fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Бектеши: Во земјава годинава ќе се забрани увозот на половни возила со стандард под ЕУРО 5

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“ најави дека годинава ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови. „Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. А, во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување...

Јагленот од РЕК Битола до 2040 година постепено ќе се заменува со гас и енергија од сонце

Програмата за реализација на Стратегијата за енергетика 2040 ќе биде готова до март и ќе се работи врз основа на ревидираниот документ на Стратегијата, кој беше завршена во текот на ноември и декември лани. Зеленото сценарио и по ревизијата останува најприфатливото за развојот на земјава, кое треба да обезбеди и најдобри и економски и еколошки бенефити. Стратегијата за енергетика и...

Инспекторат за животна средина: Природниот гас е единственото гориво што го користи БЕГ

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) препорачува дека се неопходни измени во Законот за енергетика со кои, наместо задолжување за набавка на мазут, како алтернатива на гасот, ќе се бара воведување на енергија од обновливи извори или од други еколошки енергенси. Бидејќи, доколку дојде до прекин на снабдување со гас во текот на грејната сезона во 2021 година, со...

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“: Ковид кризата ги спушти работничките права на катастрофално ниво

Од почетокот на ковид кризата, март минатата година, досега повеќе од 8.000 вработени од приватниот сектор побарале правна помош од здружението „Гласен текстилец“ поради нарушени права од работен однос, а најголем процент од нив биле од секторот за производство на текстил, кожа и чевли. Во овие дејности, според досегашните согледувања на Здружението, пандемијата предизвика низа непочитувања на протоколите за работа...

Тротоарите во Скопје окупирани од возила, „На Точак“ бара од општините да се позанимаваат со проблемот

Пешаците и велосипедистите се движат на улици, додека возилата ги имаат окупирано тротоарите и велосипедските патеки низ Скопје. Од граѓанската иницијатива „На Точак“ изминатиов месец водат активна кампања #ТротоаритеНаСкопје по социјалните мрежи, во која тие го прикажуваат секојдневното окупирање на тротоарите од непрописно паркирани возила. Кампањата на оваа граѓанска иницијатива следува откако на крајот на минатата година, „На Точак“ преку...

Мерки и препораки немаше, ветерот и врнежите ги расчистија високите концентрации на ПМ 10

Ветерот и врнежите ги расчистија високите концентрации на ПМ 10, кои минатата недела беа регистрирани во неколку градови во земјава. Загадувањето во Скопје, Кавадарци, Куманово и Битола неколку денови по ред беше со екстремно високи концентрации на ПМ 10 кои ги надминуваа праговите на информирање и алармирање. И покрај тоа, заради поволната временска прогноза, Министерството за животна средина одлучи...

Со законски измени игрите на среќа ќе се оддалечат на 500 метри од училиштата и факултетите

Министерство за финансии подготвува измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кои предвидуваат просториите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени на половина километар од училиштата и факултетите. Во најавата за законските измени, објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), се вели дека со постојниот закон не е уредена оддалеченоста на...

Општините незаинтересирани за спроведување на Законот за домување

Иако се изминати повеќе од девет години од последниот рок во кој согласно Законот за домување сопствениците на станови беа должни да определат управител или да регистрираат заедница на сопственици, загрижува што дел од градоначалниците на општините сé уште немаат назначено општински инспектори за домување, а и во тие општини каде што има назначено инспектори, тие не постапуваат согласно...

Воведување на градска железница во Скопје – ветување старо четири децении за кое ништо не е направено [видео]

Скопје, 1982 година. Поради недоволните количества на нафтени деривати на пазарот, југословенските власти воведуваат ограничување на употребата на возилата и задолжително користење на бонови за набавка на гориво, така што на секој сопственик на моторно возило му следувале по 40 литри гориво месечно. Нафтената криза во Југославија како никогаш претходно довела граѓаните масовно да го користат јавниот превоз во...

Порталб: Потпорниот ѕид кај Градската бања во Тетово под ризик од уривање

На патот за Градската бања во Тетово се наоѓа опасен потпорен ѕид, бидејќи е речиси пред уривање, а општинските власти сè уште немаат преземено ништо за решавање на овој проблем, пишува Порталб.мк. Од Општина Тетово за Порталб.мк велат дека за овој ѕид ќе мора да се причека до март, и ги повикуаат граѓаните да бидат претпазливи кога поминуваат покрај него. Иако...

