fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Никола Груевски не е во С. Македонија, ниту, пак, бил во земјава за својот роденден

Објавата дека експремиерот Груевски е во земјава се темели само на тврдењето дека неговата Фејсбук страница има четворица администратори кои се наоѓаат во Македонија, па оттаму се вади и заклучокот дека и Груевски е тука. Логичниот заклучок е дека за високопрофилиран политичар од негов ранг и калибар, којшто е баран во земјава и за него има распишана потерница, за...

Стара фотографија од поплава во ГТЦ се прикажува како да е нова, од последното невреме во Скопје

Фотографијата од ГТЦ што се споделува на социјалните мрежи нема никаква врска со невремето што се случи на 30 август годинава. Всушност, таа е стара цели осум години. Снимена е во 2014 година, при силно невреме што се случило во мај истата година, пишува ВистиномерВистиномер. На Фејсбук страница споделена е фотографија на која е прикажана поплава во Градскиот трговски центар....

Контраспин: Едно невреме, спинови безброј

Oколу невремето во Скопје имаше спинови од двете главни политички партии во земјата – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што, од она што го забележавме во јавноста, преовладуваат спиновите од ВМРО-ДПМНЕ. Но, имаше и голем број спинови и на социјалните мрежи, а злоупотребата на невремето отиде дотаму што за поплавениот подрум во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести,...

ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА: Митови околу развојот на вештачката интелигенција

Зголемениот интерес и возбудата околу развојот на вештачката интелигенција (ВИ) изминативе децении создаде многу митови, шпекулации и неосновани тврдења, кои, воглавно, создаваат страв и сомнеж околу иднината на оваа технологија. Поради популаризирањето на оваа тематика во научно-фантастичната литература и уметноста, за едни, „семоќната“ вештачка интелигенција ќе го заземе светот и ќе го пороби човештвото, а за други - не...

Не е вистина дека Русија ѝ ги донирала на С. Македонија борбените авиони во 2001 година

Единствените борбени авиони што ги поседувала државата се четирите „Сухој СУ-25“, но не е вистина дека македонската армија ги добила како донација од Русија за време на воениот конфликт во 2001 година. Армијата овие борбени авиони ги купи, и тоа од Украина, а не ги доби како донација. Русија нема никаква поврзаност со овие четири авиони, пишува „Вистиномер“...

Влезот на земјава во НАТО не е поврзан со торнада и пожари

Официјалните податоци со кои располага Центарот за управување со кризи укажуваат на тоа дека не постои тенденција на зголемување на бројот на пожарите во земјава после влезот во НАТО, споредено со истиот временски период пред тоа.  Според УХМР, минатонеделното невреме во неготинско е далеку од торнадо. Торнадото е силен вртлог со силни разорни движења заедно со силен ветер со...

Контраспин: Едно невреме, спинови безброј

Oколу невремето во Скопје имаше спинови од двете главни политички партии во земјата – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што, од она што го забележавме во јавноста, преовладуваат спиновите од ВМРО-ДПМНЕ. Но, имаше и голем број спинови и на социјалните мрежи, а злоупотребата на невремето отиде дотаму што за поплавениот подрум во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести,...

Преку лажна наградна игра се манипулираат граѓаните за да се соберат нивните лични податоци

Речиси 8 илјади граѓани се фанови на лажната Фејсбук страница на „Техномаркет“, каде што се споделува лажна наградна игра дека ќе се донираат 670 фрижидери и шпорети, ако корисниците остават лични податоци. Дека станува збор за лажна наградна игра веќе реагираа и од компанијата „Техномаркет“ од каде ги повикаа граѓаните доколку се сомневаат дека оставените податоци се злоупотребени,...

Нема докази дека мајка платила казна во Германија оти одбила да го облече синот како девојче

Училиштата се толку многу чувствителни на темата, така што она што е кажано (во видеото н.з.) е невозможно да се случило дури и на ниво на училиште. Наредба од федерално Министерство за образование врз покраината е нешто што е комплетно апсурдно, изјави за Вистиномер портпаролот на Постојаната конференција на министри за образование во Германија, Торстен Хеил, пишува „Вистиномер“...

Смртта на ќерката на Дугин злоупотребена за ширење невистини и теории на заговор

Не е вистина дека Дугин е борец против неолибералистичкиот фашизам, тој не е творец на идејата за Евроазија и БРИКС (иако е нивни поддржувач). Произволно се тврди дека убиството на ќерката на Дугин било нарачано од Џорџ Сорос и дека Сорос е творец на сатанизмот. Промоторите на теоријата на заговор Кју Анон, неосновано и непоткрепено го поврзуваат Сорос...

