fbpx

Груевски: Да се натпреваруваме кој може повеќе и кој може подобро за државата и за народот

-

Велигден е поткрепа и на македонскиот народ и на сите верници во нашата земја, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод Велигден.

„Да се помолиме на нашиот милостив Бог и да му се заблагодариме за неговата закрила кон нас, луѓето. Исус го презеде гревот човечки и за навек го задолжи човештвото да размислува и да го разликува доброто од злото, го задолжи секој поединец да размислува со љубов, да сака со срце, да прави добри дела и да се покае за грешките.
Да се заблагодариме на Бога за неговата милост и со радост да ја примиме веста за воскресението Христово. Да се помолиме на Бог и да си посакаме и во иднина да биде блиску до нас, до нашиот народ, до нашата татковина. Нашиот народ низ годините има поминато многу тешкотии и искушенија, успеал да преброди многу грешни човекови дејанија. Нашиот Бог и вера биле отсекогаш со нас да нè поткрепат и да нè утешат кога било потребно. Токму затоа, да бидеме благодарни, да се радуваме на Велигден и да си посакаме божја поткрепа и во иднина.
Нека Бог нè чува и биде со Македонија, да си го зачуваме она што е наше и она што нам ни припаѓа. Нека Бог ни помогне во сите искушенија, нека го зацврсти единството помеѓу народот, нека ја умножи љубовта и нека го одврати секој што крева рака врз друг. Нека нè избави од насилство и од неред, нека нè потхрани со мир и со спокој. Да си се почитуваме себеси, за да нè почитуваат и другите. Како што сме единствени во верата, така да сме единствени и во државата. Да се натпреваруваме кој може повеќе и кој може подобро за државата и за народот. Да си ја сакаме Македонија со целото срце, со секоја мисла и во секоја наша одлука. Нека Бог ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и да ги унапредиме заедничките вредности на кои се родила, израснала и во иднина ќе се издига македонската држава. Нека ни е честит и за многу години големиот празник!“, стои во честитката од Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...