fbpx
Таг: чистење

таг: чистење

Шилегов ги повика граѓаните да се приклучат на големата акција на чистење на општините

Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување ударни дупки и засилени инспекциски контроли – овие активности ќе ги опфати големата акција за чистење и уредување на јавните градски површини која ќе се одвива утре и задутре, а ќе ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и скопските...

Депонијата кај ромската населба во Тетово „расте“, од општината велат дека ја чистат

Сè уште не е расчистена дивата депонија кај ромската населба во Тетово, која со година е ѓубриште. Од Општина Тетово велат дека депонијата ја чистат, но дека повторно се загадува од Ромите кои работат со отпад, пренесува „Порталб“. Жителите од оваа населба се жалат бидејќи од депонијата се шири многу лоша миризба и постои ризик од ширење на некоја болест....

Денот на реката Дрим ќе се одбележи со еколошка акција

Со еколошка акција утре по шести пат ќе се одбележи Денот на реката Дрим. Регионалниот „Зелен центар“ аплицираше со проектот „Дрим без пластика“ и истиот беше одобрен од Глобалниот еколошки фонд- ГЕФ. Овој проект ги опфаќа реката Сатеска, Глобочичко Езеро и Дебарско Езеро, кои сите заедно се дел од Дримскиот басен. Еколошката акција „Да го исчистиме Дебарското Езеро од пластичен отпад“...

Три години не се исчистени каналите за наводнување во Општина Дебрца

Поради нефункционалното наводнување на земјоделските површини, градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески оствари работна средба со граѓаните од Мешеишта, Волино, Климештани, Велмеј, Лешани и Издеглавје. Земјоделците ги изнесоа проблемите кои ги имаат со нефункционалното наводнување на земјоделските површини. Пред почетокот на сезоната за наводнување, каналите за наводнување не се исчистени, практика која по укинувањето на функционалните водни заедници, веќе трета...

Малата депонија со линдан кај ОХИС ќе се чисти на есен, компанијата ќе ја избираат ОН

За месец дена ќе се финализира тендерската документација, по што ќе биде објавен меѓународен конкурс на организацијата на Обединетите Нации – УНИДО за избор на фирма и технологија за отстранување на депонираниот линдан од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС која содржи околу 10 илјади тони од опасната хемикалија, соопшти денеска Сузана Андонова, раководителка на Канцеларијата за неразградливи...

Депонијата кај Шутка и понатаму гори и труе

Депонијата меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово гори веќе две седмици и вчера повторно огнот и чадот се засилија. Додека жителите не гледаат спас и не знаат што да прават со своите деца за да ги спасат од вдишување на чадот, градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, вели дека на 8 Март треба да се слави, а не...

Споредните улици и тротоарите останаа неисчистени од снегот

Граѓаните негодуваат што на споредните улици во населбите низ општините не поминала никаква механизација, а и дека работници не го чистат снегот кој денеска цел ден паѓа во Скопје и во целата држава. На главните сообраќајници во Скопје има остатоци од кашест снег, па движењето е отежнато, споредните улици воопшто не се исчистени, а многу снег има и на тротоарите....

Град Скопје фрлил 355 тони сол на улиците

Од Град Скопје известија дека денеска и вчера поради снегот на сите улици во надлежност на градската управа биле фрлени 355 тони сол. „Утрово сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни“, тврдат од градот, појаснувајќи дека освен механизацијата за зимско чистење, се вршело и рачно чистење на тротоарите и улиците....

Чистењето на линданот во ОХИС ќе чини помеѓу 40 и 260 милиони евра, вели Рашковски

Владата денеска потпиша меморандум за соработка со Канцеларијата за услуги за проекти на ОН (УНОПС) и со министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка преставувано од амбасадорот на Кралството Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за чистење на токсичниот отпад - линдан - во поранешната фабрика ОХИС. Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, во изјава за медиумите рече дека...

Линданот од малата депонија на ОХИС ќе се чисти догодина, собрани се 9 милиони долари

Малата депонија со линдан во кругот на фабриката ОХИС, на која има околу 10.000 тони контаминирана почва со оваа канцерогена супстанца, ќе започне да се чисти до средината на следната година, информираат за „Мета“ од Канцеларијата за за ПОПс (Persistent organic pollutants) – неразградливи органски загадувачи при Министерството за животна средина. Во март, следната година, ќе се објави меѓународен повик...

