fbpx
Таг: честитка

таг: честитка

САД со честитка за независноста на Македонија

Американскиот државен секретар Џон Кери, во име на претседателот Барак Обама и на американскиот народ, упати честитка до македонските граѓани по повод 25-годишнината од независноста на Македонија. „Овој значаен јубилеј им нуди на нашите две земји можност да размислат за силата на нашето пријателство во текот на изминатиот четврт век. Македонија има направено голем напредок во својот развој од независноста,...

Иванов со честитка до Обама по повод 4 јули

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод националниот празник на Соединетите Американски Држави, 4 Јули – Ден на независноста, упати честитка до претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама. „По повод 4 Јули - Денот на независноста, ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најискрени...

Иванов упати честитка по повод рамазанските пости

Претседателот Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија. - Во месецот кој го слави духовното и телесното прочистување, посакувам сите верници од исламска вероисповед преку својата вера, посветеност и молитва да се...

Министерот Спасовски им го честиташе 7 Мај на припадниците на полицијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на припадниците на безбедносните сили им го честиташе 7 Мај - Денот на македонската полиција, изразувајќи благодарност за нивната „посветеност и пожртвуваност“ во секојдневната работа. „Како министер за внатрешни работи, ми претставува особена чест и задоволство на сите припадници на Министерството за внатрешни работи да им го честитам 7 Мај -Денот на полицијата и...

Обама со честитка до православните христијани

Честитка до сите христијани од православна вероисповест во Америка и во светот упати претседателот на САД, Барак Обама. „Мишел и јас би сакале да упатиме честитки до членовите на православната христијанска вера во Америка и секаде во светот по повод празнувањето на Велики петок, Велигден и завршувањето на велигденските пости. За православните христијани, ова е момент да се потсетат на Исусовата...

Ахмети им го честита Велигден на православните христијани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати честитка по повод Велигден до православните верници. „Имам чест и задоволство, во име на сите нас од Демократската унија за интеграција и во мое лично име, искрено да ви честитам по повод големиот празник Велигден, со најискрени желби за благосостојба и за добро здравје. Задоволството е двојно кога ќе се сетам дека оваа честитка им...

Заев: Време е да ги разбудиме верата, надежта и љубовта

„Во миговите на искушенија, предизвици, премрежја и заедничко доживување на нашата „општествена Голгота“, време е да им се поклониме на нашите традиционални духовни вредности, кои се највредното наследство добиено од нашите предци. Време е да ги разбудиме верата, надежта и љубовта и да ги отвориме портите на нашите срца и души за богољубие и за човекољубие“, се вели во...

Груевски: Да се натпреваруваме кој може повеќе и кој може подобро за државата и за народот

Велигден е поткрепа и на македонскиот народ и на сите верници во нашата земја, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод Велигден. „Да се помолиме на нашиот милостив Бог и да му се заблагодариме за неговата закрила кон нас, луѓето. Исус го презеде гревот човечки и за навек го задолжи човештвото да размислува и да го...

Иванов: Да ги зајакнеме добрите меѓучовечки односи

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија. „Дозволете ми на сите верници од православна вероисповед и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија да упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Воскресение...

Димитриев: Да ѝ помогнеме на Македонија да ги надмине сите препреки

Претседателот на Владата за спроведување на парламентарните избори, Емил Димитриев, по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, денеска упати честитка до поглаварот на МПЦ-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, и до сите верници од православна вероисповед. „На овој прекрасен ден, секоја година одново и одново се потсетуваме на големата љубов на нашиот Бог создател, на неговата милост да ни ги открие најдлабоките тајни...

Заев повика на чесност, солидарност, толерантност и на почитување

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и до сите граѓани кои го чествуваат празникот. „Вам, на претставниците на МПЦ, на граѓаните кои денеска празнуваат, од срце го честитам големиот христијански празник Богојавление - Водици во мое име и во име на...

Груевски им го честита Водици на православните верници

Лидерот на владејачката партија и поранешен премиер, Никола Груевски, денеска по повод големиот христијански празник Богојавление Водици упати честитка до Македонската православна црка и до православните верници. „Славењето на Христовото крштевање како една од повеќето свети тајни на христијанството е еден од најзначајните настани за духовното раѓање и за опстојбата на човековото живеење во верата. Богојавление е настан кој просветлува...

Иванов и Вељаноски упатија честитки по повод празникот Богојавление – Водици

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, и до сите верници од православна вероисповед. „Одбележувајќи го денот, на кој според преданијата свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, го славиме крштевањето како една од светите...

Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ на јужната граница

Претседателот на Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ), распоредени на јужната граница. Претседателот Иванов, на припадниците на АРМ што ги извршуваат задачите, им ја честиташе Новата 2016 година, при што е предвидено со нив да има и заеднички ручек.

Путин му испрати новогодишна честитка на Обама и го повика на соработка

Рускиот претседател Владимир Путин упати новогодишна порака до американскиот претседател Барак Обама, повикувајќи на соработка меѓу двете земји во одговор на меѓународните предизвици. Односите меѓу Москва и Вашингтон го достигнаа најниското ниво од крајот на Студената војна, откако Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим во март 2014 година и поради тоа што им испраќа поддршка на сепаратистичките бунтовници на истокот...

Иванов упати божиќна честитка до католичките христијани

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници што го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар. - Божиќ е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и за радост. Нека бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и со благослов. Овој голем христијански...

Иванов го честиташе Денот на наставата на турски јазик

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, 21 декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија. „Честитајќи ви го денешниот празник, сакам да го истакнам значењето на образувањето на мајчиниот јазик, кое е важно во негувањето на основните обележја на еден народ. Тоа го зајакнува и го чува...

Честитка од Иванов по повод Денот на албанската азбука

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во земјата по повод Денот на албанската азбука. „22 Ноември го одбележуваме како ден на кој е усвоено современото и единствено албанско писмо. На конгресот во Битола, одржан во далечната 1908 година, е унифицирана и e усвоена азбуката која денеска се користи како единствено писмо...

Путин му ја честиташе изборната победа на Лукашенко

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе изборната победа и петтиот мандат на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Путин му испратил телеграма на Лукашенко во која се наведува дека „убедливата победа на изборите го покажува големиот политички авторитет на Лукашенко, како и довербата на луѓето во него на патот кон подобрувањето на социјалниот и на економскиот развој на државата“. Рускиот претседател...

Министерот за одбрана и партиите упатија честитка по повод 11 Октомври

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во свои и во име припадниците на Армијата на Република Македонија, им го честита на граѓаните државниот празник, 11 Октомври – Денот на народното востание. „На 11 октомври 1941 година, македонскиот народ покажа дека неговиот идеал, неговата цел се слободата, демократијата и еднаквоста. Македонија и нејзиниот народ покажаа патриотизам, храброст и визионерство, ја...

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...