Медицинските работници кои го вакцинираа населението не се злосторници

Здравствените работници кои во објавата се нарекуваат злосторници, се истите оние кои  во екот на пандемијата работеа во две смени за да постигнат да ги вакцинираат сите заинтересирани граѓани, а со тоа и да ги заштитат од самиот вирус, пишува Вистиномер. Тие се нарекуваат злосторници само затоа што вакцинирале лица кои своеволно дошле да се имунизираат. Вакцинацијата не е...

Не е точно дека ЦДЦ потврдил дека мајмунските сипаници се сексуално пренослива болест

Наспроти изнесеното во постот, не е вистина дека Центарот за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) потврдил со сигурност дека мајмунските сипаници се сексуално пренослива болест. На страницата на ЦДЦ пишува дека мајмунските сипаници не се сексуално пренослива болест, но честопати се пренесуваат преку близок одржлив физички контакт, кој може да вклучува и сексуален контакт. И покрај...

Не е вистина дека Oпштина Велес потплатува поединци со по 100 евра за да молчат за последици од вакцина

Од почетокот на пандемијата на ковид-19, на социјалните мрежи беа пласирани повеќе обвинувања за наводно потплаќање од страна на Светската здравствена организација за да се „запише дека некој починал од ковид-19“, но сите тие приказни немаат поткрепа во реалноста, туку претставуваат теорија на заговор. Вистиномер уште од почетокот на пандемијата се бори со демистифицирање на таквите измислици, пишува „Вистиномер“...

Вистиномер: Неточни информации за коронавирусот, вакцините и мерките за заштита од ковид

Вистиномер.мк рецензира пост кој зборува за мерки во САД, кои што наводно биле укинати поради илјадниците тужби и тоа што дел од тамошните сојузни држави го отфрлија задолжителното носење маски и вакцинацијата. Меѓутоа, Центарот за контрола и превенција на болести на САД уште во февруари годинава најави дека ја разгледува можноста да ги олабави јавно-здравствените мерки поради тоа што...

Вистиномер: Лизгалката на оваа фотографија е сценографија за комичен филм во Канада

Оваа објава на Фејсбук шири невистини. Детската лизгалка прикажана на фотографијата во склоп на постот е поставка за снимање комичен филм во Канада и воопшто не е за употреба надвор од таа цел. Односно, детскиот реквизит е поставен исклучиво како сценографија за потребите на снимањето на филмот, по што е размонтиран, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Вистиномер: Неверодостојна приказна за дете со аутизам, се користи за да се собираат лајкови на Фејсбук

Во написот пишува дека мајката и девојчето со аутизам сакале да се симнат на постојката пред главна пошта, меѓутоа, спротивно на изнесеното, автобусот број 23 на ЈСП воопшто не поминува кај главната пошта, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува напис, во којшто се раскажува приказна...

Вистиномер: Двајца Руси и Украинец се обвинети за шпионирање на воена фабрика во Албанија

Двајца руски државјани и еден Украинец беа уапсени додека се обидувале да влезат во фабрика за муниција во местото Гримш, централна Албанија. Инцидентот се случил  на 20 август во 17.40 часот во поранешната фабрика за оружје во Албанија, која сега, според армиски извор на телевизијата „Топ чанел“, работи за потребите на НАТО.  Двајцата Руси, идентификувани како Михаил Зорин (25)...

Вистиномер: Кју Анон поддржувачите шират измислици дека Бајден и неговата сопруга се клонови

Тврдењата за наводен двојник на американскиот претседател Џо Бајден и на неговата сопруга Џил не се втемелени во реалноста и во фактите, туку се производ на бујна фантазија испреплетена со заговорнички приказни на Кју движењето за наводна контрола и доминација на светот од страна на длабоката држава и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп како спасител на светот од...

Вистиномер: Со стара фотомонтирана насловна страница се обвинува Фаучи дека ја донел СИДА-та во САД

Уште од стартот на пандемијата доктор Фаучи, националниот американски експерт за инфективни болести е честа мета на дезинформации и критики. Во  обид да се поткопа неговиот кредибилитет се споделува и оваа дигитално изменета фотографија која го става Фаучи во центарот на кризата со СИДА во осумдесеттите години од минатиот век, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Реакција на Историската комисија: Продолжува ширењето невистини за нашето работење

Mакедонскиот тим во Комисијата за историски и образовни прашања денеска преку соопштение до јавноста повторно реагира на неколкуте писанија и собирања потписи во јавноста, со кои продолжи ширењето невистини за работата на Комисијата во однос на неодамна објавените резултати од нејзината работа во 2018 и 2019 година. „Во последниот бран реакции повторно се даваат целосно произволни и тенденциозни толкувања на...

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...