fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Вистиномер: Не, ракот не исчезнува со четири лажици ореви, мед и лимони дневно!

Објава на социјалната мрежа Фејсбук дезинформира дека мешавина од: мед, лимони, лук, пченица и ореви, е чудотворен лек за рак. Врз основа на медицински мислења на двајца доктори, директорот на Клиниката за онкологија и уште еден лекар од истата клиника, оценуваме дека не е вистина оти храната е лек против ракот, иако секој човек треба да се храни здраво...

Наумов: Новинарот мора на време да го прекине соговорникот што шири дезинформации или говор на омраза

Здружението на граѓани „Медиа Плус“ во рамките на својата работа на справување со дезинформации, објави и видео со разговор и сведоштва на новинари од „Канал 77“ за можноста дезинформации и говор на омраза да „се протнат“ во контактни емисии, односно во емисии во живо. Емисиите во живо, особено популарни кај граѓаните со нивно учество како слушатели или гледачи, донесоа нов...

КриТинк: Кус водич низ светот на заговорите

Овој текст првобитно објавен на crithink.mk е замислен како прошетка низ свет полн со заговори, погледнат низ очи на верувачите во теории на заговори. Треба да го запознаеме и да научиме како да го препознаваме, зашто во секој од нас постои таков верувач, а сплетот од надворешни околности може лесно да ги разбуди овие наши слабости и склоности, пишува...

Вистиномер: Мобилна апликација за училишта искористена Бил Гејтс да се престави како демон и антихрист

Апликацијата „Дејли Пас“ генерира уникатен бар-код за секој ученик и член на персоналот што ќе дозволува влез на одредена локација во градот Лос Анџелес. Бар-кодови ќе се добиваат врз основа на негативен тест за корона вирусoт или со самоизвестување дека немаат симптоми на вирусот. Целта на оваа апликација, покрај тоа што ќе помага да се одржи безбедноста, е да...

Милошоски и Богојески контра Каракачанов: Немаме бугарски пасоши

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, при денешната посета на Штип, прашан за наводите на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов дека Милошоски и неколку други пратеници, функционери на ВМРО-ДПМНЕ или нивни роднини, имаат бугарски пасоши, одговори дека тоа е обид за дефокусирање на јавноста од големата афера со кинеските вакцини. И претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески, рече дека тој нема...

Сведоштва на новинарки за тоа колку лесно може човек да биде излажан од дезинформации

Здружението на граѓани „Медиа Плус“ во рамките на својата работа на справување со дезинформации, објави и видео со разговор и сведоштва на две новинарки од „Канал 77“ за напливот на дезинформации. Новинарите во секојдневната работа се соочуваат со секаков тип на дезинформации и полуинформации, поради што е потребна будност, но и располагање на факти за да се препознаат и да...

Вистиномер: Снимката од прославата во кафеана во Дебар Маало не е направена на 8 март годинава

Сопственикот на кафеаната во Дебар Маало прикажана на видеото, тврди дека снимката е стара. Инспекторката Александра Котели, која заедно со уште 7 инспектори била на терен во Дебар Маало, исто така, тврди дека состојбата прикажана на видеото не се случила на 8 Март во посочената кафеана. Имајќи ги предвид овие изјави, информацијата пласирана и на порталот и на социјалната...

Вистиномер: Манипулација е дека се укинува катедрата за македонски јазик

Во Фејсбук пост каде што се линкува текст до наводни документи за укинување на катедрата по македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет при УКИМ, изнесени се манипулативни тврдења, демантирани од страна на самата раководителка на катедрата, професорката Искра Пановска - Димкова, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа. Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев и професорката Јасна Котеска биле во...

Вистиномер: Видео полно со дезинформации и полуинформации ставено во кампања против вакцинацијата

Видеото го шири познатиот антивакцинален наратив, полуинформации и информации кои се дадени без објаснување и кои имаат за цел да ги претстават вакцините како опасни, мерките како репресија за згаснување на човековите слободи, притоа криејќи го фактот дека вакцината штити од тешките форми и тешката клиничка слика од ковид-19, пишува Вистиномер.мк. Антивакциналната кампања на Фејсбук со засилено темпо продолжува да...

Медиа Плус: Проблематична идентификацијата со „театар од Кадрифаково“ врз основа на ФБ статуси на двајца актери

Рецензираме текст под наслов „Директорката да не го спушта нивото на МНТ на ниво на драмска секција од Кадрифаково: Актерите против програмата на театарот“. Со овој наслов се заведува читателот пренесувајќи два статуси од социјални мрежи на двајца актери, со што се добива впечаток дека се работи за незадоволство од програмата на театарот од сите 50 актери во МНТ,...

