fbpx

Реконструкцијата на Партизанска ќе заврши викендов

-

Булеварот Партизански одреди е главна сообраќајна артерија, а ние завршуваме со нејзината реконструкција во потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до мостот Обединети нации за помалку од месец дена, информираше денес на прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Токму овој потег беше во очајна состојба, со оштетен коловозник и претставуваше вистинска опасност. Очекувам до крајот на овој викенд во целост да биде поставен завршниот слој, останат е само еден мал дел до мостот“, рече Шилегов.

На забелешките дека на скопјани им пречи сообраќајниот метеж предизвикан од реконструкцијата на коловозниците, Шилегов потсети дека минатата градска администрација, реконструкцијата на потегот од Симпо до „Макпетрол“ ја вршела повеќе од осум месеци.

„Се трудевме во рамките на она што е можно кога се работи за ваков сериозен градежен зафат, сообраќајниот проток да биде непопречен“, додаде Шилегов.

Според првиот човек на Град Скопје, утре се очекува да биде променет сообраќајниот режим на мостот Гоце Делчев, а до 10 или 15-ти август треба целосно да биде завршен“. До крајот на летната сезона тој најави и реконструкција на булеварот кај Бит Пазар, кој треба да биде завршен до 10 септември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...