fbpx

Туск денеска во посета на Македонија

-

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, денеска ќе пристигне во работна посета на Скопје.

Туск за време на престојот ќе има одвоени средби со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски, а главна тема на средбите ќе биде бегалската криза и справувањето со напливот мигранти во Европа.

Посетата на претседателот на Советот на Европа следи по одлуката на Македонија, Србија и на Словенија да го ограничат влезот на беглаците, односно да се пропуштаат само тие што доаѓаат од завојуваните региони, како што се Авганистан, Сирија и Ирак, но не и економски мигранти.

Туск пред посетата на Македонија, ги посети Србија и Албанија, кои се дел од рутата на бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...