fbpx
Таг: честитка

таг: честитка

Груевски им го честита 11 Октомври на граѓаните на Македонија и на дијаспората

Премиерот Никола Груевски им го честита на граѓаните на Македонија и на македонската дијаспора 11 Октомври - Денот на народното востание. - Памтењето и празнувањето на ваквите денови служи како потсетник на моментите од историјата во кои кога е најтешко, но и најпотребно, нашиот народ демонстрира неизмерна храброст и истрајност. Подигнувајќи се против далеку поброен, подобро опремен и посилен противник,...

САД: Остануваме посветени да ѝ помогнеме на Македонија

Државниот секретар на САД, Џон Кери, во име на претседателот Барак Обама и на САД, на граѓаните во Македонија им го честита Денот на независноста. „САД се горди што се пријател и партнер на Македонија. Остануваме посветени да ѝ помогнеме на Македонија да продолжи на патот кон евроатланската интеграција со зајакнување на владеењето на правото, промовирање на слободата на медиумите...

Иванов со честитка за 8 Септември

Претседателот Ѓорѓе Иванов, по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. „На 8 Септември 1991 година го остваривме вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава. Гласајќи за независноста и за сувереноста на Република Македонија, им се оддолживме на нашите храбри предци и се обврзавме кон нашите потомци. Слободата и независноста не...

Заев: Втори август е вечен потсетник на заветот за слобода

„Овој светол датум од историјата, 2 Август, кога ги чествуваме Крушевската Република од 1903 и Заседанието на АСНОМ од 1944 година, искажувајќи им почит на хероите кои ги положија своите животи за Македонија, е вечен потсетник на заветот за слобода, оставен на поколенијата, сегашните и на идните генерации“, стои во честитиката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод...

ДУИ упати честитка по повод Рамазан-бајрам

Граѓаните од исламска вероисповед денеска го слават Рамазан-бајрам, еден од двата најзначајни исламски празника. Рамазан-бајрам го одбележува крајот на постот. Првиот ден од тридневниот празник почнува со утринска молитва, односно со бајрам-намаз. Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети упати честитка до сите муслимански верници по повод овој празник. - Посакувам овој голем празник сите ние да го чекаме во мир...

Премиерот упати честитка по повод рамазанските пости

Премирот Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија, реис ул улема, хаџи Сулејман ефенди Реџепи, по повод почетокот на рамазанските пости. „Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од името на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам...

Политичките партии упатија честитки за Св.Кирил и Методиј

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на граѓаните им го честитаа 24 Мај - Денот на сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј. - Нивното дело е сè уште живо и остави вечен белег во културата, традицијата и во посебноста на сите словенски народи. Нивната света мисија за просветувањето и за продуховување на словенските народи во Европа,...

Груевски: Денешните предизвици ќе бидат зад нас

Нашиот народ поминал низ бројни искушенија и убеден сум дека и овие ќе нè направат посилни и поубедени во нашата заедничка цел - развој, просперитет и градење сигурна иднина, се вели, меѓу другото, во честитката на премиерот Никола Груевски по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители. Во неа, тој истакнува дека делото на светите браќа...

Честитка од Иванов по повод Св. Кирил и Методиј

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. – Мисијата на светите браќа беше да им се овозможи на словенските народи сами да го спознаваат Божјото слово, сами да ја создаваат и да ја пренесуваат својата култура, традиција, сами да ја пишуваат својата историја. Правото на сопствен јазик,...

ВМРО-ДПМНЕ порачува овој Велигден да биде нов поттик за заедништво и за зближување

„Денеска се прославува најголемиот христијански празник, ден кога верниците се радуваат на победата на животот над смртта. Овој празник е најсветлиот ден во годината, кој одново ја воскреснува надежта за подобар живот и за подобро утре. Нека светлоста и блаженството на овој ден ги огрее домовите и срцата на верниците, а радоста нека се сподели со најближните, пријателите и...

Иванов: Да си помагаме еден на друг и да ги почитуваме семејството и блиските

Претседателот Ѓорге Иванов им го честиташе христијанскиот празник Воскресение Христово – Велигден на сите православни христијани во Македонија, како и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Македонија. „На овој значаен ден, сите христијани се присетуваат на Христовото жртвување за спас на човештвото. Чествувањето на Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Празнувањето на овој светол ден е темелот...

Груевски: Велигден е празник кој во себе носи порака на љубов и на заемно почитување

Дозволете ми со голема радост во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од Македонија и од дијаспората, да Ви го честитам големиот христијански празник - Велигден, искрено посакувајќи Ви среќни и благословени празнични денови, пишува во честитката што премиерот Никола Груевски ја упати до сите...

Заев го честиташе Велигден: Да покажеме храброст и непоколебливо да застанеме на страната на вистината

„Ова е период кога можеби повеќе од кога било сме исправени пред најголемите предизвици како граѓани и како држава. Да покажеме храброст и зрелост и цврсто и непоколебливо да застанеме на страната на вистината, правдата, почитта кон различностите, на страната на човековото достоинство што ја ослободуваат душата и обезедуваат спокоен живот“, пишува во честитката на Зоран Заев, лидерот на СДСМ,...

Велигденски честитки и желби од Македонците во Албанија

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, во која, од името на македонското национално малцинство во Албанија, им го честита големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден на сите православни верници во Македонија. - Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а...

Заев упати честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија. „Денешниот 8 Април, за жал, за граѓаните Роми во Македонија е потсетување на другата крајност во која живее ромската заедница во земјава последниве години: несовесно потценети, уценувани, подложени на незаконски притисоци за остварување на законските права на социјална заштита, образование,...

Премиерот Груевски го честиташе Меѓународниот ден на Ромите

Премиерот Никола Груевски им го честиташе 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите на сите припадници на ромската етничка заедница. „На овој ден, Македонија ја обележува културната специфичност и традиции на ромската заедница, која е една од најстарите на нашата територија. Со Вашата единствена и препознатливa култура, Вие ја збогатувате разноликоста по која нашата држава е препознатлива. Силата на нашата земја...

Заев им го честита Велигден на верниците од католичка вероисповед

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово, Велигден, на бискупот, скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, како и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија. „Во мое име, и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви упатувам срдечни честитки Вам и на граѓаните коишто го празнуваат денешниот најголем христијански празник...

Претседателот Иванов им го честита Велигден на католиците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до бискупот, скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов, и до сите католички верници. „Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, Вам и на сите верници на Католичката црква во Република Македонија да Ви го честитам христијанскиот празник Велигден. На овој ден сите христијани се присетуваат на...

„Солидарност“: Власта ги сведува жените на домаќинки и на родилки

Без целосна родова еднаквост, нема ни демократија ни социјална правда, е пораката што ја испраќа Левичарското движење „Солидарност“ по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената. – Нашето општество е сè уште заложник на традиционалните и патријархални механизми на мислење и на живеење. Тие играат клучна улога во креирање на политиките, носењето на законите и во институционалната практика, притоа генерирајќи постојана општествена...

Премиерот Никола Груевски упати честитка по повод празникот Свети Сава

Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до српската заедница во Македонија по повод празникот Свети Сава. „Истовремено, наша чест и задоволство е да го одбележиме и прославиме Денот на српската заедница во Република Македонија, заедница која е значаен дел од македонското мултиетничко општество, која со својот ангажман и посветеност дава свој придонес во напорите за унапредување на економскиот, политичкиот, културниот...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...