fbpx
Таг: бегалци

таг: бегалци

На ден пред истекот на рокот, никој не реагирал на стратегија за бегалците и за мигрантите

Министерството за труд и социјална политика до денеска, еден ден пред истекувањето на крајниот рок, сè уште нема добиено ниту еден официјален предлог или реакција за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година, потврдија за „Мета“ од Министерството. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика премиерот Зоран...

Жестоката расправа за бегалците ја прекина седницата на собраниската комисија

Претседателот на собраниската Комисија за труд и социјална политика, Владимир Ѓорчев, денеска на седницата посветена на предлог-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци за периодот од 2017 до 2027 година и за националниот акциски нацрт-план за интеграција на бегалци, упати серија прашања до Министерството за труд и социјала. Ѓорчев побара одговори од заменик-министерот за труд и социјална политика, Елми...

Нацрт-стратегијата за бегалци денеска на седница на Комисијата за труд и социјала

Во Собранието денеска Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред ќе има јавна расправа за предлог-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за националниот акциски нацрт-план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. Членовите на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седницата одржана во саботата истакнале загриженост и од партијата сметаат дека Владата се подготвува да прифати...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ призна дека остави висока стапка на сиромаштија и на невработеност

ВМРО-ДПМНЕ преку тенденциозно ширење на лажни вести за наводно трајно населување на десетици илјади мигранти и нивно вработување, продолжува да внесува вознемиреност помеѓу граѓаните, велат од СДСМ како реакција на соопштението на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. „Преку наводната загриженост за необврзувачки документ, централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ најпосле ги призна катастрофалните политики што таа партија ги спроведуваше во изминатите 11 години....

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ загрижен поради новата предлог-стратегија за бегалците

Од централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека на саботната седницата, меѓу другото, изразиле загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија, со која, како што оцениле, „Владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија“. „ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување со сигурност ќе...

Никој не испратил забелешки за нацрт-стратегијата за бегалци

До денеска не се стасани никакви предлози или реакции до Министерството за труд и социјална политика за предлог-нацртот на стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017- 2027 година и за предлог-нацртот на националниот акциски план за интеграција на бегалци 2017- 2027 година, велат за „Мета“ од одделот за односи со јавноста на Министерство. Иако по социјалните мрежи во...

Кај Кипар пресретнат брод со повеќе од 140 мигранти

Кипарската крајбрежна стража денеска пресретна брод со 143 мигранти, најверојатно Сиријци, на западот на Кипар, соопштија властите во Никозија. Полицијата наведе дека меѓу мигрантите има 31 жена и 50 деца. Бродот тргнал од Турција, земјата во која многу Сиријци бараат засолниште од граѓанската војна во својата земја. Едно лице е осомничено поради сомневање дека вршело криумчарење на луѓе. Мигрантите ќе бидат префрлени во...

Ѓорчев: Владата да објасни зошто ја менува стратегијата за мигранти

Владата и Министерството за труд и социјална политика треба да одговорат зошто ја менуваат стратегијата на Македонија во поглед на мигрантите, бегалците и на странците, со која Македонија од транзитна земја станува земја за траен престој на голем број луѓе што ќе дојдат во Македонија, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев, по повод објавувањето на новата нацрт-стратегија за интеграција на бегалци...

Стратегијата на Царовска за интеграција на бегалците била само „необврзувачки патоказ“

Министерството за труд и социјална политика на својата веб-страница објави нацрт-верзија на нова стратегија за интеграција на бегалци и на странци и национален акциски предлог-план за период од 10 години, односно за периодот од 2017 година до 2027 година и истовремено посочи дека почнува јавна дебата за мерките предвидени во двата документа, која ќе трае до 8 август годинава....

УНХЦР бара помош од 421 милион долари за бегалците од Африка

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) побара помош од 421,2 милиони долари (околу 365,3 милиони евра) за подобрување на заштитата на бегалците во Субсахарска и во Северна Африка, како и за напорите што Европа ги вложува во врска со барателите на азил, јавуваат агенциите. Од УНХЦР навеле дека е потребен план за помош на бегалците и на другите луѓе...

Папата загрижен поради опасните сојузи формирани на самитот Г20

Папата Франциск изјави дека самитот Г20 во Хамбург загрижува поради потенцијалните „многу опасни сојузи“ помеѓу светските лидери. -Загрижен сум поради многу опасните сојузи помеѓу силите кои имаат искривена верзија на светот: САД и Русија, Кина и Северна Кореја, Путин и Асад – рече папата во интервју за италијанскиот весник „Република“. Тој наведе дека миграцијата е голем проблем и дека самитот Г20...

Стефановиќ: Не постои жица што ќе ги сопре мигрантите

Поединечните решенија на некои земји како Унгарија, не го решаваат проблемот со мигрантите, туку само го продлабочуваат, порача министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, откако вчера владата на Унгарија објави дека наредила пробно да се пушти во употреба новата „умна“ ограда на границата со Србија, која има струја под напон од 900 волти, за која тврди дека...

Половина милион Сиријци се вратиле во своите домови

Речиси половина милион бегалци од Сирија се вратиле во своите домови од почетокот на годинава, вклучувајќи и 440.000 внатрешно раселени лица и повеќе од 31.000 лица од соседните земји, соопшти денеска УНХЦР. Повеќето се вратиле во Алепо, Хам, Хомс и во Дамаск, што наведува на заклучок дека дошло до подобрување на безбедносната ситуација во одредени делови од земјата, стои во соопштението. -...

Седум војници повредени при напад на бегалски камп во Либан

Најмалку седум либански војници се повредени кога пет бомбаши самоубијци нападнаа два сириски бегалски кампа во областа Арсал, во пограничното подрачје со Сирија, соопшти либанската војска. Во соопштението се наведува дека шест екстремисти фрлиле рачна граната на патрола, пренесе „Ројтерс“.

Стејт департментот воведува нови правила за издавање американска виза

Американската влада постави нови критериуми за вадење виза за шест претежно муслимански земји и за бегалци, според кои за да добијат виза, потребно е да имаат „блиско“ сродство или деловни врски во САД. Според насоките на Стејт департментот, граѓаните на Сирија, Судан, Сомалија, Либија, Иран и на Јемен, ако сакаат да патуваат во САД, мора да докажат дека во таа...

ОН: Низ светот раселени се 65,6 милиони луѓе

Рекордни 65,6 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови до крајот на 2016 година, поради војни, насилство и прогон, информираат од Обединети нации. Оваа бројка претставува скок од 300.000 раселени лица од крајот на 2015 година, но е за повеќе од шест милиони поголема од крајот на 2014 година, се наведува во извештајот на УНХЦР. - Ова е најголемата...

Демонстранти во Мадрид бараат Шпанија да прими бегалци

Неколку илјади луѓе протестираа вчера во Мадрид со барање шпанската влада да го исполни ветувањето кон ЕУ и да прифати повеќе од 17.000 бегалци, колку што налага ЕУ. Од потпишувањето на договорот, во 2015 година, досега во Шпанија престој добиле само 1.300 мигранти. Демонстрантите со транспаренти „Ниедно суштество не е нелегално“ , „Нема веќе пречки“, „Мостови, а не ѕидови“ и „Доста...

Хелсиншки: Бегалците во кампот „Табановце“ дневно добиваат половина литар вода за пиење

Состојбата со бегалците во прифатно-транзитните кампови „Винојуг“ и „Табановце“ во текот на минатиот месец останала непроменета и во овие кампови вкупниот број на бегалци изнесувал 29 лица, се наведува во последниот месечен извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од Хелсиншки информираат дека бројот на бегалци во кампот „Винојуг“ кај Гевгелија е мал, а намалена е и фреквенцијата на движење...

ИОМ: Повеќе од 43.000 мигранти пристигнале во Европа од почетокот на 2017 година

Повеќе од 43.000 мигранти и бегалци пристигнале во европските земји од почетокот на оваа година, откако успаеле да го преминат Средоземно Море, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ), пренесуваат агенциите. Во извештајот се наведува дека во овој период исчезнале околу 1.000 луѓе за време на опасното патување преку Медитеранот во Европа. Инаку, бројот на мигранти што во изминатите четири месеци пристигнале на...

Јапонија се подготвува за прием на бегалци ако дојде до корејска криза

Владата на Јапонија работи на планови за непредвидени ситуации во случај кризата на Корејскиот Полуостров да доведе до бранови бегалци во Јапонија, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе. Тој на седница на парламентот рече дека јапонската влада формулира мерки, кои вклучуваат заштита на странци, процедури за слетување, изградба и функционирање на засолништа, како и проверка на баратели на азил. Абе појасни...

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...