fbpx
Таг: бегалци

таг: бегалци

Продолжете по вашиот пат за земјата да биде светилник на мирот, порача папата Франциск

Ве охрабрувам да продолжите на вашиот пат со цел вашата земја да претставува светилник на мирот, прифаќањето и плодна интеграција на култури, религии и народи. Преку отсликување на нивните посебни идентитети и виталноста на нивниот културен и граѓански живот, тие ќе бидат во можност да ја изградат заедничката судбина преку посебното богатство што го нудат. Господ нека ја заштити...

Лажни вести за мигрантите потпалуваат омраза во Србија

Комесаријатот за бегалци и миграции на Србија предупреди вчера дека на социјалните мрежи се шири лажна вест за наводен напад од група мигранти врз 17-годишна девојка во центарот на Белград. „Ова не е прв случај на ширење на лажни вести на социјалните мрежи за мигрантите во Србија. Социјалните мрежи се користат како место за непопречено излевање омраза и ксенофобија кон...

Во Грција четирипати повеќе мигранти од истиот период лани

Бројот мигранти кои пристигнуваат на грчките острови сега е за четири пати поголем од истиот период лани. Според грчките власти, на Лезбос, каде што е најголемиот камп за мигранти, лани дневно во просек пристигнувале по 54 мигранти, а сега над 200 секој ден. Од март годинава грчките острови и северна Грција беа сведоци на пристигнувањето на голем број бегалци од...

Хелсиншки комитет: Бегалската криза не е завршена, да се следи ситуацијата на терен

Бегалската криза не смее да се смета за завршена, иако бројот на бегалци и мигранти кои лани влегоа во Македонија е намален во споредба со 2016 година. Државата мора да продолжи да ги гради своите капацитети за да може непречено да ги гарантира основните човекови права и слободи на бегалците и мигрантите на нејзината територија, како и итно да...

Солунскиот суд изрече затворска казна од 1.489 години за криумчарење мигранти

Судот во Солун осуди 23 лица на затворска казна од осум до 1.489 години поради криумчарење ирачки и сириски бегалци во Грција. Осудените криумчареле бегалци од турската граница во 2015 и 2016 година. Судот најдолга затворска казна му изрекол на 54-годишен Грк, осуден за предводење на групата криумчари кои организирале транспорт за повеќе од 500 бегалци во 43 одвоени случаи. Според грчкиот...

Аврамопулос: Да се соочиме со вистината, мигрантите се тука да останат

Време е да се соочиме со вистината дека никогаш нема да бидеме во можност да ја запреме миграцијата, порача европскиот комесар за миграција, Димитрис Аврамопулос и додаде дека тоа е новата реалност за која треба да се смислат долгорочни решенија за унапредување на интеграцијата и инклузијата. Според неговите зборови на денешниот Меѓународен ден на мигрантите, повеќе од 244 милиони луѓе...

Во Грција уапсен возач на комби кој пренесувал 50 бегалци

Грчката полиција соопшти дека синоќа уапсила возач на комби кој се обидел илегално во земјата да воведе 50 бегалци од Блискиот Исток. Полицијата навела дека го забележала комбито на автопат во близина на грчко-турската граница. Возилото е запрено по полициска потера. Во комбито се пронајдени бегалци 50 лица: 30 од Сирија, 19 од Ирак и едно лице од Авганистан. Полицијата соопшти дека бегалците...

Анкета: Младите ги стигматизираат бегалците поради засилени национални чувства и страв од тероризам

Стравот и предрасудите кон луѓето од исламска вероисповед се најголем извор на стигматизација кон бегалците и кон мигрантите кај младите луѓе од осум европски земји, четири од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, и четири земји членки на ЕУ, покажува интернет-анкетата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, изработена во рамки на проектот „Поттикнување на промена на стигматизирачки ставови“. Наодите покажуваат дека...

Меркел: Неприфатливо е Унгарија да ја игнорира пресудата за бегалците

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека е неприфатливо Унгарија да ја игнорира пресудата на Европскиот суд на правдата, според која Будимпешта мора да ги прифати бегалците во рамки на програмата на Европската Унија за нивно релоцирање. - Неприфатливо е една влада да рече дека не ја интересира пресудата на Европскиот суд на правдата – вели Меркел за денешното издание на...

Хелсиншки комитет: Во изминатите три години само на пет лица им е доделен статусот бегалец

Во текот на изминатите три години во Македонија биле поднесени вкупно 2.243 барања за признавање на правото на азил од страна на 2.717 лица. Од нив, на само пет лица им е доделен статус на признаен бегалец, а на само 11 лица им е доделена супсидијарна заштита, информираат од Хелсиншки комитет, од каде нагласуваат дека Македонија е транзитна земја за...

