fbpx

Министерот за одбрана и партиите упатија честитка по повод 11 Октомври

-

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во свои и во име припадниците на Армијата на Република Македонија, им го честита на граѓаните државниот празник, 11 Октомври – Денот на народното востание.

„На 11 октомври 1941 година, македонскиот народ покажа дека неговиот идеал, неговата цел се слободата, демократијата и еднаквоста. Македонија и нејзиниот народ покажаа патриотизам, храброст и визионерство, ја донесоа вистинската одлука, застанувајќи на страната на сојузниците во борба за заштита на слободарскиот дух“, се наведува во честитката и се додава дека идеалите за слобода, демократија и за просперитет, денеска можеме да ги видиме во припадниците на Армијата на Република Македонија.

Честитка упатија и пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на ЛДП.

„Ова е денот кога го празнуваме револуционерното дело и кога ги славиме и се поклонуваме на храброста и пожртвуваноста на македонските синови кои пред 74 години обединети се кренаа и ја почнаа битката за конечно ослободување и за создавање на нашата татковина. Тоа беше продолжение на вековната битка на генерации храбри Македонци кои ги положуваа своите животи за слободна Македонија. Затоа, ова е денот кога го славиме нивното дело и саможртва и се присетуваме на македонскиот непокор кој и во најтешките мигови од нашата историја не не напуштил“, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ,

Во честитката на СДСМ се истакнува дека 11 Октомври е темелник на вековни определби на граѓаните во Македонија за слобода, мир, за свој идентитет, своја држава, достоен пример дека со заедништво, целите се остварливи.

„Пред 74 години, на денешниот датум, знајни и незнајни борци, со визија за слободна, независна и за просперитетна Македонија, во Прилеп и во Куманово, ја почнаа Народно-ослободителната борба. По 74 години, на 11 Октомври 2015 година, денешните генерации со визија за слободна, демократска, економски стабилна земја, членка во евро-атлантското семејство, се пред испитите на исконскиот стремеж. Оваа визија денес е континуитет на надежта и на вербата на паднатите борци дека некои други борци по нив ќе го продолжат патот кон безгрижна иднина за Македонија и за поколенијата што доаѓаат“, стои во честитката на Заев.

Во честитката на ЛДП се наведува дека почитта кон борците и кон жртвите од НОБ е почит и за денешна Македонија.

„Вреднувањето на секој дел од нашата историја е вреднување на нас самите“, се наведува во честитката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...