Потпорниот ѕид на патот кај Градска бања во Тетово. Фото: Порталб

На патот за Градската бања во Тетово се наоѓа опасен потпорен ѕид, бидејќи е речиси пред уривање, а општинските власти сè уште немаат преземено ништо за решавање на овој проблем, пишува Порталб.мк.

Од Општина Тетово за Порталб.мк велат дека за овој ѕид ќе мора да се причека до март, и ги повикуаат граѓаните да бидат претпазливи кога поминуваат покрај него.

Иако патот кај бањата може да се смета за нов пат, бидејќи е изграден во 2017 година, сепак не е сосема безбеден, зашто често се случуваат свлечишта во околината.

Поради ова, се изгради потпорниот ѕид, кој според општината, со цел да го реши проблемот со страничните уривања. Меѓутоа, тoj веќе неколку години претставува потенцијална опасност за посетителите на оваа бања, бидејќи е речиси пред уривање.

Вака изгледа овој ѕид денес:

Потпорниот ѕид на патот кај Градска бања во Тетово. Фото: Порталб
Потпорниот ѕид на патот кај Градска бања во Тетово. Фото: Порталб

Портпаролката на Општина Тетово за Порталб.мк вели дека веќе е потпишан договор со соодветна компанија за санирање на проблемот, а тоа би се случило во март.

„Неколку пати сме се обиделе да го решиме проблемот кај Градската бања, но имајќи ја вид теренската конфигурација, овој проблем постојано се повторува. Тимовите на Секторот за комунална дејност интервенирале многу пати досега кога имало свлечиште. Бидејќи сега е зимска сезона и има промени во временските услови, работите за конечното решавање на овој проблем ќе ги започнеме после 15 март, имајќи предвид дека веќе е потпишан договор со фирмата која ќе ги врши работите“, е одговорот од Општина Тетово.

Во меѓувреме, од општинава ги повикуваат граѓаните да бидат особено внимателни во моментот кога поминуваат покрај тој ѕид.

Во 2018 година Општина Тетово, токму преку Порталб.мк вети дека ќе го реши проблемот со одроните и ѕидот во Градската бања, и тоа во текот првата година. Ова сѐ уште не се случи, пишува Порталб.мк.

Ваква беше состојбата со страничните одрони кај Градската бања пред 10 дена:

Потпорниот ѕид на патот кај Градска бања во Тетово. Фото: Порталб