fbpx

Демонстранти во Мадрид бараат Шпанија да прими бегалци

-

Неколку илјади луѓе протестираа вчера во Мадрид со барање шпанската влада да го исполни ветувањето кон ЕУ и да прифати повеќе од 17.000 бегалци, колку што налага ЕУ.

Од потпишувањето на договорот, во 2015 година, досега во Шпанија престој добиле само 1.300 мигранти. Демонстрантите со транспаренти „Ниедно суштество не е нелегално“ , „Нема веќе пречки“, „Мостови, а не ѕидови“ и „Доста изговори, долу бариерите!“ , бараа уште најмалку 10 пати по толку мигранти да добијат азил во земјата.

Протестите ги организираа повеќе невладини организации на само два дена пред одбележувањето на Светскиот ден на мигрантите. „Амнести интернешенал“, организацијата која ги предводеше протестите во Мадрид, наведува дека се наближува рокот до кога земјите од ЕУ треба да примат 160.000 мигранти. Во 2015 година земјите од ЕУ си дадоа рок од две години за раселување на 160.000 бегалци, кои пристигнале во Грција и во Италија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...