Аеродромите лани изгубиле 1,9 милиони патници поради ковид-19, лошата состојба ќе продолжи [инфографик]

Стрмоглав пад на бројот на превезени патници од двата македонски аеродрома што не е забележан во последнава деценија. Ковид-19 пандемијата во 2020 година предизвика огромни штети во авиосообраќајот во земјава, кои се мерат во намалување на бројот на патници за околу 1,9 милиони. Според податоците на Државниот завод за статистика, во изминатите 12 месеци од двата аеродрома биле превезени...

УНЕСКО: Пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија да се градат по една траса

Државните претпријатија во земјава меѓусебно да се координираат за важните инфраструктурни проекти што минуваат низ заштитеното подрачје во Охридско-струшкиот регион и да се истражи опцијата преку една траса (коридор) да минуваат пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија, бара УНЕСКО во изработениот Нацрт-извештај, во кој се наведува дека за Охрид и Охридското езеро се исполнети условите да бидат впишани...

Секој дом да има фотоволтаици, енергетската транзиција од јаглен кон сонце да започне веднаш

РЕК Битола фото: ЕСм
Одолговлекување на процесите на енергетска транзиција не е опција за земјава, а изборот на зеленото сценарио и донесување на Програмата за реализација на Стратегијата за енергетика мора да се реализираат што поскоро, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Организацијата веќе подолго време работи на кампања за исфрлање на јагленот како енергенс и воведување...

Економските аналитичари очекуваат пораст на инфлацијата

Економските аналитичари очекуваат зголемување на инфлацијата и незначителни промени на бруто домашниот производ оваа и следната година, покажува новата анкета на Народната банка спроведена во декември. „Економските аналитичари ги објаснуваат ваквите движења кај инфлацијата и БДП главно со ефектите од глобалната криза предизвикана од пандемијата на ковид-19 и од мерките за справување со неа. Во однос на инфлацијата, малку се...

Пеш или на велосипед кога е чисто, во автобус кога е загадено се најдобрите опции за што помала изложеност на ПМ честички

Пешачење или возење велосипед е најдобрата опција за движење кога загадувањето на воздухот е мало, но и обратно, тоа се најризичните изложувања на ПМ честичките кога аерозагадувањето е во високи концентрации, покажува истражувањето експертски тим на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип во соработка со Центарот за климатски промени, во кое се испитуваше персоналната изложеност на загадување на луѓето на...

Со нов Закон за лобирање ќе се спречува нелегитимно влијание врз јавните политики

Само еден лобист е регистриран во нашата земја од 2008 година, кога стапи на сила Законот за лобирање до денеска, што покажува дека регулативата во пракса не ги остварува предвидените цели, се вели во образложението на новиот предлог-законот за лобирање за кој утре (20.01.2021) треба да расправаат членовите на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Во него се додава...

Порталб: Попова Шапка со урбанистички план од 1980 година, активистите бараат општината да се ангажира

Туристичкиот центар „Попова Шапка“ сè уште нема детален урбанистички план, иако тоа според Хамди Сулемани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ е клучно за овој туристички центар. Во интервју за Порталб.мк, претседателот на Советот на општина Тетово, Беким Мемети, вели оти е оптимист дека оваа работа ќе биде завршена во текот на годинава. Од Министерството за транспорт и...

Потребно е час поскоро да се донесат законите за управување со отпадот

За да се избегнат минатогодишните критики од Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на земјава во 2021 година, државните власти ќе мора да го забрзаат донесувањето на законите за управување на отпадот. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги најави пред околу еден месец, додека Владата на седницата на 22 декември 2020 ги утврди текстовите...

Годинава ќе почне чистењето на сите несоодветни депонии и ѓубришта во Источен и Североисточен регион

Чистењето и затворањето на несоодветните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот регион на земјава ќе чини 9 милиони евра. Со овие финансиски средства ќе се чисти натрупаното ѓубре на нестандардните депонии од јавните комунални претпријатија, како и фрлањето на отпадот од несовесните граѓани на забранети локации. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ информираат дека избрани...

Државата очекува првата фаза од автопатот Скопје-Блаце да се заврши претстојново лето

И покрај влијанието на моменталната состојба со ковид-19 и проблемите што се јавија со експропријацијата на земјиштето пред неколку месеци, од Јавното претпријатие за државни патишта очекуваат изведувачот да го испочитува рокот за завршување на градежните работи на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце, велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. При потпишувањето на договорот за реализација на првата...

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос...