fbpx

Свлечиште кај Страцин, одрон на камења на патот Берово – Виница

-

На патниот правец А3, обиколница Битола – Ресен, поради свлечиште, сообраќајот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку Битола, информираат од АМСМ.

Сообраќајот поради одрони е во прекин и на патниот правец Кочани – Делчево, кај село Калиманци и кај село Дулица. Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на нивното расчистување. Сообраќајот е пренасочен преку Виница – Смојмирово – Делчево.

На регионалниот пат Берово – Виница, поради одрон на камења, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Куманово – Крива Паланка, кај село Страцин, има свлечиште со кал и со земја, со што е зафатена една лента од патот. Се препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација. Екипите на „Македонија пат“ интензивно работат на расчистување на свлечиштето и на нормализирање на двете ленти за непречено одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на сите други државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. Магла со видливост од 100 метри има на Стража, Крушево и на Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...