fbpx

Шилегов ги повика граѓаните да се приклучат на големата акција на чистење на општините

-

Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување ударни дупки и засилени инспекциски контроли – овие активности ќе ги опфати големата акција за чистење и уредување на јавните градски површини која ќе се одвива утре и задутре, а ќе ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и скопските општини, информираше градоначалникот Петре Шилегов.

Во текот на утрешниот ден акцијата ќе се одвива во општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Кисела Вода, а во сабота ќе се работи во Аеродром, Шуто Оризари, Гази Баба, Чаир и во Бутел.

– Во оваа акција ќе се вклучат сите технички и човечки потенцијали во јавните градски претпријатија, помогнати од градската администрација и општините. Ги повикувам сите граѓани кои се заинтересирани да живеат во почист и поубав град да се приклучат на оваа масовна акција – рече Шилегов.

Тој нагласи дека по оваа акција за чистење ќе следува засилен инспекциски надзор и од градот и од општините, со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места.

– Повикувам граѓаните да се придржуваат кон начинот и редот на фрлање на отпадот. Ние работиме на концепт кој во текот на август ќе го понудиме на граѓаните – на три до пет локации во точно определени денови во нивните општини, значи на повеќе од 50 локации во нашиот град, граѓаните ќе може слободно и бесплатно да го остават кабастиот отпад. Сите треба да внимаваме каде го фрламе отпадот за нашиот град да стане и почист и поубав – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...