fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Министерството за здравство ја демантира ВМРО-ДПМНЕ, во лабораториите има тестови и реагенси за ковид-19

Откако опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ утрово излезе со соопштение во кое тврди дека државните лаборатории во земјава се оставени без реагенси и го постави прашањето дали се прават доволно ПЦР тестови, од Министерството за здравство стигна демант на тврдењето на опозицијата дека граѓаните молат за термин за тестирање. „Министерството за здравство ги осудува лагите кои ги пласира партијата ВМРО-ДПМНЕ и ја...

Текстилни влакна лажно претставени како чипови што излегуваат од ПЦР тестови и маски

На споделеното видео не е претставена ниту заштитна маска, ниту ПЦР тест, како што се тврди во постот, туку е направен манипулаторски обид да се направи паралела меѓу паразити кои излегуваат од скакулец, со наводно постоење на исти такви паразити во заштитната опрема и во тестовите за детекција на коронавирусот. Во постот преовладува тврдењето дека ПЦР тестот и маската...

Вистиномер: Авторка на книги за готвење лажно тврди дека со ПЦР тестот се вметнува чип

Tестирањето за ковид-19 не вклучува собирање примероци од крв, како што се тврди во постот на Фејсбук. ПЦР тестот се прави со земање брис, што претставува стапче со памучен врв. Стапчето се става во носот и во грлото, процедура која што нема никаква врска со собирање крв. ПЦР тестот, со којшто се детектира коронавирусот, е одобрен од Светската здравствена...

Контраспин: Со радосни вести и оптимизам против колективна депресија

Колку дози оптимизам се потребни да се одржи духот позитивен, кога дневно битката со тешкиот вирус ја губат по 35, дури и по 50 лица?  Па, тоа е секојдневно по еден речиси полн патнички автобус! Тоа е страшно, жално, тоа е трагедија која се случува пред нашите очи. Нема тука друг опис. Не може на тие семејства, кои изгубиле...

Вистиномер: Сцена од видеоспот за рап-песна злоупотребена за манипулација дека ковид-19 е измама

Фотографијата, која се споделува во оваа објава на Фејсбук, всушност, е извадена од видео спот на рап-песна објавена во септември 2020 година. Таа не е на ниеден начин поврзана со ковид-19 пандемијата, ниту, пак, со починатите од неа. Таа нема никаков допир со реалната состојба на терен во болниците и е снимена од видео продукција. Во сцените снимени за...

Вистиномер: Морбидна манипулација е дека кралицата Елизабета пие детска крв за својата виталност

Скандалозна манипулација со фрејминг, односно со намерно изоставување на клучни информации и додавање други, лажни, неточни информации го карактеризира постот што го рецензираме на Фејсбук, а кој има постигнато виралност од над 44 споделувања, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, што ја пренесуваме во целост. Во него, всушност, е поставена фотографија од вест објавена на ТВ „Канал 5“ за кралицата...

Вистиномер: Во Грција може да оди секој кој ќе се вакцинира или има имунитет на ковид-19, за тоа не одлучува Бектеши

Нападот врз министерот за економија Крешник Бектеши од страна на пратеникот Павле Трајанов е неоснован и неумесен, пишува Вистиномер.мк во својот најнов Контраспин, што го пренесуваме подолу. „Најавата на грчките власти дека за граѓаните од Србија ќе биде отворена туристичката сезона на 15 мај, во земјава донесе изјави и текстови во медиумите во кои се бара нашите власти да издејствуваат...

КриТинк: Случајот со д-р Дејан Докиќ ја покажа важноста на брзата проверка на факти на Фејсбук

Брзата проверка на факти од страна на „Вистиномер“ значително го намали ширењето на дезинформациите за ковид-19 припишани на лекарот д-р Дејан Докиќ, образложува КриТинк.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Угледниот лекар д-р Дејан Докиќ реагираше на ширењето на вирален пост на Фејсбук со кој се дезинформира во врска со неговите ставови и препораки поврзани со пандемијата ковид-19. Во утринските часови на...

Вистиномер: Фалсификуван наводен став на доктор Дејан Докиќ, кој што не е негов, се шири на Фејсбук

На Фејсбук се прошири и стана вирален пост за кој се тврди дека е на директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Дејан Докиќ. Во него се споделува став за состојбата со пандемијата на коронавирусот во земјава, кој што не е на лицето на кое што се атрибуира, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост. ВАЖНО...

Дезинформација е дека се вакцинирале министри против ковид-19, демантираат од Владата

Утрово од Владата ја демантираа информацијата која ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, а е во врска со вакцинирањето против ковид-19 на дел од министрите во Владата. „Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба...