Медиа Плус: Европа ќе биде затворена за македонските државјани само во новинарските текстови

Рецензираме новинарски текстови кои информираат дека дигиталниот вакцинален пасош е „готова работа“, веќе познат датумот на примена, и при тоа прашуваат дали македонските граѓани, во ситуација кога не е познато кога ќе пристигнат вакцините против корона вирусот, ќе останат зад европските граници, пишува „Медиа Плус“. Ќе останат ли македонските граѓани изолирани додека Европа се имунизира и се прават подготовки како...

Медиа Плус: Носењето маски и натаму е задолжително, а не „партал на фацата“

Маската, која е прифатена како една од основните мерки за заштита од ширењето на корона вирусот е оценета како „партал на фацата“, додека оние што ги носат навредливо оценети како луѓе на кои и „најсовршена вештачка интелигенција на која не може да му се помогне“. Ова е дел од објавата на Јадранка Бибан, која на фејсбук ја следат над 2.700...

Медиа Плус: И Христијан и Роза Мицкоски имаат македонски пасоши

Лажна вест за лидерот на најголемата опозициска партија во земјава ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави бугарската агенција БГНЕС. Медиумот пренесе дека Мицкоски е оженет со Бугарка, повикувајќи се на бугарското државјанство на Стевица Јанева, која е всушност сестра на сопругата на Мицкоски, Роза Мицкоска, пишува Медиа Плус во својата анализа. „Ако Стевица Јанева има бугарско државјанство врз основа на докажани корени,...

Медиа Плус: Од дезинформација до сајбер омраза

Тврдењето на првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев дека ќе се укинуваат катедрите по македонски јазик и по македонска книжевност беше демантирано од Филолошкиот факултет во Скопје. Меѓутоа од петокот, кога објави академик Коцарев, па до демантот во понеделникот, се случи долг викенд на силна јавна дебата, која селејќи се на социјалните мрежи премина во сајбер омраза, пишува „Медиа...

Еувсдисинфо: Од Кремљ без љубов

Ова беше напорна недела за проруските медиуми: покрај тоа што измислија „англосаксонски“ провокации и злобни глобалистички заговори со Папата, мораше да се справат и со проблеми на домашен терен, пишува „Еувсдисинфо“, пренесе „Критинк“. По бруталното разбивање на протестите во Русија за поддршка на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални, неговиот тим ги повика Русите да учествуваат на мирниот протест: да мавтаат со...

Медиа Плус: Коментаторски текст полн епитети за „боженствено убавата“ министерка Захариева искористен за лекција до Бугарите

Вест за македонско – бугарските односи во контекст на ветувањето на Бугарија за преотстапување на вакцини за македонските граѓани, е искористена за пласирање на коментар на авторот, кој министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, ја опишува со зборовите „боженствено убава“, „грациозна“ и „гламурозна“. Авторот на текстот на интернет страната на телевизијата Канал 5, всушност преку овие епитети...

ДФРЛаб: Про-Кремљ медиумите дезинформираа дека за вакцината Спутник V е успешно аплицирано за одобрување во ЕУ

Про-Кремљ медиумите брзо ја раширија веста дека Рускиот фонд за директни инвестиции успешно аплицирал за одобрување на вакцината Спутник V на пазарот на Европската унија. Истите центри, сепак, беа помалку желни да признаат дека апликацијата е поднесена преку онлајн платформа што Европската агенција за лекови (ЕМА) не ја користи од 2015 година, пишува ДФРЛаб, пренесе Критинк. Про-Кремљ изворите претходно го засилија негативното...

Вистиномер: Не е точно дека жената ќе се нарекува „родител кој раѓа”

Фејсбук пост, во којшто е споделен медиумски напис, ја дезинформира јавноста дека се воведуваат нови правила, со кои наместо мајка, жената ќе се нарекува „родител кој раѓа“, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, којашто подолу ја пренесуваме во целост. Во оваа објава, која во моментот на нашата рецензија има над 45 интеракции (реакции, споделувања и коментари), се вели: „Сатанисти !!! Орвел го...

Вистиномер: Вешто злоупотребена научна студија за кампања против маските

Студијата на д-р Леополд Сигал е вешто злоупотребена за произволно толкување дека „долготрајната употреба на маска може да придонесе за напреднат карционом на белите дробови“. Истражувањето за зголемено присуство на орални коменсални микроби во белите дробови и рак на белите дробови е спроведено многу порано од појавата на пандемијата и никаде не го поврзува носењето маски со рак на...

Вистиномер: Американски доктор претставен како 109-годишен кардиолог од Македонија кој рекламира нерегистриран лек

109-годишен кардиолог од Македонија ја споделува тајната за долговечноста и доброто здравје. Звучи интересно и примамливо за читање зар не? Она што треба да го знаете уште од сам старт дека овој доктор е лажен, лекот кој го нуди е непроверен и ова е типична онлајн измама, пишува Вистиномер.мк во новата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост. Написот кој...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...