Линданот од ОХИС ќе го чистат Рашковски, Дураки и Ќахил и ќе бараат повеќе пари

Владата формирала специјална група за решавање на проблемот со токсичниот линдан на територијата на фабриката ОХИС, а процесот го води генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски во одговор на новинарско прашање од „Мета“. Покрај него вклучени се и министерот за животна средина Садула Дураки и министерот без ресор Аднан Ќахил, кој воедно е и...

Град Скопје продолжува со доделувањето субвенции за чистење оџаци

Град Скопје го продолжува  доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот. Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а за субвенции можат да достават барање физички...

Завршено расчистувањето на депонијата „Мауцкер“ на влезот од Охрид

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ заврши со расчистувањето на депонијата „Мауцкер“, а во иднина истата тековно ќе се одржува. По поднесената апликација на Општина Охрид до Министерството за животна средина, доделени се повеќе од два милиони денари за реализација на овој зафат. Во расчистувањето и рамнењето на теренот беа ангажирани два булдожери, еден багер и два камиони. Извршено е порамнување на 16.000...

Тетовци се жалат на нечисти улици, за власта состојбата е задоволителна

Граѓаните на Тетово се жалат дека споредните улици во градот не се мијат и чистат колку што е потребно, а локалните власти велат дека улиците се одржуваат секој ден и нивната состојба е задоволителна. Граѓаните коишто ги контактира „Порталб.мк“, велат дека споредните улици се нечисти поради ниското ниво на одржување од страна на властите, но и поради жителите, кои фрлаат...

Ќе се чека нов тендер за чистењето на коритото на Пена во Тетово

Купиштата отпадоци во коритото на реката Пена во Тетово ќе останат таму уште некое време, бидејќи, како што велат од Општина Тетово, ниту една компанија не се пријавила на тендерот за чистење на речното корито во долниот тек и за изградба на насип, пишува Порталб.мк. „Станува збор за изградба на насип на крајот од течението на реката, на излезот од...

„Комунална хигиена“ ќе го преземе чистењето на Клинички центар

Екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена - Скопје“ утрово спроведоа чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а како што велат од Град Скопје, планирано е ова претпријатие да го преземе чистењето на болничкиот комплекс. Но за тоа да се случи ќе треба да „ги решиме правните аспекти на набавката“, велат од Град Скопје, апелирајќи граѓаните повеќе да внимаат на...

Филипче: „Комунална хигиена“ од денеска го расчистува ѓубрето во Клинички центар

Со градоначалникот на Град Скопје, постигнавме договор од денеска ЈП „Комунална хигиена“  да почне да го расчистува ѓубрето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дивата депонија кај Ургентен центар, а направивме и договор и во следниот месец тековно да се расчистува ѓубрето, сè додека не се избере на тендер фирма што ќе го врши чистењето, рече министерот...

Бејли, Герет, Пломп, Османи и граѓани собираа ѓубре на кејот на Вардар

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, амбасадорот на Велика Британија Чарлс Герет и американскиот амбасадор Џес Бејли, заедно со вицепремиерот Бујар Османи денеска на кејот на Вардар зад Луна паркот го чистеа расфрланиот смет во еко акцијата, која трета година по ред ја организира амбасадата на Кралството Холандија заедно со „Пивара“ и „Пакомак“. Ова е трета по ред волонтерска еко-акција што ја...

Тимови на Холандија, САД и Британија утре ќе го чистат кејот на Вардар

Амбасадата на Кралството Холандија заедно со „Пивара Скопје“ и „Пакомак“ во утре на пладне ќе организира твит-ап за чистење на кејот на реката Вардар. Во акцијата за чистење на кејот од ѓубре и смет досега се пријавиле тимови од амбасадите на САД и на Велика Британија, соопштија од холандската амбасада. https://twitter.com/NLinMacedonia/status/988708802378780672 Од амбасадата велат дека по трет пат организираат акција за...

Зимската служба на Град Скопје фрлила 288 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје вчера од 17 часот до 7 часот утрово фрлиле 288 тони индустриска сол на сите булевари и улици што се во надлежност на Градот, информираат од таму. Од градската администрација велат дека на терен се интервенира со механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“, односно со 16 возила на зимска служба и три...

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...