Филипче: Покрај борбата за вакцини се бориме и со лажните вести кои што ВМРО-ДПМНЕ ги шири

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во Собранието одговарајќи на прашање на пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата дека владини функционери преку ред се вакцинирале против Ковид 19. Филипче посочи дека вакцинацијата во земјата се води исклучиво според Националната стратегија за имунизација и никој не го злоупотребил процесот. „Знам дека сакате да не успееме во нашата борба за да...

Вистиномер: Вакцината против ковид-19 нема да ја промени вашата ДНК

Во десетминутниот говор прикажан на видеото Тал Закс од „Модерна“  зборува за превенција и третман на болестите со нови методи. Наспроти тврдењето искажано во објавата на Фејсбук, дека ќе се промени генетскиот код, кое е извадено од контекст,  од образложението на Закс не произлегува дека ќе се промени ДНК на вакцинираната личност. Исто така, повеќе официјални извори, медицински тела,...

Критинк: Сцената на заговор како сцена на злосторство

Светот на заговори е црно-бел бидејќи е полн со драстични контрасти и драматични противречности. Од нивните судири и спротивставености се подаваат долги сенки, кои се надвиснуваат над обичните животи, внесувајќи напната неизвеснот во исчекување на катаклизмички настани со уништувачко дејство врз поединците. Овие настани, сместени во епицентарот од навестуваниот потрес на системот, се плод на теории на заговори. Да...

Мобилната апликација „ХелтБади+“ достапна и на македонски и на албански јазик

ХелтБади+ е апликација која отсега е достапна на македонски и на албански јазик што треба да им помогне на граѓаните да се борат против против ширењето на корона вирусот, но и против дезинформациите сврзани со него. ХелтБади+ може да се инсталира на мобилните телефони со оперативен систем Андроид, но и да се користи преку интернет, на посебната веб-страница. Оваа апликација/програма/веб-сајт...

Вистиномер: Фејсбук пост дезинформира дека руската вакцината се набавува преку Србин со полициско досие

Тврдењето дека македонските власти за посредник при набавка на вакцината Спутник V именувале Србин кој живее во Швајцарија и кој има полициско досие во Србија, е невистинито. Ова беше демантирано и од Руската амбасада во Скопје и од Министерството за здравство од каде што нагласуваат дека набавката на вакцината се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во...

Дезинформација е дека на партиските избори се гласаше во училиштата, велат од МОН

Министерството за образование и наука (МОН) ги отфрли како невистинити информациите дека на внатрепартиските избори кои се одржаа во неделата, а на кои се бираше претседател на Социјалдемократскиот сојуз, гласањето се одвивало во училиштата. Станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација, велат од МОН. „Не се гласало во ниту едно училиште на територијата на Република Северна Македонија“, додаваат оттаму потенцирајќи...

Вистиномер: Претседателот на Танзанија не бил убиен, туку починал во болница од здравствени причини

Потпретседателката на Танзанија, Самија Сулуху, причината за смртта на шеесет и едногодишниот претседател Џон Магуфули не ја лоцира во никакво убиство, туку посочи дека имал здравствени проблеми, односно срцево заболување. „Википедија“, повикувајќи се на изјава од потпретседателката Сулуху, пишува дека  претседателот имал коморбидитети повеќе од 10 години, а, исто така, наведува дека постоеле шпекулации во најмалку два наврата дека...

Вистиномер: „АстраЗенека“ не е кинеска фирма и не е точно дека „умреле сите кои ја примиле оваа вакцина“

„АстраЗенека“ е британско-шведска мултинационална, фармацевтска и биотехнолошка компанија со седиште во Кембриџ, и, оваа компанија нема 45.000, како што се тврди во постот на Фејсбук,  туку 70.600 вработени. Во повеќе земји каде се аплицираше вакцината  „АстраЗенека“ се појавија случаи на несакни ефекти – згрутчување на крвта,  па некои европски држави привремено го запреа вакцинирањето со оваа вакцина. Од компанијата...

КриТинк: Лажна наградна игра го злоупотребува брендингот на Македонски Телеком

На корисници на интернет од Република Северна Македонија им се нуди учество во лажна наградна игра во форма на анкета за услугите на „Македонски Телеком“, која нема никаква врска со оваа компанија и има за цел крадење на лични податоци, пишува КриТинк.мк во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост. При посета на различни странски сајтови, во форма...

Вистиномер: Дезинформација е дека на пописот во Швајцарија сме именувани како „северномакедонци“

Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека на пописот во Швајцарија, Mакедонците можат да се попишат како северномакедонци, а не како Македонци. Притоа, понуден е принтскрин како доказ за тврдењето, на германски јазик. Но, доколку проверите на германски што значи напишаното, ќе сфатите дека ова е дезинформација и извртување на вистината, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа. Постот пренесува напис...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...