ОН: 87.000 лица од Мјанмар побегнaле во Бангладеш

Од 25 август, кога почнаа судирите во Мјанмар, во Бангладеш стигнале вкупно 87.000 бегалци, претежно припадници на муслиманскиот народ Рохинџа, соопштија Обединетите нации. Светските агенции наведуваат дека преполни се камповите во Бангладеш со Рохинџа-муслимани. Во текот на претходната недела, повеќе од 2.600 куќи се запалени на северозападот на Мјанмар, во областа каде живеат Рохинџа-муслимани, соопшти претставник на УНХЦР. Властите на Мјанмар за...

Советниците во Општина Штип гласале за распишување референдум за мигрантите

Советот на Oпштина Штип, со 13 гласа „за“, денеска изгласал да почне постапка за распишување референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат за „Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година“. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласале „за“, а советниците од СДСМ пред гласањето ја напуштиле салата. Граѓанската иницијатива „Будење“ од Штип до Советот на Општината приложила 356 потписи од граѓани...

Димитров: Никој досега не побарал Македонија да стане дестинација за бегалци

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров преку својот твитер-профил соопшти дека никој од претставниците на Европската Унија досега не побарал Македонија да стане земја дестинација за бегалци. - Имав стотини средби од 1 јуни наваму. Ниту еден, ниту еден соговорник нема побарано Македонија да стане земја - дестинација за бегалци - напиша Димитров на „Твитер“. https://twitter.com/NDimitrovMK/status/900841816274206722 Реакцијата на Димитров доаѓа по засилената...

Георгиевски: Нема да се градат станови за бегалци во Гази Баба

Граѓаните може да се уверат дека лажните вести за наводни кампови или станови за мигранти, што ги шири ВМРО-ДПМНЕ, немаат врска со реалноста, изјави денеска Борче Георгиевски, претседател на општинската организација на СДСМ Гази Баба. -Владата на Република Македонија, предводена од СДСМ не планира изградба на станбени единици за бегалци на територија на општината Гази Баба, затоа што Македонија е...

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија: Стратегијата за бегалците е вовед во етнички и верски судири

Зачудува фактот што владата на СДСМ заслепувачки се покорува кон директивите и насоките на меѓународните тела за интеграција на бегалците, истовремено заборавајќи ги социјално ранливите категории на кои им ветуваше живот во изобилие на парламенарните избори 2016 година, порача на прес-конференција Андон Сарамандов, претседател на Општинскиот комитет (ОК) на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија Тој ги нападна Нацрт-стратегијата за интеграција на бегалците...

По бурната и тензична расправија, Џафери закажа саботно продолжение на собраниската седница

Минута по 22 часот претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 6-тата седница, на која се расправа за разрешување на Jавниот обвинител Марко Зврлевски, и го закажа следното нејзино продолжение за утре во 12 часот. За разлика од тензичната атмосфера меѓу 19 и 20 часот, кога првин пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа околу говорницата и бараа пауза, по што уследи ...

Ѓорчев: Со стратегијата за бегалци Македонија ќе стане земја за траен престој на мигранти

Со новата стратегија на Владата и на Министерството за труд и социјална политика, Република Македонија не е веќе транзитна земја, туку станува земја за траен престој на голем број мигранти, бегалци и странци од голем број земји, рече на партиска прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека стратегијата не е привремена и дека во неа има одредби...

Кај Царовска стигнале само две забелешки за стратегијата за бегалците

Само две забелешки стигнале во Министерството за труд и социјална политика денеска, на последниот ден кога организациите или граѓаните може да даваат предлози или забелешки за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. До вчера немаше стигнато ниту една реакција, иако уште пред 18 дена, кога...

МТСП: Лажна вест е дека ќе се градат станови за бегалци, Македонија е транзитна земја

Министерството за труд и социјална политика во реакција до медиумите вели дека лажна вест е дека државата ќе гради станови за бегалците и дека тие ќе остануваат во Македонија. Од министерството велат дека нема да се градат кампови за бегалци, нема да им се даваат државјанства и дека Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците. „Kако земја членка на...

СДСМ: Стратегијата за бегалците е продолжение на таа што беше донесена во 2008 година

„Граѓаните можат да бидат спокојни. Македонија е декларирана како држава за транзит на бегалци, а со усвојувањето на стратегијата се почитуваат меѓународните стандарди и Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година што Македонија ја има ратификувано“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за стратегијата за мигрантите. Од партијата велат дека се работи за документ што...

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...