Завршено расчистувањето на депонијата „Мауцкер“ на влезот од Охрид

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ заврши со расчистувањето на депонијата „Мауцкер“, а во иднина истата тековно ќе се одржува.

По поднесената апликација на Општина Охрид до Министерството за животна средина, доделени се повеќе од два милиони денари за реализација на овој зафат. Во расчистувањето и рамнењето на теренот беа ангажирани два булдожери, еден багер и два камиони.

Извршено е порамнување на 16.000 метри квадаратни градежен шут и тампонирани се 7.000 метри квадратни со 2.500 метри кавдратни квалитетна земја. Дел од градежниот шут, 5.000 метри квадратни, е дислоциран на друга локација во рамки на депонијата. Буџетот за расчистувањето на депонијата изнесува 2,5 милиони денари, обезбеден од страна на Општина Охрид.

Фабриката за третирање на отпад која се планира да се гради на оваа локација, ќе ги намали загубите на ЈП „Охридски Комуналец“, особено транспортните трошоци за 40 километри оддалечената дива депонија на Буково, каде во моментов се одлага истиот.