четврток, 13 август, 2026
Meta.mk

Ознака: одрони | 28 резултати

На автопатот Штип – Миладиновци уште се гради, а веќе има потреба од поправки

август 21, 2019

Поставената заштитна ограда на новиот автопат Штип – Миладиновци се покажа како недоволна заштита за возачот, кој завчера буквално прелета од едната коловозна лента на автопатот за Скопје и премина во спротивен правец. Очевидци на несреќата тврдат дека само среќа ги спасила од посериозна незгода возилата кои сообраќале во правецот од Миладиновци кон Штип.   Автопатот […]

Одрон на патот Тетово – Попова Шапка, сообраќајот се одвива по една лента

февруари 14, 2018

Сообраќајот на патниот правец Тетово – Попова Шапка се одвива по една лента поради одрон на патот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а нa повисоките места има остатоци од кашeст снег. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани –  […]

Сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица во прекин поради одрони

февруари 12, 2018

Поради отстранување одрони во близина на село Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица е во прекин во двата правци.  Се користи алтернативен пат Кочани- Виница- Драгобрашта- Бигла- Македонска Каменица. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на […]

Во поплавите во Калифорнија загинаа 15 лица, а најмалку 25 се повредени

јануари 10, 2018

Во Калифорнија продолжува потрагата по настраданите во големиот одрон кој уништи десетина домови во областа Санта Барбара, каде што засега има 15 загинати и најмалку 25 повредени. Најмалку 50 лица мораа да бидат евакуирани со хеликоптер, поради невремето а бројот на жртви може да биде поголем при проширување на истрагата. This is not a river. […]

Магла и одрони на повеќе патни правци

јануари 8, 2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по суви коловози на пониските и наместа влажни коловози на повисоките места. Поради појава на магла, видливоста во Охрид, Струга и Македонски Брод е намалена на 50- 100 метри, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената […]

Магла на Стража, свлечиште на патот Делчево – Македонска Каменица

декември 3, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а намалена видливост поради магла има во Крива Паланка и на Страцин до 50 метри и на Стража до 30 метри, информираат од Автомото-сојузот на Макеоднија. Поради обилните врнежи, на патниот правец Делчево – Македонска Каменица има свлечиште и сообраќајот се одвива отежнато. На одредени патни правци кои поминуваат […]

Поплавите и одроните во Сиера Леоне усмртија повеќе од 300 лица

август 14, 2017

Бројот на загинатите во поплавите и во одроните што го погодија Фритаун, главниот град на Сиера Леоне се зголеми на 312, соопшти Црвениот крст. Портпаролот на локалниот Црвен Крст, Патрик Масаки рече дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми. Синех Камара, кој работи во болничката мртовечница во Фритаун изјави дека телата на жртвите се […]

Поради ниската температура, можна е појава на голомразица по патиштата

јануари 28, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по на места влажни коловози. Поради ниската температура, можна е појава на голомразица, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколницата кај Битола, е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. Во клисурите […]

Намалена видливост на Плетвар поради магла

јануари 20, 2017

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Плетвар е намалена на 100 до 120 метри, се вели во последниот извештај на АМСМ за состојбата на патиштата. Во него се додава дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег. Врнежи од слаб снег има на планинскиот […]

Сообраќајот на сите патишта се одвива без забрани и по влажни коловози

април 10, 2016

Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, но на некои места по влажни коловози. Од АМСМ препорачуваат да се вози внимателно со прилагодена брзина на движење и со почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, каде е […]

Поради одрони и свлечишта сообраќајот на дел од патиштата во прекин

март 14, 2016

Поради свлечишта, одрони и врнежи од снег, сообраќајот на дел од патиштата во земјава е во прекин, а на дел од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) препорачуваат внимателно возење. Поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Кај обиколницата Битола – Ресен, на […]

Свлечиште кај Страцин, одрон на камења на патот Берово – Виница

март 12, 2016

На патниот правец А3, обиколница Битола – Ресен, поради свлечиште, сообраќајот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку Битола, информираат од АМСМ. Сообраќајот поради одрони е во прекин и на патниот правец Кочани – Делчево, кај село Калиманци и кај село Дулица. Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на нивното […]

АМСМ: Влажни коловози, наноси од снег и опасност од одрони – возете внимателно

јануари 18, 2016

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозите, по интервенцијата на дежурните екипи од „Македонија пат“, а слаб снег провејува во Крива Паланка, Гостивар, Маврово, Кула, на планинскиот превој Стража и на граничниот премин Блаце, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ известуваат дека од […]

Пругата Велес – Битола е проодна, одронот од карпи е расчистен

ноември 20, 2015

Одронот од карпи меѓу железничките станици Чашка и Богомила целосно е расчистен, а со тоа и пругата Велес – Битола е проодна, соопштија од „Македонски железници“. Како што информираат од компанијата, биле расчистени повеќе од 3.000 кубни метри камења и вечерва во 20 часот ќе се воспостави железничкиот сообраќај од Велес до Битола.  

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид попладнево во прекин поради минирање

ноември 17, 2015

Сообраќајот на патото А2, на релација Кичево – Охрид, денеска ќе биде во прекин 15 до 20 минути во периодот меѓу 13 и 15 часот, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). „Денеска, 17 ноември, поради изведување на работи на пат (минирање), на патот А2, Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека и село Врбјани, сообраќајот ќе биде […]

Делницата од Градско до Неготино ќе биде затворена до 18 часот

октомври 31, 2015

Делницата од Градско до Неготино денеска од 5 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај поради најавеното снимање на францускиот филм „А фонд“. Сообраќајот денеска на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ […]

Големи одрони на патот Маврово – Дебар

октомври 22, 2015

Патниот правец Маврово – Дебар е попречен со големи одрони. Од АМСМ информираа дека во непосредна близина на манастирот Бигорски се одронила поголема карпа. Патот е пренасочен преку бензинската пумпа, а одронот ќе биде расчистен во текот на денот. Другите патишта во земјава се влажни, а особено внимание при возењето е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и […]

Од Пробиштип за Штип преку алтернативен пат

април 7, 2015

Свлечиште го повлече патот Пробиштип – Штип кај селото Неокази, поради што во наредните три дена целосно ќе биде затворен за сообраќај. Од  денеска механизацијата на „Македонија пат“ го сече асфалтот во ширина од 50 сантиметри за да се направи дренажа на патот. Пробиштипјани и останатите возачи се пренасочуваат преку патот низ селото Ратевица. Од „Македонија пат“ […]

Затворен патот Гевгелија – Смрдлива вода поради свлечиште

март 28, 2015

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет Смрдлива вода, во близина на местото Длабок дол, дошло до свлечиште на ридот поради што коловозот е затрупан со земја и со одрони и е непрооден за сите видови возила, соопштуваат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму информираат и дека во прекин бил сообраќајот на регионалниот пат Валандово […]

Опасни карпи се надвиснати над патот кон Македонска Каменица

февруари 9, 2015

Веќе четврти ден е во прекин магистралниот пат Кочани – бугарска граница, кај Македонска Каменица. Сообраќаен инспектор го забранил одвивањето на сообраќајот поради опасните карпи што се надвиснале над патот. Цел рид со огромни карпи се свлече по интензивните врнежи и комплетно го прекри делот од патот по селото Истибања. „Македонија пат“ ја чисти земјата и огромните […]

Страна 1 од 2