензуално. Тоа е еден вид Бадентер во кој Македонците ќе мора да ја имаат поддршката и од албанските преставници во ДИК за да донесат одлука – рече Груби.

Тој додаде дека избирачкиот список ќе се прочистува теренски, но не целосно.

Како одговор на новинарско прашање што ќе се случува понатаму со преговорите, Груби рече дека се надева дека тие утре ќе продолжат.

– Се надевам дека ќе се надмине оваа ситуација со Специјалното јавно обвинителство и дека СДСМ утре ќе се врати на преговори – рече Груби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...