fbpx

Иванов го честиташе Денот на наставата на турски јазик

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, 21 декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.

„Честитајќи ви го денешниот празник, сакам да го истакнам значењето на образувањето на мајчиниот јазик, кое е важно во негувањето на основните обележја на еден народ. Тоа го зајакнува и го чува националниот и културен идентитет, овозможувајќи им на нашите сограѓани да ги негуваат своите културни и верски традиции. Република Македонија претставува раскошен мозаик во кој живеат различни народи кои зборуваат на различни јазици и живеат различни култури. Живееме заедно, градејќи заедничка иднина на соживот, еднаквост и на почит“, стои во честитката од Иванов.

Тој го истакна придонесот што турската заедница го дава за развојот на земјава.

„Турската заедница е значаен дел од македонското мултиетничко општество кое се темели на доверба и на заедништво. Република Македонија гледа голем пријател и сојузник во Република Турција. Отворената и постојана политичка поддршка меѓу двете земји влијае на развојот на добрите културни и економски односи. За тоа сведочат голем број реализирани проекти и инвестиции во различни области“, се додава во честитката од Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...