fbpx

Честитка од Иванов по повод Денот на албанската азбука

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во земјата по повод Денот на албанската азбука.

„22 Ноември го одбележуваме како ден на кој е усвоено современото и единствено албанско писмо. На конгресот во Битола, одржан во далечната 1908 година, е унифицирана и e усвоена азбуката која денеска се користи како единствено писмо на сите Албанци“, стои во честитката.

Иванов истакнува дека албанскиот јазик е нераскинлив дел од јазичното и од културното богатство на Република Македонија.

„Негувајќи ја културната и етничка разноликост, ги осознаваме значењето на писмото и јазичниот диверзитет преку кои го зајакнуваме општеството. Велат, јазикот е душата на еден народ, но тој се идентификува преку своето писмо. Азбуката претставува ризница на културата која нè поврзува со минатото и е инспирација за идните генерации. Културната историја на Република Македонија памети многу датуми, датуми за настани кои нè поврзуваат и датуми преку кои учиме едни за други. На Битолскиот конгрес, албанските интелектуалци испратиле порака на заедништво, пријателство, доверба и за разбирање, кое заеднички го шириме и денеска“, стои во честитката.

Претседателот им порача на сите граѓани дека со негување на јазикот и на писмото даваат личен придонес за воздигнување на вредностите и на особеностите на јазичната култура меѓу народите во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...